Xibalba
Corona Australis
- Член од
- 24 јануари 2012
- Мислења
- 6.091
- Поени од реакции
- 11.496
Народна Банка се сели на плоштадот Македонија
Народната Банка се сели на плоштадот Македонија. Новиот дом на монетарната власт ќе биде објект висок до 40 метри, лоциран до „Воинот на коњ“, односно на маркичката каде до неодамна беше планирана црквата Св. Константин и Елена.
Од НБРМ велат дека потреба и план за нов простор имало подолго време. Пред пет години ја побарале локацијата на старата Народна банка. Но бидејќи таа била продадена во 2004-тата, потоа се планирало нова кула на сегашната локација, се до минатата година.
„ Поради повеќе причини подготовките се уште не беа започнати до пред крајот на 2011-та година кога ни беше понудена соодветна локација близу до старата локација на НБРМ. Тоа беше прифатено од НБРМ по што со одлука на Владата локацијата на плоштадот и беше доделена на НБРМ. Сметаме дека со тоа се создадени услови Народната Банка да добие соодветен репрезентативен објект кој доликува на една централна банка како што впрочем е и секаде во светот“, одговорија од НБРМ.
Изгледот на објектот, НБРМ ќе го бара преку конкурс за идејно решение. Истиот веќе е објавен.
Еден од проблемите да се смести десеткатница на овој простор, како што е предвиден во урбанистичкиот план, е што објектот ќе го блокира погледот од „Портата“ кон „Воинот на Коњ“ и обратно. Токму во конкурсот, се бара обезбедување на оваа визура, но само доколку тоа е возможно од аспект на статиката и конструкцијата.
Како ќе изгледа новата зграда на Народната Банка и дали ќе се обезбеди погледот меѓу двата споменика, ќе се знае кон крајот на годинава. Крајниот рок за пријавување идејни решенија е 1 Октомври, по што ќе следи нивно оценување. Евентуален почеток на градбата, според процедурите, може да се очекува најрано во почетокот или на средината на идната година.