B
Black Guard
Гостин
Нема грешка со Јога и самоконтрола се ќе решиш-колку само е без логика па анксиозото чувство е резултат на биохемиски реакции во мозокот и тука Јога не помага туку дрога(мислам лекови).
Не е точно, постојат техники за опуштање кои помагаат.Нема грешка со Јога и самоконтрола се ќе решиш-колку само е без логика па анксиозото чувство е резултат на биохемиски реакции во мозокот и тука Јога не помага туку дрога(мислам лекови).
никакви лекови нека не пие.Сопругата пиеше неколку години Деметрин ,но сега е бремена денес бевме на психијатар и и дадоа апчиња на природна база Белмиран ДАН.Но во упатството пишува не се препорачува на трудници,значи незнам кој им дава дипломи на овие наши неписмени доктори.Имал ли некој слично искуство со анксиозност додека била бремена,и какви лекови пиела?
Јас би препорачал чаеви: мешавина од камилица, нане, маточина, мајчина душичка... или поединечно - било кој од нив... ама редовно и долготрајно.... нема зијан, а смирувачките ефекти се докажани, благи и без дополнителни мерки на претпазливост и несакани ефекти.Сопругата пиеше неколку години Деметрин ,но сега е бремена денес бевме на психијатар и и дадоа апчиња на природна база Белмиран ДАН.Но во упатството пишува не се препорачува на трудници,значи незнам кој им дава дипломи на овие наши неписмени доктори.Имал ли некој слично искуство со анксиозност додека била бремена,и какви лекови пиела?
Чул ли некој за лекот Персен и колку е безбеден да се зема на своја рака ?
Најдобар лек за анксиозните растројства е когнитивно-бихевиоралната терапија. На запад оддамна веќе доста успешно се применува како прва линија на третман за ваквиот вид на нарушувања . Медикаментите (ако воопшто се користат) се користат само во случај на силна вознемиреност во првите мигови од терапијата, а потоа се елиминираат и се продолжува со КБТ. Доколку пациентот сака веднаш да се ослободи од симптомите се користат високо потентни анксиолитици, кои доколку ги користите на долги стази предизвикуваат зависност и несакани нус ефекти, нивното елиминирање доведува до моментално враќање, а можеби и влошување на симптомите, исто така денеска за ова нарушување најчесто се користат SSRI антидепресиви кои делуваат, но малку поспоро, но и кај нив недостатокот е тоа што во 50-60% од случаите предизвикуваат сексуални дисфункции и после нивното прекинување во многу голем дел (околу 85%) од пациентите доаѓа до рецидив. Во досегашните студии се покажало дека КБТ има успешност кај 80-90 % од пациентите и уште поважно нивото на рецидив после 3-5 години е сведено на 10 - 15%, а кај останатите пациенти се забележува стабилизација на состојбата на уште подолг временски период. Значи сума сумарум, доколку саката многу брзо да ги редуцирате симптомите користите анксиолитици (ви помагаат многу брзо, но ефектот трае многу кратко и предизвикуваат зависност), поприфатливи медикаменти се SSRI антидепресивите, но и овде имате висока стапка на рецидив после нивно елиминирање и секако нус ефектите и на крај ја имате Когнитивно - бихевиоралната терапија која се одвива во период од 12 до 20 многу структурирани сеанси и од која добивате елиминирање на симптомите без пропратните нус ефекти и многу поважно овој асимптоматски период трае значително подолго (со години) за разлика од оној постигнат преку медикаменти. Единствениот проблем е многу малата достапност на ваквите КБТ терапевти во Македонија (можат на прсти да се избројат), пред се зборувам за оние кои навистина ги познаваат принципите на оваа метода, а не оние себе-прогласени гуруа т.н. психотерапевти кои единствено за цел имаат лапање на пари од луѓето кои страдаат.чао другари,кажете го најефикасниот лек од ова чудо,више ми здосади
кај мене симптомите се вртоглавица,и си ги осеќам сите вени низ телето како нешто да ми мрда внатре..интересно,покрај се
Во моментите кога добиваш напад имај на ум дека не е ништо сериозно, од нападите нема да имаж никакви физички и психички последици, значи нема шанси да се онесвестиш, да се угушиш и слично... измиј го лицето со ладна вода, напиј се нешто или јади, пушти си ја омилената музика и само имај на ум дека ке помине за 15 мин.чао другари,кажете го најефикасниот лек од ова чудо,више ми здосади
кај мене симптомите се вртоглавица,и си ги осеќам сите вени низ телето како нешто да ми мрда внатре..интересно,покрај се
...Цел мој живот сите околу мене многу често знаеа да кажат дека сум луда... татко ми ми велеше дека сум неспособна, дека не вредам, остатокот од поблиското семејство мислеа дека сум проблематична, друштвото мислеше дека сум чудна, професорите мислеа дека сум незаинтересирана... ама јас бев добро. Знам дека бев добро иако постојано живеев внатре во мојот внатрешен свет и никогаш не ги разбирав, а и ден денеска не ги разбирам нештата кои ме опкружуваат во реалниот свет. Ме носеа на психијатри затоа што често се однесував спротивно на сето она што се смета за нормално... психијатрите тврдеа дека сум добра, ама никој не им веруваше... значи драга моја бев тотална спротивност од тебе...Моето име е Љубов... и ова е мојата приказна...
Постоеше таа девојка, по име Љубов. Насекаде околу себе сееше љубов, љубезност, добрина..Но нештата беа премногу совршени за да останат така како што беа, нели?
Да, јас сум таа девојка. Мојата приказна е едноставна, нема големи авантури или големи достигнувања, но сепак е моја и сакам да биде кажана. Бев обична девојка од провионција, но милував за себе да кажам дека во душата сум космополит и отворен ум. И бев, ох, навистина бев. Девојка со големи амбиции, девојка со душа голема и благородна, спремна храбро да чекори во светот и да прави големи нешта. На училиште со одличен успех, прекрасни родители и семејство, убава куќичка, хармонија во домот и хармонија во душата. Да, бев таа девојка во која сите професори и наставници гледаа “ нешто” што ја издвојува и што предвидува голем успех. Имав секогаш само убави зборови и убави мисли за останатите, секогаш на сите само доброто им го посакував, од срце и искрено. Нормално и на себе тоа си го посакував. Имав и близок однос со родителите со кои бев исклучително многу приврзана и блиска, постојано ги гушкав и им кажував дека ми се се на светот. И се уште се, и ќе бидат. Станав и академски граѓанин, со факултетска диплома која многу ми значеше и за која многу жрвував..Многу часови поминував над книгата и не жалам ни за еден миг потрошен во учењето и осознавањето..ме исполнуваше и му даваше смисла на моето постоење во тоа време..И не само тоа, имав и многу други интереси. Обожавав да прочитам книга и да влезам во тој магичен свет кој сама како читател си го создавав.Сонував за тие минати времиња од книгите. Уживав во историјата, ме фасцинираше..Секој момент со татко ми го користев да го прашам за некои историски настани и личности...секогаш знаеше да ми одговори ..мојот херој, најголемиот и најважниот маж на мојот живот. Заедно ја делевме пасијата кон историјата. А имав и многу пријатели кои ме обожаваа, секогаш бев таа разгалената принцеза омилена кај сите..Драги мои, зар не го имав светот во дланките? Зар не имав СЕ? Имав пред се СОНИШТА, големи и мали, остварливи и неостварливи...соништа соништа...кога ќе ги снема не снемува и нас.
Се прашувате што тргна наопаку? Што и да кажам ќе излажам. Од каде дојде не знам, зошто, исто не знам...сум се прашувала безброј пати и немам одговор. Тоа е анксизоност и депресија драги мои, најголем кошмар што постои..уништува безмислосно се што си градел вредно низ животот. Тие кои не знаат, депресијата не е досада, не е замислена болест, не е каприц! Депресијата н е е тага поради момчето што ти раскинало. Депресијата не е играчка..тоа е сурова реалност. И не доаѓа по нарачка, доаѓа непоканета, кога најмалку ја очекуваш. Доаѓа и руши пред себе се што е убаво. Заедно со тие проклети црни мисли кои како облак те опколуваат и те зграпчуваат со канџи од кои не можеш да се ослободиш. Се појавуваат и гласови во главата кои те вреѓаат тебе, твоите блиски, и општо секој кој ќе ти се најде на патот. Те тераат да мислиш лоши работи, а твоето срце никако не ги посакува тие работи..Не можеш да се сконцентрираш, полн си со панични стравови, не можеш да уживаш во ништо што претходно ти претставувало некакво задоволство. Престанав да читам, да гледам филмови, да учам, да напредувам. Се исчезна во црна дупка која ја проголта сета надеж и секое убаво чувство. Само остана во мене опсесијата со црните мисли и СТРАВОТ. Се друго исчезна. Остана меланхолијата за старите добри денови. За стариот ти. Од кој остана само сенка. За стариот живот. Зошто тоа сега не е живот, тоа е живеење во најлошиот кошмар. А тој кошмар е најлош наутро. Вечерта си легнуваш малку посмирен и со зрнце надеж дека утре ќе е подобро. Во сонот се опушташ и забораваш на кошмарот. Среќен си во сонот. Наутро се будиш и се соочуваш со реалноста. Тоа боли и плаши. Се плашиш дека никогаш нема да си отиде,дека полудуваш и дека и смртта е многу подобра од оваа состојба. Срцето бие сто на саат и те облева пот. Се молиш да исчезнеш, да не постоиш веќе, самото постоење е само голема болка. За тебе и за тие околу тебе, тие што најмногу те сакаат. Свесен си што се случува, а си беспомошен, не можеш да се спасиш, а не можат ни блиските да те спасат. Може само да сочувствуваат со тебе и да пропаѓаат заедно со тебе. Ја чувствуваш нивната беспомошност и се преколнуваш сто пати што си ги довел и нив и себе во оваа ситуација. Но не си ти крив пријателче мое..ангелче..не е никој крив. Тоа е анксиозноста, болеста на денешницата. Долго време не бев свесна што ми се случува, дури и мислев дека сум болна од шизофренија. Живеев со години со таа мисла. Седнав еднаш на интернет на форум и дознав што ми е. Дознав дека и други страдаат од тоа. Сочувствував со сите невини душички измачени од оваа проклета змија. Отидов и на лекар, ми препиша антидепресиви. И благодарна им сум. Делумно ме спасија од овој пекол. Нормално и тоа имаше цена. Ми се зголеми телесната тежина. Ми опадна женскиот сексапил. Бев многу посакувана кај машките драго пријателче..Апчињата помагаат, но си имаат и цена. Не цена во пари. Поинаква цена. Те отупуваат, стануваш бесчувствителен, стануваш некој друг. Тоа е како да ти се плаче а не можеш да плачеш. Стануваш како растение. Преживуваш од ден на ден, без многу емоции.Не ја доживуваш исто музиката, пишаниот збр кој понекогаш ти измамувал по некоја солза, филмот кои измамувал насмевка. Ти си ок, но не си истиот. Нема и никогаш да бидеш.Но барем ти даваат надеж дека ќе биде се подобро. Мораш да се надеваш. За себе и за тие што те сакаат, Секој ден е борба пријателче мое. Тешка борба со самиот себе. Најтешка.
До сите мои пријатели таму негде, кои патат од оваа состојба. Ве сакам и ви посакувам искрено и од срце да ја победите.