13 илјади евра отштета од Скопје за жена касната од куче скитник

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
13 илјади евра отштета од Скопје за жена касната од куче скитник

04.07.2012 - 20:08 |
Скопјанка ќе добие обесшетување од 800 илјади денари поради напад од куче скитник.
Ова е одлуката на судот по спорот кој оштетената го покренала против градските власти. Пресудата е правосилна, а за претрпениот страв и повредите Градот и Комунална Хигиена ќе мора да и исплатат 13 илјади евра.
Во текот на вчерашниот ден до нив бил доставен и бројот на трансакциската сметка каде треба да ги уплатат парите.
Од вкупната сума, 500 илјади денари отпаѓаат на градот, додека комунална хигиена треба да уплати 300 илади денари.
Иако досега се воделе неколку постапки ова е прв ваков судски спор кој завршил во корист на жртвата. Градот и комунална хигиена молчат. Иако неколкупати побаравме официјален став и коментар на судската одлуката, сеуште нема одговор.
На годишно ниво 55 граѓани пријавуваат напад од куче, но мал е бројот на тие кои се одлучуваат да покренат тужба против градските власти, кои се уште со недоволна доза на сериозност го третираат овој проблем.
Антонио Крстевски

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/13-iljadi-evra-otshteta-od-skopje-za-zena-kasnata-od-kuche-skitnik

Добра пара земала жената од граѓаните на Град Скопје а поради нечија негрижа за кучињата скитници.
 
П

Пепси_

Гостин
со здравје да си ги троше се надевам ќе истера добар одмор со фамилијата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
What.
800k? Сериозно?
Да знам да се мачкам со бифтек пред да излезам од дома.
:pos:


Со 13 иљади евра сите ќе ги уловеа и за Кина извоз ќе имаа..ама бизнис,на кого да му текне.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.510
Поени од реакции
24.291
Да не знајте кај се движат овие кучињата скитници, јас за тие пари и мачка ако треба ке врзам за нога со мене, море две на двете по една.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
А што ќе биде ако ме касне кучето на комшијата. Тоа не е ни вакцинирнно нема никаква книшка исто како скитник е, а он нема никаков документ дека е негово, го чува на улицата и затоа треба да го тужам градот. Дали ќе признаат таков случај?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
What.
800k? Сериозно?
Да знам да се мачкам со бифтек пред да излезам од дома.
Скап е бифтекот, земи обична паштета :pos:
П.С.
Идам за СКОПЈЕЕЕЕЕЕЕ
п.п.с.
А колку ќе земам ако човек ме касне?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А што ќе биде ако ме касне кучето на комшијата. Тоа не е ни вакцинирнно нема никаква книшка исто како скитник е, а он нема никаков документ дека е негово, го чува на улицата и затоа треба да го тужам градот. Дали ќе признаат таков случај?
Да. :D Правна помош има тема, таму прашај за детали..
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Очекувајте нов вонреден поход на УЈП во наредниов период, да соберат пари за жената :sneaky:Можда слично на ова, можда и не... денеска научив дека фирмата задолжена за производство на фискални ролни за Македонија Пат поднесла тужба за исплата на средствата (од МП им рекле ваше е да ни ги доставувате фискалните според договорот, а за нашето плаќање тужба поднесете:sick:) , се надевам ќе ги одерат!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Јас од сега сите кучиња ќе ги мавам со камења. Кога ќе идам во Скопје се една вреќа ќе се шетам низ плоштадот :D
 
S

Shaman

Гостин
лани во април во гази баба, една мајка бутка количка со бебе.
и се пуштија 4 џукели како магариња големи, едвај ја спасивме.
Тоа едното ѓавол, почна количката да ја гриза, мавај, мавај,
нејке да ја пушти. едвај некако се откажа.
женава 2 саата неможе да се смири, ќе ми се онесвестеше.
среќа тоа бебето мирно. глас не пушти.

и викам после кога си дојде на себе.
тужи го градот. еве јас ќе ти бидам сведок.
ќе те носам во станица ќе пријавиме, се комплет
со записник. барем еден одмор да истераш за претрпениот страв.
ама женава несакаше. нејзина работа. со сила неможе да ја натераш.

еве оваа добила. за претрпен страв сеа кола ќе си купи.
(или што и да е)
браво и алал да и е.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Очекувам во наредниот период тренд да биде иритирање на кучиња скитници. Подобар бизнис здравје. Едно касање 3 години плата од по 300 евра месечно.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Очекувајте нов вонреден поход на УЈП во наредниов период, да соберат пари за жената :sneaky:Можда слично на ова, можда и не... денеска научив дека фирмата задолжена за производство на фискални ролни за Македонија Пат поднесла тужба за исплата на средствата (од МП им рекле ваше е да ни ги доставувате фискалните според договорот, а за нашето плаќање тужба поднесете:sick:) , се надевам ќе ги одерат!
Државните имаат право да не платат една година. Дотогаш ќе пропаднеш.
Ако немаат една година џабе ќе тужат сите трошоци на крај ќе си ги платат.
What.
800k? Сериозно?
Да знам да се мачкам со бифтек пред да излезам од дома.
:pos::pos:
Зајдов од смеа!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.510
Поени од реакции
24.291
А таа жената ја знај некој која е. Да не испадни на некој буџован женаму па да се изложуваме на ризик за џабе да не јадат кучињата. Или судијка некоја;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom