Android 4.1 Jelly Bean

  • Креатор на темата Креатор на темата kobrata
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа новата верзија на Андроид?

  • Вкупно гласачи
    74
Не бе другар, немам намера да ти идам контра. Квалитетен хардвер е. Тегра 3, IPS екран, АСУС изработка со Google. Кога кажав квалитетен хардвер мислам на изработка и делови (наспроти некои кинески и слични таблети што се продаваат по цена од 10.000 кај нас). Првичната употреба ја гледам тука, а како ќе продолжам да го користам ќе видам кога ќе го имам. Добриот хардвер го прави и малку future-proof нели?
Поздрав (y)

Знам бе друже, така се оправдуваат тие што купуваат quad-core Android кога сеуште нема апликации кои го искористуваат тоа. Демек, за иднината. :)

Нема поента да збориме за хардвер, кога од една страна го оправдуваш екранот зашто толку ти треба, али од друга страна се грижиш за хардверот иако само ти е за сурфање и стримување.
Од трета страна, не ти требало HDMi зашто си имал друга опрема за тоа.

Така да, Tegra3, Quad и се друго мене ми паѓа во вода ако збориме само за читање и сурфање.
Сега или ќе го гледаме објективно уредов или ќе го гледаме субјективно од твоја точка, не можеш да мешаш аспекти како ти одговара на тебе.
 
Него, не е поентата дали ти одговара тебе лично 10 или 7 инчи, целата смисла на Андроидот е избор - си зимаш каков ти одговара највеќе тебе. Затоа воопшто не ми е јасно како можеше Google да го ограничи таблетов на 7 инчна верзија само.

Веројатно е финта за другите хардверски партнери, ќе им речат демек "еве, не се натпреваруваме со вас, немаме 10 инчна верзија, you're safe!".
Па имаш избор де, гугл не е единствениот што вади таблет.
 
Сега или ќе го гледаме објективно уредов или ќе го гледаме субјективно од твоја точка, не можеш да мешаш аспекти како ти одговара на тебе.
Прво што кажав дека ми одговара кај таблетов е цената. Батали сите други глупости. ОК, нема апликации за 4 јадра, може ќе има наскоро, може не. Муабетот е што добиваш за 200 долари. Јас многу веројатно да го земам преку другар за 200 долари ~ 9.000 денари. Еве јас сум контрадикторен, па ти предложи ми нешто асално и квалитетно до кај 10.000. Ова барем знам дека ќе има поддршка понатаму.
 
Не викам дека не е топ за цена/перформанси, реков дека најмногу ми смета што сето тоа е фрлено на 7 инчи. За конкретна работа за искористување на хардверот, 7 инчи мислам дека е премало, а истото важи и за игрите нели. :)

Ама добро, си има луѓе на кои ќе им одговара, па ќе видиме што ќе прави конкуренцијата сега!
 
Еве лоши, неофицијални вести, Samsung Galaxy SII нема да го добие апдејтот Jelly bean 4.1 заради хардверски огрничувања, нешто слично како во случајот со Samsung Galaxy S и ICS. Стандардна (срање) политика на апдејт од Samsung. :mad: Но, фала богу што постои XDA developers форумот и сигурно ке добиеме custom rom и ке го вкусиме и Jelly bean. :)
http://www.youmobile.org/blogs/entr...y-Bean-4-1-Update-due-to-Hardware-limitations
 
Значи, крајно педерска работа.
Galaxy (Google) Nexus ке добие Android 4.1, а SGS2 нема поради некои крајно, ама крајно дебилни изговори како што е двојадрениот процесор.

Факт1: Galaxy Nexus го има истиот двојадрен процесор како SGS2, Cortex-A9.
Факт2: Galaxy S2 е доволно добар за Android 4.0, а велат дека не е добар за 4.1, a 4.1 e само апдејт на 4.0 и плус патем тврдат дека 4.1 е пооптимизиран, значи би требало да работи побрзо.
Подобро да кажат дека нема да прават апдејт поради профит, а не да ни продаваат муда за бубрези.

Али не е битно, додека го имаме XDA нема зима за нас :)
 
Е баш ме занима кој од вас андроидаши ќе може да направи апдејт на 4.1

Освен ако имаш Galaxy S 3 или некој HTC земен пред месец дена. На друг смартфон/таблет......мало касније.

Е тој е тој ОСНОВЕН недостаток кај Андроид.Надградба на системот само ако земеш нов уред,пошто стариот е ептен стар,поминале можда 6 месеци од ко си го купил. Бруки!
 
Ма ич да не се секираш ти за нас, кога ке излезе 4.1 ке излезат и минимум 3-4 custom ROM-ови. :coffee:
 
3ца гласале бе, а кој е тој, Joey демек? :)

Него, не е поентата дали ти одговара тебе лично 10 или 7 инчи, целата смисла на Андроидот е избор - си зимаш каков ти одговара највеќе тебе. Затоа воопшто не ми е јасно како можеше Google да го ограничи таблетов на 7 инчна верзија само.

Веројатно е финта за другите хардверски партнери, ќе им речат демек "еве, не се натпреваруваме со вас, немаме 10 инчна верзија, you're safe!".
Гугл не е во хардверот, само сака да им каже на производителите практично дека е можно
- еден уред да е доволно јак во хардверски аспект
- да е прилично ефтин

После на нив им останува дали 10 или 7 инчи ќе произведуваат. Мене пример лично, ми одговара седмица. Сум имал прилика и 10 инчен таблет да држам, и 7 инчен, и 7 инчниот ми бил по практичен за носење. Седмица можеш да убуташ и у џеб (у внатрешен џеб од јакна на пример спие) а за десетка мораш да носиш дополнителна опрема односно торбица, а тоа веќе ми е заебанција. Јас значи и да имав избор помеѓу 10 и 7 ќе земев 7. Ти поинаку размислуваш, океј.
--- надополнето: 1 јули 2012 во 18:49 ---
Е баш ме занима кој од вас андроидаши ќе може да направи апдејт на 4.1

Освен ако имаш Galaxy S 3 или некој HTC земен пред месец дена. На друг смартфон/таблет......мало касније.

Е тој е тој ОСНОВЕН недостаток кај Андроид.Надградба на системот само ако земеш нов уред,пошто стариот е ептен стар,поминале можда 6 месеци од ко си го купил. Бруки!
Тоа не е слабост на Андроид-от туку на сите што го прават хардверот/софтверот. И епл го има истиот проблем. Сега претеруваш со "6 месеци" (до 12 месеци поддржуваат, а некогаш и 18 - HTC Sensation излезе во продажба во Мај 2011 а пред некој месец беше надграден официјално на 4.0, ништо чудно и на 4.1 официјално да биде надграден) ама суштината е таа. Зборам по легален пат, официјален.. неофицијално и за мобилни што излегле пред 5 години девелопери прават ROM-ови со последна верзија.
 
моментало поддржуваат 22 модели (прашање е кој колку поддржува пошто не се сите со исти перформанси),од кои за наш пазар ги нема повеќе од пола. Така да изборот пак сведува на еден до два HTC,Галакси С 3 и Note и некое гомно од СониЕриксон
 
HTC EVO 3D најверојатно ќе добие надградба на 4.1. И повеќе од што треба има поддршка за JB. А и од HTC добив одговор дека најверојатно ќе има
 
Сега гледам ја украле галеријата, начинот на гледање на сликите од windows phone. Типично за гоогле
 
Сега гледам ја украле галеријата, начинот на гледање на сликите од windows phone. Типично за гоогле
Браво за тебе, сега јави се во Microsoft и гордо соопшти им дека Google користат нивни патент, ако воопшто го имаат. Сигурно те очекува награда за посветеноста и лојалноста. :)
 
Не баш ми е мило што украле, да ја почустувате и вие убавината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom