Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Црквата е заедница на луѓе кои се живи (телото, душата и духот не им се разделени) или умрени (разделени тело, душа и дух), на ангелите (кои не паднаа) и на самиот Бог Света Троица. Црквата е една и единствена и не можи да има онолку цркви колку луѓе, оти Црквата е Невеста Христова, а Христос не е блудник, па да има повеќе невести. Уште повеќе надвор од Црквата во која го добиваме Телото и Крвта Христови, човекот не можи да гради никаква заедница со Христос.
Е де, така некако отприлика, една е Црквата Христова, а сите си ја крстуваат сосптвената според името на државата.Сегде е ист принципот, пр.Финска ПЦ освен некои кои ги задржале еклисиолошките, имињата на епископските катедри пр. Ерусалмиската, Александриската, Цариградската...
Јас прашувам дали е ова согласно Христовото Учење? Мислам не.
И двајцата се декларирате како Христијани, како и многу други тука.
Се декларирам и јас како Христијанин, иако со еден куп различни ставови од вашите.
Зашто мене ќе ме наречете еретик, атеист и што ти не, само затоа што мислата и вербата кон Христос и Бога, ја носам во себе, и ги одбегнувам камените храмови водени од бескрупулозни бандити затскриени зад одората на високите светии, и сите оние лоботомирања врз неукиот ни народ од нивна страна, и го прифаќам концептот на Бог (што и да е тоа според вас) на начин кој соодветствува со денешната наука, а не на начин во кој има еден куп антропоморфни карактеристики?