Расколот во православието - дали има решение?

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Црквата е заедница на луѓе кои се живи (телото, душата и духот не им се разделени) или умрени (разделени тело, душа и дух), на ангелите (кои не паднаа) и на самиот Бог Света Троица. Црквата е една и единствена и не можи да има онолку цркви колку луѓе, оти Црквата е Невеста Христова, а Христос не е блудник, па да има повеќе невести. Уште повеќе надвор од Црквата во која го добиваме Телото и Крвта Христови, човекот не можи да гради никаква заедница со Христос.
Сегде е ист принципот, пр.Финска ПЦ освен некои кои ги задржале еклисиолошките, имињата на епископските катедри пр. Ерусалмиската, Александриската, Цариградската...
Е де, така некако отприлика, една е Црквата Христова, а сите си ја крстуваат сосптвената според името на државата.

Јас прашувам дали е ова согласно Христовото Учење? Мислам не.

И двајцата се декларирате како Христијани, како и многу други тука.

Се декларирам и јас како Христијанин, иако со еден куп различни ставови од вашите.

Зашто мене ќе ме наречете еретик, атеист и што ти не, само затоа што мислата и вербата кон Христос и Бога, ја носам во себе, и ги одбегнувам камените храмови водени од бескрупулозни бандити затскриени зад одората на високите светии, и сите оние лоботомирања врз неукиот ни народ од нивна страна, и го прифаќам концептот на Бог (што и да е тоа според вас) на начин кој соодветствува со денешната наука, а не на начин во кој има еден куп антропоморфни карактеристики?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ги менувам моите проблеми за вашите. Би сакал најголем проблем во животот да ми биде расколот во православието и непризнавањето на МПЦ.
Тогаш стварно си во фрка, сеирџијо! :)
Де кажи си ја маката, заедно сме посилни.:love:
--- надополнето: 4 јули 2012 во 14:11 ---
Е де, така некако отприлика, една е Црквата Христова, а сите си ја крстуваат сосптвената според името на државата.

Јас прашувам дали е ова согласно Христовото Учење? Мислам не.
Точно, но проблемот е покомплексен, кој во основа е поделба на Црквата.
И двајцата се декларирате како Христијани, како и многу други тука.

Се декларирам и јас како Христијанин, иако со еден куп различни ставови од вашите.

Зашто мене ќе ме наречете еретик, атеист и што ти не, само затоа што мислата и вербата кон Христос и Бога, ја носам во себе, и ги одбегнувам камените храмови водени од бескрупулозни бандити затскриени зад одората на високите светии, и сите оние лоботомирања врз неукиот ни народ од нивна страна, и го прифаќам концептот на Бог (што и да е тоа според вас) на начин кој соодветствува со денешната наука, а не на начин во кој има еден куп антропоморфни карактеристики?
Никој не те обвинува за твојот пристап, слободен си по дар од Бога.
Те разбирам што сакаш да избегнеш, но човекот е образ Божји, без разлика на сите слабости, ние како грешни(смртни) стануваме во Црквата безгрешни(бесмртни), Христос по дар на Својата Жртва не соедини со Троединиот Бог-Св. Троица.
Тоа значат литургиските зборови Светињите на Светиите-Једин Свјат једин Господ...
Оттука бесмислено е секое потценување на Црквата како антропоморфна..., не заборавај Таа е Богочовечки организам, Тело Христово и ние сме инкорпорирани во Неговото Тело...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Никој не те обвинува за твојот пристап, слободен си по дар од Бога.
Те разбирам што сакаш да избегнеш, но човекот е образ Божји, без разлика на сите слабости, ние како грешни(смртни) стануваме во Црквата безгрешни(бесмртни), Христос по дар на Својата Жртва не соедини со Троединиот Бог-Св. Троица.
Тоа значат литургиските зборови Светињите на Светиите-Једин Свјат једин Господ...
Оттука бесмислено е секое потценување на Црквата како антропоморфна..., не заборавај Таа е Богочовечки организам, Тело Христово и ние сме инкорпорирани во Неговото Тело...
Некако не ми е јасно ова у болдов?

Ај подобјасни.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Некако не ми е јасно ова у болдов?

Ај подобјасни.
Секој човек по дар од Бога е потенцијален Бог, доколку одговори позитивно на Љубовта Божја, т.е. слободно му пристапи и се соедини во Неговата Црква реално во Литургиската Заедница со Христовото Тело и Крв, не само како објект туку живо Личносно, како Личносна, Љубовна Заедница.
Таа Заедница со Бог не прави безгрешни(бесмртни) бидејќи сме соединети со Бесмртниот, Безгрешен Бог, а не заради некакви наши квалитети(добри или лоши луѓе, етички подобни, совршени или не, итн.).:)
 
Аха, кај е тука бандата од МПЦ, во твоево излагање?

Воопшто не е потребна за пристапот кон Црквата Христова, и создавање заедница со Него, личносна, љубовна, каква и да е?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Аха, кај е тука бандата од МПЦ, во твоево излагање?

Воопшто не е потребна за пристапот кон Црквата Христова, и создавање заедница со Него, личносна, љубовна, каква и да е?
Очигледно не ме разбираш, ти зборувам за крајно, сериозни егзистенцијални работи, не потценувај ниеден човек без разлика како и да ти изгледа, ти бре пеколот веднаш би го наполнил.:D
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Очигледно не ме разбираш, ти зборувам за крајно, сериозни егзистенцијални работи, не потценувај ниеден човек без разлика како и да ти изгледа, ти бре пеколот веднаш би го наполнил.:D
Абе може не те разбирам, не велам не, ама какви сеа егзистенцијални проблеми, и уште сериозни, и на чија егзистенција се однесуваат?
Или не збориме за иста работа можеби?

Има многу кандидати за пеколот:P
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Абе може не те разбирам, не велам не, ама какви сеа егзистенцијални проблеми, и уште сериозни, и на чија егзистенција се однесуваат?
Или не збориме за иста работа можеби?

Има многу кандидати за пеколот:P
Ај кажи како ги разбираш претходните постови што ти ги пишав, за да видам како ме разбираш, инаку ќе бидеме досадни за другите со повторување.:)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ај кажи како ги разбираш претходните постови што ти ги пишав, за да видам како ме разбираш, инаку ќе бидеме досадни за другите со повторување.:)
Па дека тврдиш дека секој треба да си постави сопствена личносно-љубовна релација со Бога.

И од тука ми следи дека тоа е на духовно некое ниво, субјективно пред се, без некои одредени правила и прописи.

И дека за такво нешто не ми треба посредник, у случајов свештеник.

Е сеа тоа егзистенцијални, ваљда е врзано со народов наш и овоземски причини, оти темава е раскол у православие, па се надоврза нешто, или ?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Па дека тврдиш дека секој треба да си постави сопствена личносно-љубовна релација со Бога.
Нашата одлука е индивидуална за да се запази слободата на човекот, но целта е Заедницата, како вели Св. Василиј Велики : човекот е „зоон кининикон“, т.е. општествено, битие на заедницата.
Еден човек, личност= на ниедна личност. Затоа е важна Црквата како соборен заедничарски организам, Тело Христово.
Секој човек по дар од Бога е потенцијален Бог, доколку одговори позитивно на Љубовта Божја, т.е. слободно му пристапи и се соедини во Неговата Црква реално во Литургиската Заедница со Христовото Тело и Крв, не само како објект туку живо Личносно, како Личносна, Љубовна Заедница.
Таа Заедница со Бог не прави безгрешни(бесмртни) бидејќи сме соединети со Бесмртниот, Безгрешен Бог, а не заради некакви наши квалитети(добри или лоши луѓе, етички подобни, совршени или не, итн.).:)
Таа сопствена релација не е индивидуализам, туку заедница во Бога преку која едниствено е можно да се запази Личниот идентитет. Пр. Мики, Либериј, Марко, Павле...
И од тука ми следи дека тоа е на духовно некое ниво, субјективно пред се, без некои одредени правила и прописи.
Значи Субјектот, Личноста единствено се изразува преку Заедницата во Црквата Божја(не како материјален храм, кој единствено служи луѓето да се соберат како Црква, Заедница на конкретно место во одредено време, Литургија), како целосен идентитет, и точно, без услови, етички пред се.
И дека за такво нешто не ми треба посредник, у случајов свештеник.
Сите си требаме еден на друг, братот мој е животот мој!, во буквална смисла на зборот, т.е. ако не си Ти(Мики), не сум ни Јас(Либериј), го губам идентитетот немам преку кого да се препозанаам, изразам...
А свештеникот во Црквата е само дар на служба на Бога, во која сите сме Царско Свештенство-Свештеници.

Е сеа тоа егзистенцијални, ваљда е врзано со народов наш и овоземски причини, оти темава е раскол у православие, па се надоврза нешто, или ?
Егзистенцијална во смисла на начин на постоење, живот, кој во случајов со расколот е директно поврзано, бидејќи расколот подразбира отпаѓање од Единстовото на Црквената, Божја Заедница, а веќе објаснив што значи индивидуализмот=Смрт, Непостоење, губење на Личносниот Идентитет.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тогаш стварно си во фрка, сеирџијо! :)
Де кажи си ја маката, заедно сме посилни.:love:
Чекај да ти кажам како мене ми изгледа расколот во православието од неутрална, Хусерлијанска, феноменолошка перспектива.

Неколку забрадени лажговци им забрануваат на неколку други забрадени лажговци да ја употребуваат нивната лага. Оваа втората група на забрадени лажговци се моли кај еден друг забраден лажго (кој на рака носи саат од неколку илјади евра, а би требало да живее во делумна сиромаштија) да им овозможи легитимно да ја користат таа лага со цел и тие да носат слични часовницим, само малку поефтини од часовникот на големоит лажго.

Е така. И сега ти доаќаш тука и го дрвиш дека ова не некој начин го допира мојот живот, и при тоа користиш термини кои немаат апсолутно никаво значење настрана од лингвистичката игра која те натерале да ја играш.

Што се однесува до мене, јас сакам сите тие групи забрадени лажговци да умрат. Сите до еден. Светот е многу подобро место за живеење без нив...

;)
 
:facepalm:. Честитам!, го реши проблемот у Православие.
А, твојот проблем беше!?:vozbud:
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
http://www.sitel.com.mk/ekskluzivno-intervju-so-tomo-nikolikj-pretsedatel-na-srbija
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 21:23 ---

Македонија | 18. октомври 2012 - 16:33
Ексклузивно интервју со Томо Николиќ претседател на Србија

Амнестија за Јован Врнишковски, Томос за автокефалност на МПЦ. Српскиот претседател, Томислав Николиќ, ексклузивно во интервју за Сител и дневниот весник Вечер, нуди решение за деценискиот проблем.
Тврди дека тој е гаранција оти до договор може да се дојде, само ако македонија и србија, како држави, а не црквите, седнат отворено да разговараат.
Оваа понуда, идиретно испратена до македонскиот претседател, бидејќи по устав тој е оној кој може да потпише амнестија, е сосоема нова политика, што Николиќ ја нуди.
Досегашниот став и на српските и на македонските власти, беше дека спорот МПЦ-СПЦ е црковно прашање, кое треба да го решаваат владиците.
Но актуелниот српски претстедател смета инвовирањето на државите со отворени разговори можат да најдат најбезболно решение.
Во интервјуто во кое Николиќ зборува и за прославата во Прохор Пчински, оценува дека изминативе години биле направени многу погрешни чекори кои, наместо кон решение, довеле до продлабочување на црковниот проблем.
Марјан Николовски

http://www.sitel.com.mk/ekskluzivno-intervju-so-tomo-nikolikj-pretsedatel-na-srbija
 
М

Мартин`

Гостин
Се надевам дека конечно ова прашање ќе се затвори и дека навистина Србија е спремна да ја признае МПЦ доколку го ослободат лоповот. Да се затвори едно вакво прашање ќе биде од голема корист за Република Македонија тоа е сигурно ..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom