Анксиозност

B

Black Guard

Гостин
Нема грешка со Јога и самоконтрола се ќе решиш-колку само е без логика па анксиозото чувство е резултат на биохемиски реакции во мозокот и тука Јога не помага туку дрога(мислам лекови).
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Нема грешка со Јога и самоконтрола се ќе решиш-колку само е без логика па анксиозото чувство е резултат на биохемиски реакции во мозокот и тука Јога не помага туку дрога(мислам лекови).
Не е точно, постојат техники за опуштање кои помагаат.
Зошто би се применувала психотерапијата ако за сѐ помагаат исклучиво лекови?
За анксиозноста секој треба да пронајде свој начин за справување и техника за опуштање која највеќе помага.
Некој применува јога, некој кик-бокс, некој сликање, некој плетење... Сѐ зависи од човекот и начинот на кој му е најлесно да се опушти.
 
Член од
11 август 2010
Мислења
96
Поени од реакции
33
Епа здраво по милионити пат драги мои анксиозни колеги. После 4 годишни мачења и пресврти јас успеав да се изедначам со анксиозноста. Повеќе не ја колнам, не ја пцујам туку ептен ја засакав. Сватив дека таа била принудена да ми навлезе во мојот ум и мисли за да ми помогне. Кај секого различно делува бидејќи ние ја кроиме неа, ние сме умот а таа е во нас.
Не можам да се "пофалам" со тоа дека ја надминав, никако! Ке ми беше ептен криво и ако ме напуштеше, јас и таа се избалансиравме, урамнотеживме и напредуваме. Самоспознавањето е нешто најтешко, најсложено, кај мажите да не зборувам. Анксиозни пријатели, посебно се обраќам кај женскиот пол: Доколку сте малку просветлени дозволете и интуитивноста да ве води а анксиозноста да ве подучува по пат.
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
38
Поени од реакции
11
Сопругата пиеше неколку години Деметрин ,но сега е бремена денес бевме на психијатар и и дадоа апчиња на природна база Белмиран ДАН.Но во упатството пишува не се препорачува на трудници,значи незнам кој им дава дипломи на овие наши неписмени доктори.Имал ли некој слично искуство со анксиозност додека била бремена,и какви лекови пиела?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062

никакви лекови нека не пие.

полошо станува само.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Сопругата пиеше неколку години Деметрин ,но сега е бремена денес бевме на психијатар и и дадоа апчиња на природна база Белмиран ДАН.Но во упатството пишува не се препорачува на трудници,значи незнам кој им дава дипломи на овие наши неписмени доктори.Имал ли некој слично искуство со анксиозност додека била бремена,и какви лекови пиела?
Јас би препорачал чаеви: мешавина од камилица, нане, маточина, мајчина душичка... или поединечно - било кој од нив... ама редовно и долготрајно.... нема зијан, а смирувачките ефекти се докажани, благи и без дополнителни мерки на претпазливост и несакани ефекти.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Чул ли некој за лекот Персен и колку е безбеден да се зема на своја рака ?
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Чул ли некој за лекот Персен и колку е безбеден да се зема на своја рака ?

Персен форте е традиционален хербален лек од растително потекло со благо смирувачко дејство.
Коренот на валеријана има смирувачко дејство и ги ублажува симптомите на нервна напнатост. При несоница помага за заспивање.
Листот на мелиса дополнително придонесува за смирувачкото дејство на препаратот.
Листот на нане традиционално се користи заедно со коренот на валеријана во хербалните препарати за смирување.
Персен форте капсулите се соодветни за употреба како прв чекор во лекувањето на благи потешкотии кога употребата на посилни средства за смирување не е рационална.
Персен форте се препорачува за смирување кај умерена, минлива нервна напнатост ( како секојдневен седатив при психичка преоптеретеност, вознемиреност, раздразливост ) и/или кога привремено е отежнато заспивањето.

Персен форте е наменет само за возрасни и деца над 12 години.

Употреба на Персен форте со храна и со напиток
Употребата на Персен форте не е зависна од земањето храна.

Бременост и доење
Безбедната употреба на Персен форте во тек на бременост и доење не е утврдена. Како мерка на претпазливост, не се препорачува да се употребува Персен форте за време на бременост и доење.

Влијание врз способноста за возење или ракување со машини
Земањето на Персен форте може да ја наруши способноста за возење и ракување со машини. Затоа, не се препорачува возење или ракување со машини.

Важни информации за некои составни компоненти на Персен форте
Персен форте капсулите содржат лактоза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека не поднесувате некои шеќери, пред да го употребите овој хербален лек контактирајте го лекарот.

Како да се употребува хербалниот лек Персен форте
Возрасни и адолесценти над 12 години :
- во случај на психичка преоптеретеност, вознемиреност или раздразливост земете 2 Персен форте капсули, два пати на ден.
- при несоница земете 2 Персен форте капсули еден час пред спиење.
Капсулите се голтаат со вода, независно од оброците.
Дејството на Персен форте се манифестира постепено. За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е капсулите непрекинато да се земаат најмалку 2 недели.
Времетраењето на лекувањето не е ограничено. После долготрајна употреба на Персен форте во препорачаните дози, не се јавува зависност од препаратот ниту апстиненцијални симптоми.
Доколку состојбата не се подобри или се влоши и после 14 дена од употребата на Персен форте, потребно е да се консултирате со Вашиот лекар.

http://www.demetra.com.mk/persen-forte/

Според напишаното доволна е консултација со матичен лекар. Инаку лекот се продава без рецепт.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Персен е препарат на билна основа и претставува комбинација на екстракти од претходно споменатите растенија (маточина и нане) плус валеријана (маче трева)... Зборувам напамет, т.е. не сум прегледал никакви клинички истражувања, ама од прво не био се сетил на посериозни негативни страни.

Имајќи предвид дека е OTC (over the counter - лек кој се издава без рецепт), а кај нас веројатно е регистиран како додаток во исхрана, земањето на своја рака во препорачаните дози (според упатството) не се очекува да предизвика посериозни несакани ефекти (можеби има предупредување да не се управува со моторно возило после земање, но треба да се види упатството).

Edit: Ме превариле за малку :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Фала ви многу на информацијата :)
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
2
Поени од реакции
13
Моето име е Љубов... и ова е мојата приказна...
Постоеше таа девојка, по име Љубов. Насекаде околу себе сееше љубов, љубезност, добрина..Но нештата беа премногу совршени за да останат така како што беа, нели?
Да, јас сум таа девојка. Мојата приказна е едноставна, нема големи авантури или големи достигнувања, но сепак е моја и сакам да биде кажана. Бев обична девојка од провионција, но милував за себе да кажам дека во душата сум космополит и отворен ум. И бев, ох, навистина бев. Девојка со големи амбиции, девојка со душа голема и благородна, спремна храбро да чекори во светот и да прави големи нешта. На училиште со одличен успех, прекрасни родители и семејство, убава куќичка, хармонија во домот и хармонија во душата. Да, бев таа девојка во која сите професори и наставници гледаа “ нешто” што ја издвојува и што предвидува голем успех. Имав секогаш само убави зборови и убави мисли за останатите, секогаш на сите само доброто им го посакував, од срце и искрено. Нормално и на себе тоа си го посакував. Имав и близок однос со родителите со кои бев исклучително многу приврзана и блиска, постојано ги гушкав и им кажував дека ми се се на светот. И се уште се, и ќе бидат. Станав и академски граѓанин, со факултетска диплома која многу ми значеше и за која многу жрвував..Многу часови поминував над книгата и не жалам ни за еден миг потрошен во учењето и осознавањето..ме исполнуваше и му даваше смисла на моето постоење во тоа време..И не само тоа, имав и многу други интереси. Обожавав да прочитам книга и да влезам во тој магичен свет кој сама како читател си го создавав.Сонував за тие минати времиња од книгите. Уживав во историјата, ме фасцинираше..Секој момент со татко ми го користев да го прашам за некои историски настани и личности...секогаш знаеше да ми одговори ..мојот херој, најголемиот и најважниот маж на мојот живот. Заедно ја делевме пасијата кон историјата. А имав и многу пријатели кои ме обожаваа, секогаш бев таа разгалената принцеза омилена кај сите..Драги мои, зар не го имав светот во дланките? Зар не имав СЕ? Имав пред се СОНИШТА, големи и мали, остварливи и неостварливи...соништа соништа...кога ќе ги снема не снемува и нас.
Се прашувате што тргна наопаку? Што и да кажам ќе излажам. Од каде дојде не знам, зошто, исто не знам...сум се прашувала безброј пати и немам одговор. Тоа е анксизоност и депресија драги мои, најголем кошмар што постои..уништува безмислосно се што си градел вредно низ животот. Тие кои не знаат, депресијата не е досада, не е замислена болест, не е каприц! Депресијата н е е тага поради момчето што ти раскинало. Депресијата не е играчка..тоа е сурова реалност. И не доаѓа по нарачка, доаѓа непоканета, кога најмалку ја очекуваш. Доаѓа и руши пред себе се што е убаво. Заедно со тие проклети црни мисли кои како облак те опколуваат и те зграпчуваат со канџи од кои не можеш да се ослободиш. Се појавуваат и гласови во главата кои те вреѓаат тебе, твоите блиски, и општо секој кој ќе ти се најде на патот. Те тераат да мислиш лоши работи, а твоето срце никако не ги посакува тие работи..Не можеш да се сконцентрираш, полн си со панични стравови, не можеш да уживаш во ништо што претходно ти претставувало некакво задоволство. Престанав да читам, да гледам филмови, да учам, да напредувам. Се исчезна во црна дупка која ја проголта сета надеж и секое убаво чувство. Само остана во мене опсесијата со црните мисли и СТРАВОТ. Се друго исчезна. Остана меланхолијата за старите добри денови. За стариот ти. Од кој остана само сенка. За стариот живот. Зошто тоа сега не е живот, тоа е живеење во најлошиот кошмар. А тој кошмар е најлош наутро. Вечерта си легнуваш малку посмирен и со зрнце надеж дека утре ќе е подобро. Во сонот се опушташ и забораваш на кошмарот. Среќен си во сонот. Наутро се будиш и се соочуваш со реалноста. Тоа боли и плаши. Се плашиш дека никогаш нема да си отиде,дека полудуваш и дека и смртта е многу подобра од оваа состојба. Срцето бие сто на саат и те облева пот. Се молиш да исчезнеш, да не постоиш веќе, самото постоење е само голема болка. За тебе и за тие околу тебе, тие што најмногу те сакаат. Свесен си што се случува, а си беспомошен, не можеш да се спасиш, а не можат ни блиските да те спасат. Може само да сочувствуваат со тебе и да пропаѓаат заедно со тебе. Ја чувствуваш нивната беспомошност и се преколнуваш сто пати што си ги довел и нив и себе во оваа ситуација. Но не си ти крив пријателче мое..ангелче..не е никој крив. Тоа е анксиозноста, болеста на денешницата. Долго време не бев свесна што ми се случува, дури и мислев дека сум болна од шизофренија. Живеев со години со таа мисла. Седнав еднаш на интернет на форум и дознав што ми е. Дознав дека и други страдаат од тоа. Сочувствував со сите невини душички измачени од оваа проклета змија. Отидов и на лекар, ми препиша антидепресиви. И благодарна им сум. Делумно ме спасија од овој пекол. Нормално и тоа имаше цена. Ми се зголеми телесната тежина. Ми опадна женскиот сексапил. Бев многу посакувана кај машките драго пријателче..Апчињата помагаат, но си имаат и цена. Не цена во пари. Поинаква цена. Те отупуваат, стануваш бесчувствителен, стануваш некој друг. Тоа е како да ти се плаче а не можеш да плачеш. Стануваш како растение. Преживуваш од ден на ден, без многу емоции.Не ја доживуваш исто музиката, пишаниот збр кој понекогаш ти измамувал по некоја солза, филмот кои измамувал насмевка. Ти си ок, но не си истиот. Нема и никогаш да бидеш.Но барем ти даваат надеж дека ќе биде се подобро. Мораш да се надеваш. За себе и за тие што те сакаат, Секој ден е борба пријателче мое. Тешка борба со самиот себе. Најтешка.
До сите мои пријатели таму негде, кои патат од оваа состојба. Ве сакам и ви посакувам искрено и од срце да ја победите.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
385
Поени од реакции
16
чао другари,кажете го најефикасниот лек од ова чудо,више ми здосади :D

кај мене симптомите се вртоглавица,и си ги осеќам сите вени низ телето како нешто да ми мрда внатре..интересно,покрај се :D
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
77

Најдобар лек за анксиозните растројства е когнитивно-бихевиоралната терапија. На запад оддамна веќе доста успешно се применува како прва линија на третман за ваквиот вид на нарушувања . Медикаментите (ако воопшто се користат) се користат само во случај на силна вознемиреност во првите мигови од терапијата, а потоа се елиминираат и се продолжува со КБТ. Доколку пациентот сака веднаш да се ослободи од симптомите се користат високо потентни анксиолитици, кои доколку ги користите на долги стази предизвикуваат зависност и несакани нус ефекти, нивното елиминирање доведува до моментално враќање, а можеби и влошување на симптомите, исто така денеска за ова нарушување најчесто се користат SSRI антидепресиви кои делуваат, но малку поспоро, но и кај нив недостатокот е тоа што во 50-60% од случаите предизвикуваат сексуални дисфункции и после нивното прекинување во многу голем дел (околу 85%) од пациентите доаѓа до рецидив. Во досегашните студии се покажало дека КБТ има успешност кај 80-90 % од пациентите и уште поважно нивото на рецидив после 3-5 години е сведено на 10 - 15%, а кај останатите пациенти се забележува стабилизација на состојбата на уште подолг временски период. Значи сума сумарум, доколку саката многу брзо да ги редуцирате симптомите користите анксиолитици (ви помагаат многу брзо, но ефектот трае многу кратко и предизвикуваат зависност), поприфатливи медикаменти се SSRI антидепресивите, но и овде имате висока стапка на рецидив после нивно елиминирање и секако нус ефектите и на крај ја имате Когнитивно - бихевиоралната терапија која се одвива во период од 12 до 20 многу структурирани сеанси и од која добивате елиминирање на симптомите без пропратните нус ефекти и многу поважно овој асимптоматски период трае значително подолго (со години) за разлика од оној постигнат преку медикаменти. Единствениот проблем е многу малата достапност на ваквите КБТ терапевти во Македонија (можат на прсти да се избројат), пред се зборувам за оние кои навистина ги познаваат принципите на оваа метода, а не оние себе-прогласени гуруа т.н. психотерапевти кои единствено за цел имаат лапање на пари од луѓето кои страдаат.:)
 
Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
чао другари,кажете го најефикасниот лек од ова чудо,више ми здосади :D

кај мене симптомите се вртоглавица,и си ги осеќам сите вени низ телето како нешто да ми мрда внатре..интересно,покрај се :D
Во моментите кога добиваш напад имај на ум дека не е ништо сериозно, од нападите нема да имаж никакви физички и психички последици, значи нема шанси да се онесвестиш, да се угушиш и слично... измиј го лицето со ладна вода, напиј се нешто или јади, пушти си ја омилената музика и само имај на ум дека ке помине за 15 мин.
Никогаш не дозволувајда испаничиш многу или да те обземе срав дека ке ти се случи нешто лошо, само опушти се и чекај да помине.
--- надополнето: 16 август 2012 во 01:59 ---
Моето име е Љубов... и ова е мојата приказна...
Постоеше таа девојка, по име Љубов. Насекаде околу себе сееше љубов, љубезност, добрина..Но нештата беа премногу совршени за да останат така како што беа, нели?
Да, јас сум таа девојка. Мојата приказна е едноставна, нема големи авантури или големи достигнувања, но сепак е моја и сакам да биде кажана. Бев обична девојка од провионција, но милував за себе да кажам дека во душата сум космополит и отворен ум. И бев, ох, навистина бев. Девојка со големи амбиции, девојка со душа голема и благородна, спремна храбро да чекори во светот и да прави големи нешта. На училиште со одличен успех, прекрасни родители и семејство, убава куќичка, хармонија во домот и хармонија во душата. Да, бев таа девојка во која сите професори и наставници гледаа “ нешто” што ја издвојува и што предвидува голем успех. Имав секогаш само убави зборови и убави мисли за останатите, секогаш на сите само доброто им го посакував, од срце и искрено. Нормално и на себе тоа си го посакував. Имав и близок однос со родителите со кои бев исклучително многу приврзана и блиска, постојано ги гушкав и им кажував дека ми се се на светот. И се уште се, и ќе бидат. Станав и академски граѓанин, со факултетска диплома која многу ми значеше и за која многу жрвував..Многу часови поминував над книгата и не жалам ни за еден миг потрошен во учењето и осознавањето..ме исполнуваше и му даваше смисла на моето постоење во тоа време..И не само тоа, имав и многу други интереси. Обожавав да прочитам книга и да влезам во тој магичен свет кој сама како читател си го создавав.Сонував за тие минати времиња од книгите. Уживав во историјата, ме фасцинираше..Секој момент со татко ми го користев да го прашам за некои историски настани и личности...секогаш знаеше да ми одговори ..мојот херој, најголемиот и најважниот маж на мојот живот. Заедно ја делевме пасијата кон историјата. А имав и многу пријатели кои ме обожаваа, секогаш бев таа разгалената принцеза омилена кај сите..Драги мои, зар не го имав светот во дланките? Зар не имав СЕ? Имав пред се СОНИШТА, големи и мали, остварливи и неостварливи...соништа соништа...кога ќе ги снема не снемува и нас.
Се прашувате што тргна наопаку? Што и да кажам ќе излажам. Од каде дојде не знам, зошто, исто не знам...сум се прашувала безброј пати и немам одговор. Тоа е анксизоност и депресија драги мои, најголем кошмар што постои..уништува безмислосно се што си градел вредно низ животот. Тие кои не знаат, депресијата не е досада, не е замислена болест, не е каприц! Депресијата н е е тага поради момчето што ти раскинало. Депресијата не е играчка..тоа е сурова реалност. И не доаѓа по нарачка, доаѓа непоканета, кога најмалку ја очекуваш. Доаѓа и руши пред себе се што е убаво. Заедно со тие проклети црни мисли кои како облак те опколуваат и те зграпчуваат со канџи од кои не можеш да се ослободиш. Се појавуваат и гласови во главата кои те вреѓаат тебе, твоите блиски, и општо секој кој ќе ти се најде на патот. Те тераат да мислиш лоши работи, а твоето срце никако не ги посакува тие работи..Не можеш да се сконцентрираш, полн си со панични стравови, не можеш да уживаш во ништо што претходно ти претставувало некакво задоволство. Престанав да читам, да гледам филмови, да учам, да напредувам. Се исчезна во црна дупка која ја проголта сета надеж и секое убаво чувство. Само остана во мене опсесијата со црните мисли и СТРАВОТ. Се друго исчезна. Остана меланхолијата за старите добри денови. За стариот ти. Од кој остана само сенка. За стариот живот. Зошто тоа сега не е живот, тоа е живеење во најлошиот кошмар. А тој кошмар е најлош наутро. Вечерта си легнуваш малку посмирен и со зрнце надеж дека утре ќе е подобро. Во сонот се опушташ и забораваш на кошмарот. Среќен си во сонот. Наутро се будиш и се соочуваш со реалноста. Тоа боли и плаши. Се плашиш дека никогаш нема да си отиде,дека полудуваш и дека и смртта е многу подобра од оваа состојба. Срцето бие сто на саат и те облева пот. Се молиш да исчезнеш, да не постоиш веќе, самото постоење е само голема болка. За тебе и за тие околу тебе, тие што најмногу те сакаат. Свесен си што се случува, а си беспомошен, не можеш да се спасиш, а не можат ни блиските да те спасат. Може само да сочувствуваат со тебе и да пропаѓаат заедно со тебе. Ја чувствуваш нивната беспомошност и се преколнуваш сто пати што си ги довел и нив и себе во оваа ситуација. Но не си ти крив пријателче мое..ангелче..не е никој крив. Тоа е анксиозноста, болеста на денешницата. Долго време не бев свесна што ми се случува, дури и мислев дека сум болна од шизофренија. Живеев со години со таа мисла. Седнав еднаш на интернет на форум и дознав што ми е. Дознав дека и други страдаат од тоа. Сочувствував со сите невини душички измачени од оваа проклета змија. Отидов и на лекар, ми препиша антидепресиви. И благодарна им сум. Делумно ме спасија од овој пекол. Нормално и тоа имаше цена. Ми се зголеми телесната тежина. Ми опадна женскиот сексапил. Бев многу посакувана кај машките драго пријателче..Апчињата помагаат, но си имаат и цена. Не цена во пари. Поинаква цена. Те отупуваат, стануваш бесчувствителен, стануваш некој друг. Тоа е како да ти се плаче а не можеш да плачеш. Стануваш како растение. Преживуваш од ден на ден, без многу емоции.Не ја доживуваш исто музиката, пишаниот збр кој понекогаш ти измамувал по некоја солза, филмот кои измамувал насмевка. Ти си ок, но не си истиот. Нема и никогаш да бидеш.Но барем ти даваат надеж дека ќе биде се подобро. Мораш да се надеваш. За себе и за тие што те сакаат, Секој ден е борба пријателче мое. Тешка борба со самиот себе. Најтешка.
До сите мои пријатели таму негде, кои патат од оваа состојба. Ве сакам и ви посакувам искрено и од срце да ја победите.
...Цел мој живот сите околу мене многу често знаеа да кажат дека сум луда... татко ми ми велеше дека сум неспособна, дека не вредам, остатокот од поблиското семејство мислеа дека сум проблематична, друштвото мислеше дека сум чудна, професорите мислеа дека сум незаинтересирана... ама јас бев добро. Знам дека бев добро иако постојано живеев внатре во мојот внатрешен свет и никогаш не ги разбирав, а и ден денеска не ги разбирам нештата кои ме опкружуваат во реалниот свет. Ме носеа на психијатри затоа што често се однесував спротивно на сето она што се смета за нормално... психијатрите тврдеа дека сум добра, ама никој не им веруваше... значи драга моја бев тотална спротивност од тебе...

Потоа имав период кога јас мислев дека сум луда, кога од време навреме ке слушнев некој чуден звук... кога можев да видам безброј бои во просторот кои беа невидливи за другите, кога ке забележев некои чудни суштества што не се од нашата планета... ама и тогаш бев добро, знам дека бев добро...

А потоа... кога дојде време конечно да се претопам во овој свет и во целост да и се препуштам на реалноста ... се појави она чувство на гушење, па потоа вртоглавицата, срцебиењето... стравот...
Буквално немав желба да станам од кревет. Живеев ден за ден и само чекав да помине времето, се радував кога ке се стемни, се радував што уште еден ден поминал, но... како што кажуваш и самата... колку и да бегаш, каде и да се скриеш, утрото повторно ке те пречека...
пиев антидепресиви и на почетокот ми помогнаа доволно за да можам да застанам на нозе и да сватам кај сум и што правам, а потоа ги откажав по своја волја и се потрудив да си го сменам начинот на живот во што и успеав. Сега можам да кажам дека сум добро, подобро од било кога. Како?

Научив дека во каква состојба и да сум, дека не треба да бегам од себе, дека засекогаш јас треба да останам јас. Научив да кажувам -НЕ и тоа ми беше најбитната лекција.
Сватив дека паничните напади не можат да наштетат, напишав и во постот погоре и храбро се препуштам на сите тие непријатни чувства, без да се плашам од нив, само чекам да поминат, а откако ке поминат не заборавам да се потсетам самата себеси дека победив во уште една битка...
Секогаш кога ке треба да излезам надвор, а притоа се гушам, се вракам неколку чекори назад, за да си спомнам дека јас сум посилна од стравот кој ме обзема во тој момент и одам чекор по чекор...

Во тешките вечерни моменти, кога имам несоница и црни мисли, се трудам да пишувам поезија, да цртам или да плетам, на тој начин вадам се од себе, се празнам и многу ми помага.
можеби звучи глупаво и премногу едноставно и лесно за да биде вистинито, ама овие мали нешта, овие ситници навистина помагаат
повеке прошетки во природа и тоа наутро кога има пријатно сонце, повеке дружење со луѓе кои ни се мили, повеке физичка активност, повеке спонтаност...
имајте на ум дека првиот чекор е најтежок, а потоа само треба да се потсетувате и да се охрабрувате или пак некој ваш близок постојано да ве охрабрува...
Лековите помагаат, мегутоа немаат ефект доколу оставате само лековите да си ја вршат функцијата а вие не превземате ништо , превземете нешто уште овој момент, направете нешто убаво за себе, затоа што вие тоа го заслужувате, заслужувате да бидете среќни, заслужувате да уживате во секој момент, имате право да кажете НЕ кога чувствувате дека треба и не дозволувајте да се почувствувате криви за ништо што ви се случува...
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Не мислите дека на лето анксиозноста, непријатните чувства и паничните напади се почести?
Инаку да, SSRI помагаат... Ама отупуваат.:вонзем:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom