Објективно квантитетот е повеќе на машката страна, додека квалитетот е многу дискутабилен.
Зависи на што посветуваш повеќе внимание. На конкретната тема јас не ни се сеќавам дека постои. Јас можеби сум прескокнала некој квалитет, но и ти при очи си се направил слеп. Има многу паметни момци, но исто има и многу паметни девојки. Онаа противтежа за која претходно збореше еден на десет не само што не е објективна туку и неможам и математички да ја изведам во глава. Кои се тие десет по квалитет?(празно облаче) Можеби по квантитет на еден пост од жена пишуваат десет мажи, но она што го пишуваат ни сами не си го разбираат.
Гледам љубиш да влечеш „памет“ од подфорум филозофија, јас ако добро сум го пратела, имаше две девојки кои не само што замолчуваа дури и едноставно ги прескокнуваа и одбегнуваа во дискусии. Од таму ми иде само ликот на модератор кој пргаво се противеше со свои тези. Но кога и да помислам ми се вртат бивши членови и за чудо едно сите се од женски пол. Дали оти нивните ставови ми биле поблиски па сум убедена дека они биле во право исто како и ти што гледаш низ тие очи.
Подфорум историја ти е дефинитивно под контрола на машкиот свет и бугарите. Тоа се теми каде можеш да верглаш до сто и една и назад, а на крај повторно да не се знае кој е во право.
Подфорум право, таму ми излегува женски лик и еден машки лик како најстручни, а е област каде си има закони и нема погрешно толкување.
Подфорум економија... според мене најдобрите дебати со факти и бројки се воделе таму. Празни муабети и филозофирања не ми лежат многу. Премногу квантитет и премалку машки квалитет.
Литература три лика, две женски и едно машко.
Спорт помеѓу сите мажи едно девојче, кое можеби разбира повеќе од 90% од мажите таму.
Филм, неколку машки лика и една девојка.
Религија, не се знае кој јаде и кој пие, неможам да коментирам.
И незнам што ми остана, а го пратам или сум го пратела.
Сума сумарум на муабетов Суси, секој тегне до оние ставови кои му се поблиски. Квалитет има од двете страни и според мене е изедначен и никогаш од кога е форумов немало доминација. А ти како гледаш на тоа и колку е тоа објективно во тоа не навлегувам.
Патем од кога ќе ги седнеме во МЕНСА ќе ги поминеме низ сите животни прашања, теми и искуства. За да оценката биде потполна и комплетна. Се мислам дека вкупниот резултат ќе биде на женска страна, вака најобјективно кажано