Кој кур бе... и Парк, па и Нани се спрема - да не ги споменувам и Бербатов и Андерсон и Хернандез... кој кур - нека дојде Ван Перси нека си иде и Руни пошто и онака не се трпат и за голман нека го земат Чех место Де Геа. Пујол и Пике би биле одличен двоец на местото на Видиќ и Фердинанд, по десно Алвеш а лево Бејл ќе го земеме. Десно крило ќе дојде Ди Мариа, лево Роналдо + Модриќ и Артета во средината а покрај Ван Перси нека дојде Вучиниќ... ма што е ова бе Total Club Makeover ? Некој очигледно си игра к*рот
Смири живци ајде, за Манчестер Јунајтед навиваш. Стариот уште од кога дојде на клупата на Манчестер повремено си прави вакви чистки. Ги продаде Канчелскис и Хјуз во топ форма за да ослободи место за Гигс, Бекам, Невиловците и остали, па после ги продаде овие за да ослободи место за другиве. Лани па ги продаде Ошеј и Браун за да ослободи место за Смолинг, Еванс и Џонс. И кај слушна за Хернандез и Нани жити се, сигурно ова ти е од Сан и таквите срања што се нарекуваат медиуми. По стоти пат ви викам не читајте такви идиотски медиуми зошто нема од кого не се тужени тие.
За Парк немам што да кажам, од 20 гола постигнати за Манчестер, 5 му се против Арсенал, 2 против Челзи, 2 против Ливерпул и 1 против Милан. Ако имаше човек за големи натпревари во нашиот тим, тоа беше токму Џи. Фала ти најмногу за се што направи царе, скромен и работлив играч спремен да претрча и 15 км за тимот, никогаш за ништо не се побуни, вистински професионалец.
Се каам што еднаш помислив дека си донесен само за дресови, shame on me
И мене ми е криво што си оди но и лани ни беше криво за О`Шеј но тоа е фудбалот, поготово сега кога младиве играчи се постари за една година и мораме да ги регистрираме за во ЛШ, а лани не беа регистрирани Де Геа, Џонс, близнаците, Велбек итн и сега нема место. Со среќа во КПР.
И Модриќ ќе оди во Реал, готово е, нека му е со среќа