Научни чуда во Ку`ран

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Вистина е тоа дека луѓето барале од Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) да направи едно големо чудо. Па он се обратил кон Бога и побарал од Него да му овозможи.
Луѓето од Мухамед барале да направи било какво чудо и никаде не потенцирале дека чудото морало да биде „големо“. Сепак, доколку Мухамед навистина ја разделил и потоа „заварил“ Месечината, тоа би било преголемо, грандиозно чудо.
Но доколку тоа навистина се случило, луѓето не би велеле: „Зошто не му се објавува чудо од Господарот негов?“ :confused: Ете, нека направи некое чудо, па ќе му веруваме.“

И Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) избрал да не се изведе некое чудо, туку да ги повикува луѓето кон Божјиот пат со трпение и мудрост.
Па не знам баш дали имал избор да изведе чудо. Ја мислам дека тој немал моќ да прави чуда, но не сакал да си го наруши својот кредибилитет пред луѓето, па се правел ко бајаги он можел да прави чуда, ама ете не сака. Тоа е мое мислење, простете на искреноста.
Селам и до тебе!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.............. навистина ја разделил и потоа „заварил“ Месечината, тоа би било преголемо, грандиозно чудо.
Чудно да за ваква работа која би се видела од било која точка на Земјата нема помен ВО НИЕДНА ДРУГА ЦИВИЛИЗАЦИЈА... источните, домородните американци (маи, ацтеки..)итн..за кои знаеме дека посветувале големо внимание на астрономијата!
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Чудно да за ваква работа која би се видела од било која точка на Земјата нема помен ВО НИЕДНА ДРУГА ЦИВИЛИЗАЦИЈА... источните, домородните американци (маи, ацтеки..)итн..за кои знаеме дека посветувале големо внимание на астрономијата!
Што се чудиш што нема за тоа никаде, па тоа било бре саботажа против Исламот, сите тие биле исламофобци, намерно тоа го напраиле.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Што се чудиш што нема за тоа никаде, па тоа било бре саботажа против Исламот, сите тие биле исламофобци, намерно тоа го напраиле.
Има бе, кај кинезите , индијците и тие што виделе и забележале во хадисите. Инаку за саботажи не да нема, ама кој ги ферма. Плус,минус има многу повеќе сведоци и пишани документи од да речеме постоењето на Исус. И шо сеа?o_O
--- надополнето: 4 јули 2012 во 17:22 ---
Чудно да за ваква работа која би се видела од било која точка на Земјата нема помен ВО НИЕДНА ДРУГА ЦИВИЛИЗАЦИЈА... источните, домородните американци (маи, ацтеки..)итн..за кои знаеме дека посветувале големо внимание на астрономијата!
Друже ИМА ПОМЕН, ако те интересира барај. Башка тоа и не можело да се види од многу места . Ти текнует?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
[quote="duh sa sekirom, post: 5143068, member: 52346"
Друже ИМА ПОМЕН, ако те интересира барај. Башка тоа и не можело да се види од многу места . Ти текнует?[/quote]
Да бе тамам, пошто знаеме дека месечината ја "гледа" само една половина од земјината топка во било кој даден момент.(y)
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Луѓето од Мухамед барале да направи било какво чудо и никаде не потенцирале дека чудото морало да биде „големо“. Сепак, доколку Мухамед навистина ја разделил и потоа „заварил“ Месечината, тоа би било преголемо, грандиозно чудо.
Но доколку тоа навистина се случило, луѓето не би велеле: „Зошто не му се објавува чудо од Господарот негов?“ :confused: Ете, нека направи некое чудо, па ќе му веруваме.“
Овие зборови се изговорени од устата на оние кои не ги виделе чудата на Мухаммед а.с., нешто слично како што му барале на Исус, а каде тој постојано не правел чуда по ќејф на сите. Или нешто слично на денешниве атеисти кои бараат слични чуда за да си го оправдаат нивниот сомнеж кој како крлеж им се залепил и постојано ги прати, иако не признаваат.

Не наседнувај на атеистички финти. Верата е далеку поголемо нешто од помесни чуда.;)
--- надополнето: 4 јули 2012 во 17:28 ---
Да бе тамам, пошто знаеме дека месечината ја "гледа" само една половина од земјината топка во било кој даден момент.(y)
Па Индија и Кина не е мало пространство, само што тоа било без медиумска најава и однапред припремени телескопи.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Па Индија и Кина не е мало пространство, само што тоа било без медиумска најава и однапред припремени телескопи.
И јас како помал си изнајмував телескоп за да ја видам месечината...........
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Кај мене е облачно, па не помага и тоа. Ќе барам вселенски брод од НАСА.:cool:
(y)
Инаку чудна работава, пола свет под облаци освен едно мало местенце. Чудни работи еј.
Ај сеа некој да раскаже друга приказна, ако може.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџија напиша:
Луѓето од Мухамед барале да направи било какво чудо и никаде не потенцирале дека чудото морало да биде „големо“. Сепак, доколку Мухамед навистина ја разделил и потоа „заварил“ Месечината, тоа би било преголемо, грандиозно чудо.
Но доколку тоа навистина се случило, луѓето не би велеле: „Зошто не му се објавува чудо од Господарот негов?“ :confused: Ете, нека направи некое чудо, па ќе му веруваме.“

Овие зборови се изговорени од устата на оние кои не ги виделе чудата на Мухаммед а.с.,
Не би рекол, затоа што по овие зборови Мухамед не вели дека тој направил чудо, ама кој им е крив на овие што спиеле баш тогаш и не го виделе, туку Мухамед им вели „Јас сум само опоменувач, само човек“ - со други зборови во контекстот тој им признава дека тој не направил никакво чудо, дека не ни може да прави чуда - бидејќи е обичен опоменувач, обичен човек нели.

Никаде во Куранот нема да најдете јасен ајет каде што се вели дека Мухамед направил чудо. Тоа со месечината е многу нејасен ајет и многу муслимани го толкуваат различно. Никаде нема да најдете ајет кај што се вели дека Мухамед му ги отворил очите на некој слеп, дека воскреснал мртовец, дека направил леб од ништо или сл.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Па Индија и Кина не е мало пространство, само што тоа било без медиумска најава и однапред припремени телескопи.
Индија и Кина во тоа време биле светлосни години пред блискиот исток..
.. зар е потребен телескоп за гледање во месечината... чудно да нема помнење и за некои големи случувања со морињата за време на тој настан.
И јас како помал си изнајмував телескоп за да ја видам месечината...........
Што расипан тип бил тој што ти го изнајмувал телескопот, само за пари да ти земе не ти кажуел дека Месечината и така се гледа...:D
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
Види вака ова што ти го кажуваш моментално науката не може целосно да го објасни ама еден ден ке го објасни.
Исто како што до пред стотина години се верувало дека громовите ги фрла господ се додека несе појавило едно типче по име Тесла кое кажало дека станува збор за разликаво потенцијали.

Така да времето работи за науката а светите книги ке бидат приказни само за тоа како некој го уназадувал човештвото со векови.

И кажи ми дали тумачењето на овие делови кои постојано ги цитирате од куранот било исто и пред 5 века.
eden den velis a heh.bas toj den koga ke se turi svetov ne ili greska sum.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
eden den velis a heh.bas toj den koga ke se turi svetov ne ili greska sum.
Зошто баш денес најде да го пишеш коментаров, зошто не пред некој ден и ке полемизиравме.
А денес баш и официјално се потврди она што го кажав дека еден ден науката ке даде одговор на се. Баш денес и официјално е потврдено постоењето на Божјата честица-Хигонсоновиот базон;).

јбг губите се повеке со секој поминат ден.
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
Е тука грешиш. Исусовите чуда не ги негираа ниту непријателите на Исус. Точно е дека оние кои му завидуваа на Исус велеа дека Тој ги прави чудата преку Сатаната, некои тврделе дека прави магии, трети сакале да го убијат Лазар (кој беше воскреснат од Исус) затоа што луѓето гледајќи го починатиот Лазар повторно жив масовно се приклучувале меѓу учениците на Исус (и тоа без меч замисли!)
Значи скептиците, неверниците и фарисеите имале различни толкувања за чудата и моќта на Исус, но тие биле толку очигледни и јавни што ретко некој да ги негирал.

Наспроти Исус, Мухамед не направил ниту едно чудо. Од каде знаеме? Па од самиот Куран. Во Куранот читаме дека луѓето околу Мухамед поставувале логички прашања од типот: „Зошто не му се објавува чудо од Господарот негов?“ :confused: Тие му велеле ќе ти веруваме дека си Алахов пејгамбер ако го докажеш тоа, ако направиш некакво чудо... но наместо чудо, од Мухамед добиле политичко заобиколување: „Јас сум само Опоменувач“ (со други зборови: мене ќе морате да ми верувате на збор)

И пак ќе речам, доколку Мухамед навистина ја расцепил и „заварил“ Месечината, тој немало да има потреба политички да ги забашотува скептиците, туку јасно ќе им рекол: „„Па ете, ви го направив чудото со Месечината, Алах преку мене ја расцепи, а потоа ја завари! Што сакате уште? Зарем тоа ви е мало чудо?““
Но наместо ова, Мухамед индиректно им кажува дека тој нема ниту моќ, ниту служба да прави чуда, така што секој што тврди дека Мухамед направил чудо е неконзистентен со самиот Куран.

Ti ateist ili hristijanin si?
--- надополнето: 4 јули 2012 во 21:25 ---
Зошто баш денес најде да го пишеш коментаров, зошто не пред некој ден и ке полемизиравме.
А денес баш и официјално се потврди она што го кажав дека еден ден науката ке даде одговор на се. Баш денес и официјално е потврдено постоењето на Божјата честица-Хигонсоновиот базон;).

јбг губите се повеке со секој поминат ден.
Velis a?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom