Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Се плашам дали смеам да мрчам за ова :confused:
Прво, не знам каде видов слика... најверојатно на билд.мк каде јасно се гледа дека објектот е на иста висина со зградата до него, а не како сега што е испаднато. Друго, не се вклопува во новиот лик кој го добива плоштадот. Со Археолошкиот музеј се карши - карши. Фак лоџик... Ако веќе се правеше да наликува на објектот од пред земјотресот требаше да се погрижат да испадне така, а не да се добие футуристичко кичерајска градба. Тоа е, МОБ доби конкуренција.
Не знам што им требаше да напикаат толкава зграда овде. И сега,, помеѓу зградите е WC на отворено.:sick:
И ова е мислам најголемо промашување од целиот проект 2014, дел од спомениците лесно можат да се дислоцираат за да не биде пренатрупано, но ова не се поправа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Не знам што им требаше да напикаат толкава зграда овде. И сега,, помеѓу зградите е WC на отворено.:sick:
И ова е мислам најголемо промашување од целиот проект 2014, дел од спомениците лесно можат да се дислоцираат за да не биде пренатрупано, но ова не се поправа.
План е и фасадата на Типо/сити галери да се смени у класична..и хотелите со класична фасада..и сите со класична само овој со стаклена ај модерна да кажам фасада.. не ми е јасно како дозволија така да се одигра..кога по душа ги тераат фасадите у барокни..
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Туку знае некој што се случува со просторот карши Рамстор кај што требаше да се градат Хотел и Трговски,со години стои така,пропадна или ?
Тој простор одамна е продаден на Камчев, за банална цена нели нормално. Имаше рок до летото 2010 ако добро се сеќавам да мора да почне со градба. Како што гледаме уште не е почнато ништо, а според договорот требаше доколку не почне да му го одземат земјиштето. А бидејќи знаеме како одат работите кај нас, парламентарното мнозинство смени закон само за да не може да му го одземат земјиштето за неостварен договор (што ќе им се лупне од глава во иднина, ама немаат толку капацитет за далекусежно размислување). Сега треба само пенали да плаќа доколку касни со изградба, а колку и дали плаќа е веќе друга работа.
За поопширно ако сакаш, има цела тема на build.mk почната уште од 2007 година.
 
P

PewDiePie

Гостин
Замисли, ништо не е почнато, али за година ипол и ќе профункционира, абе смешки :)
Страшно......па нека изградат нешто таму,не мора баш таков ко што планирале,ама ете Хотел и Трговски супер би дошле на тоа место. Да не стојат дупки и лимови со години. :tapp:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Мало морген ќе гради, чека понудувач да му го продаде земјиштето по пазарна цена. Која е инаку логиката 5-6 години после откупот и поставување на заштита да не се отпоче изградба?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да видиме колку странците се воодушевени од нашиве чудесии :)

http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=1515673

заебете што делува ко да живее ретардирана стока (не е далеку од вистината :) ) во оваа држава, битно туризмот во Скопје порасна за 20 % (y)
 
H

HITCH

Гостин
Ни занимации ни бутур имало,тук таму по некој циган со тезга и оние што продаваа крофнички.
Ни занимации а уште помалку луѓе имаше на плоштад. Класична бедотија.
Оди види сега. Сега е 100 пати поубав плоштадот.
Бога ми, прав си! Како заличи плоштадот... Направија се` што им текна. Прво ја заменија коцката (читај испраа/украдоа пари), па сега направија споменици (читај испраа/украдоа пари), кој ги знае, може еден ден ќе им текне сето тоа да го рушат и рингишпил да постават на среде фонтана. Ако може и една бесилка за сиромашната раја да стават, оти близу е Вардар, а погреб во денешно време е луксуз.

Дете, Скопје го искасапија.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Бога ми, прав си! Како заличи плоштадот... Направија се` што им текна. Прво ја заменија коцката (читај испраа/украдоа пари), па сега направија споменици (читај испраа/украдоа пари), кој ги знае, може еден ден ќе им текне сето тоа да го рушат и рингишпил да постават на среде фонтана. Ако може и една бесилка за сиромашната раја да стават, оти близу е Вардар, а погреб во денешно време е луксуз.

Дете, Скопје го искасапија.
Не биди лоша. Кај и да е на Дизниленд ќе заличи :love:
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Да видиме колку странците се воодушевени од нашиве чудесии :)

http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=1515673

заебете што делува ко да живее ретардирана стока (не е далеку од вистината :) ) во оваа држава, битно туризмот во Скопје порасна за 20 % (y)
Daj podobar link, ova ne go otvara.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Академик Милан Ѓурчинов, истакнат прозаист и поет, се надоврзува: „Поголем дел од уметниците е замолчан, или служи, се вклучува во партиските интенции и тенденции. Дел од уметниците сметаат дека ќе може да напредуваат, само ако бидат блиски со политиката, со некоја партија. Тоа е фатално за уметноста и претставува враќање кон еден нов ’социјалистички реализам’, што го диктира некоја партија. Природно уметникот е оној кој се буни и протестира, барајќи подостоен живот за сите. Не само за него. Секоја иделогија, па и партија, настојува да присобере околу себе колку е можно поголем број уметници, кои ќе ги поддржуваат нејзините идеи. Но, тоа не значи дека сите уметници се поддале под таквите предизвици. Власта често истапува во јавноста дека дава големи пари за културни манифестации, или активности. Но, парите се даваат неселективно. Треба да се знае до кого тие ќе стасаат: дали само до овие што му ракоплескаат на ова што се случува, или и до некои што имаат свои критички ставови, кои мислат дека тоа не се најдобри потези? Во ваква клима се шири автоцензурата, за да се обезбеди егзистенција.“

Ѓурчинов вели: „’Скопје 2014’ е чисто партиска конструкција. Само на минорните уметници може да им текне такво нешто, вистинските уметници тешко може да стојат зад таков проект, затоа што во секој нација, па и нашата, постои идентитет, но и постои и континуитет. Мораме да се надградуваме врз наши традиции, а не врз некакви нови, кои се се’ уште недокажани и непотврдени и со тоа да истапуваме во светот. Тоа не прави честопати смешни“.
Линк кон целата статија. Јас со ова што го цитирав во целост се согласувам.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Треба да се регистрираш на форумот за да можеш да ја читаш темата.
--- надополнето: 7 јули 2012 во 20:10 ---

Не е истата тема.
Знам дека не е истата му дадов само линк на човекот од фоурмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom