Колку вистина има во астрологијата/хороскопот?

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Дали има влијание од планетите врз нас, има. Дали е тоа влијание судбинско и неменливо, не е.

Дали има типизирани карактеритики за секој хороскопски знак, има. Дали треба да ги земаме тие карактеристики црно на бело, не.

Дали според астрологијата може да се предвиди иднината, не. Дали може да се предвиди еден општ животен правец кој може но не мора да се потврди, може.

Дали хороскопите во весник се глупост, да. Дали личен хороскоп со натална карта ќе ти користи, најчесто не а во многу ретки случаи да.

Астрологијата е денес најчесто псевдо наука за брзо правење пари а таа што стварно вреди ретко кој и ја дознава.

Пс. DBack хомеопатијата е признат метод на лечење во повеќе земји и несериозно е да речеш дека нивните медицински институции поддржуваат псевдо наука. И на акупунктурата и требаше време да се пробие но ете ја признаена како метода за одредени здравствени проблеми. И антибиотикот му се чинел на некој псевдо наука пред да биде употребен во пошироки рамки.
 
B

Black Guard

Гостин
Aстрологијата се базира, воглавно, на постоење на четири хемиски елементи ( земја, вода, воздух и оган ) и на влианието на положбата планетите во соѕвездијата, на животот на луѓето.
Одамна е познато дека има многу повеќе хемиски елементи и одамна е познато дека положбата на планетите и соѕвездијата нема никакво влиание на животот на луѓето. Одамна е поминато времето кога астрологијата се сметала за наука.
Таа во денешно време претставува разонода и можност да се дружиме и разговараме.
Токму така релевантноста на атррологијата и точноста на податоците е на слично нивоу како и "објективноста" на огледалото на лошата магионичарка која наместо мпластична хирургија одбрала да убие младодевојче,за наводно да биде најубава несваќајќи дека со тоа што ако човек убие човек тогаш веќе он ја губи човечноста во себе а нема нешто поубаво,поблагородно од саможртвата и од човечноста.

Штета е што денес младиве се залетаа БУКБВАЛНО по хороскоп а да биде поиронишно и лица на мојка возраст и постари се навредуваат кога ќе им речеш дека астроло9гијата е псеудонаука и дека оди на картата во секоја нејзина лага има полувистина,очигледно е дека денот ќе ви биде мамурлив на многумина исто како што семејниот ручек за многумина ќе биде повеќе духовно отколку телесно задоволство.


Ма нека пишуваат и така нивната лоботомија е иако лоботомија сепак не толку болна од типот на ТВ и мас медиа лоботомијата,ама сепак мислам што ќе ви помогне хороскопот,велат и хитлер користел,најверојатно планетуте му биле наклонети кога ја нападнал русија или можеби е до она второто-блицкриг,јас мислам дека е второто.
 
V

Vollstandig

Гостин
Проблемот јас го гледам во тоа што премногу е искомерцијализирана во насока-глупост астрологијата, така да може да се забележат и статии како “Фејсбук хороскоп, кој знак што прави“, “Какање-хороскоп, кој знак како кака“ и кој знак што пие... што е жива глупост и држи вода текстот на авторот на темата.Глупа е класификацијата на 12 типа на луѓе, но ако погледните подлабоко малце и од психолошки аспект, работите добиваат сосема нова димензија.
Вашиот знак, еве во случајот овен за авторот, не ти ја предвидува иднината,ниту пак те опишува КОЈ ВСУШНОСТ СИ ТИ, затоа што тогаш би бил обична копија на уште еден овен, и еден тон овни кои постојат во светот. Едноставно може да ти даде одговор на некои твои особини што ги имаш по дифолт а ги нема друг знак.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Пс. DBack хомеопатијата е признат метод на лечење во повеќе земји и несериозно е да речеш дека нивните медицински институции поддржуваат псевдо наука. И на акупунктурата и требаше време да се пробие но ете ја признаена како метода за одредени здравствени проблеми. И антибиотикот му се чинел на некој псевдо наука пред да биде употребен во пошироки рамки.
Scientific research has found homeopathic remedies ineffective and their postulated mechanisms of action implausible.[2][3][4] Conventional medicine generally considers homeopathy to be quackery.[5][6][7]
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Scientific research has found homeopathic remedies ineffective and their postulated mechanisms of action implausible.[2][3][4] Conventional medicine generally considers homeopathy to be quackery.[5][6][7]
Уште сто реченици да ми постираш не го менуваат фактот дека тоа што го кажав е точно, хомеопатијата е званично призната како метода на лечење по повеќе европски земји и е дел од системот на здравствено осигурување со што секоја шпекулација дека е псевдо наука паѓа во вода.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Уште сто реченици да ми постираш не го менуваат фактот дека тоа што го кажав е точно, хомеопатијата е званично призната како метода на лечење по повеќе европски земји и е дел од системот на здравствено осигурување со што секоја шпекулација дека е псевдо наука паѓа во вода.
Citat, or it didn't happen ;)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Citat, or it didn't happen ;)
Друже се знаеме јас и ти, не мора да се убедуваме како да сме на религија :) . Имаш информација од прва рака а твое е дали ќе ја прифатиш или негираш. Во моментот знам три доктора кои се бават и со хомеопатија освен со лекарската пракса од класична медицина, еден во странство и двајца кај нас :).

Јас лично сум платил 50 евра за термин од кој 25 ми вратија од социјално но ако не веруваш тоа си е веќе твое.

Хомеопатските лекови се продаваат во сите аптеки во ЕУ така да фактите си зборат за себе.

Тоа што ќе го негираме не значи дека не постои ;).

Пс. Оф топик сме ако имаш желба може да збориме на соодветната тема ако не во некоја прилика на пиво :).
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Проблемот јас го гледам во тоа што премногу е искомерцијализирана во насока-глупост астрологијата, така да може да се забележат и статии како “Фејсбук хороскоп, кој знак што прави“, “Какање-хороскоп, кој знак како кака“ и кој знак што пие... што е жива глупост и држи вода текстот на авторот на темата.Глупа е класификацијата на 12 типа на луѓе, но ако погледните подлабоко малце и од психолошки аспект, работите добиваат сосема нова димензија.
Вашиот знак, еве во случајот овен за авторот, не ти ја предвидува иднината,ниту пак те опишува КОЈ ВСУШНОСТ СИ ТИ, затоа што тогаш би бил обична копија на уште еден овен, и еден тон овни кои постојат во светот. Едноставно може да ти даде одговор на некои твои особини што ги имаш по дифолт а ги нема друг знак.
Хмм ајде да речеме има логика тоа за особините да.Има нешто,дали е тоа периодот во кој си роден,да речеме на пролет родените,по некоја логика да се по "живи" по активни и сл.,ама мене ме нервира тоа што се прават натални карти,што ти го читаат демек животот.Па еве јас лично би се тестирал,и мојата воља би одела против тоа што е напишано во наталната карта,па баш да видам како ќе испаднат дешавките.Значи ставам акцент на-слободната воља,против -"веќе одреденото".Или,јас сум ваков и наков,и сега некој ќе ми рече-па тоа е оти во подзнак си Јохан Штраус,а во месечина-баба рога,арно ама тоа не е се,на 5ти Марс ќе мине низ Стохлом,и транзитно од 34степени,во конјукција со чарапите фрлени у соба,ќе ви создаде лоша атмосфера за дишните патишта.Одбегнувате цигари :sneaky:
А тоа што никој не знае да даде одговор,како ѕвездиве делуваат,тоа ми е најинтересно.За СЕ скоро има бар било какво објанување--луѓе со телескопи откриваат милиони светл.год. оддалечени планети,што орбитираат околу ѕвеѕда,како-така што минимално ја изместуваат нејзината орбита.Откриваат црни дупки,како-така што лапаат се,па дури и светлината и сл.Да не навлевам,зборот ми е дека научниците откриваат,и имаат факти за тоа КАКО го окриле.А во астрологијата НЕМА никакво објаснување како ѕвездите делуваат на нас.
Имам еднаш гледано некоја си емисија баш за тоа,дали ѕвездите и планетиве делуваат врз нас,и открија дека има некое минимално ама незначително некое си гравитациско/магнетно дејство.Сепак,самата помисла колкав само е универзумот и таа стравопочит,прават да човек,не толку информиран,паѓа на тие финти на судбината,дека некои работи се вакви или онакви-веќе запечатени.
 
С

Само Човек

Гостин
Астрологијата не е наука. Тоа е псеудо-наука - како креационизмот и хомеопатијата, на пример.
--- надополнето: 23 февруари 2012 во 00:42 ---

Кое „тоа“ сакало да биде?
хомеопатијата ШТО.....

на вики ли пишува дека е псевдо

ајн отиди во ЕУ низ земјиве маалку


абе те уби википедиа..

пс.ова да го кажеш во сала полна со научници сите ќе си станат
инаку и во мк од година во аптеките ќе има хомеотпатски лекови, барем така мрчеше тој министерот
--- надополнето: 1 јули 2012 во 14:39 ---
Scientific research has found homeopathic remedies ineffective and their postulated mechanisms of action implausible.[2][3][4] Conventional medicine generally considers homeopathy to be quackery.[5][6][7]
ова владиве у европа немаат вики
--- надополнето: 1 јули 2012 во 14:48 ---
Citat, or it didn't happen ;)
.....
испадни малку надвор бе ......
цитат бара........:facepalm:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
:pos:
понизок вид/исфрустриран..фала,ај па на твоја глава
другар,јас само кажувам мој став,не наметнувам.Зошто со тие хороскопи бааги се имам бафтано,и мислам дека имам бар некое право да кажам мое мислење нели.Значи не сум станал од сабајле,и да ми текне,абе чекај да отворам тема за анти нешто-хороскоп во случајов-туку бааги ја имам студирано таа тема,и затоа сум сватил дека тоа се во главно глупости.Си се запрашал ли ЗОШТО скоро 90 % од луѓето кога ќе прочитаат хороскоп,викаат"леле се ми погоди".Зошто,секој се нашол во таа ситуација или како и да се каже.Секој бил во таа емоционална состојба или сл.Еве ќе најдам некој пример-
еве од овде извадок (ако го сметате за неверодостоен,дајте друг)
Здравје и совет: Поради долгото задржување на Марс во Девица (до 4 јули) можно е повремено да чувствувате акутни проблеми поврзани со варењето. Бидејќи истата планета е добро поставена, сето тоа ќе ве наведе повеќе да се позанимавате со своите животни навики и стил на исхрана-Поради долгото задржување на Марс во Девица (до 4 јули) можно е повремено да чувствувате акутни проблеми поврзани со варењето ??? Кога ќе ми објасни некој како тоа-задржувањето на Марс во Девица до 4ти јули можно е да ми направи проблеми со варењето?:pos: Стварно овоа смешно е веќе.Кога некој ќе ми објасни КАКО планетите и ѕвездите делуваат врз луѓето (нели по хороскопот),тогаш може слободно да правиме муабет.Значи-интересното ми е,што луѓето секогаш сакаат да си најдат некое објаснување за нешто-а наједноставното е хороскопот !И најзабавното воедно (y) Има уште многу за дискусија,само уште чекам одговор,како планетите и ѕвездите делуваат врз луѓето-дотогаш излишни одговори не се потребни

Секако дека имаш право да кажеш сопствено мислење, на форум си нели?
Но ти доколку навистина толку длабоко и детално си ја изучувал астрологијата како што самиот тврдиш би требало солидно да си подкован со знаењето и значењето за планетарните аспекти и се разбира филозофско психолошкиот пристап што ова поле го има кон самата интерпретација. Ама ете ти си заглавен на една банална работа наречена дневен хороскоп. Што значи дека баш и не си се "бафтал со хороскоп бааги време" како што самиот тврдиш. Така да твојата теорија дека сето тоа се само глупости за жал нема да биде земена како сериозна.

Дневен хороскоп има насекаде, и за жал поради комерцијални причини поголем дел од понуденото се глупости. Одредени консталации можат да се задржат ден два и да покажува одредени влијанија. Потребна е натална карта за детално објаснување, а само еден знак ако се зема во предвид тогаш претставува проблем затоа што секоја личност е под влијание на многу други работи. Реномираните астролози препорачуваат ако веќе не сте во можност да си имате изработено натална карта тогаш барем читајте и за вашиот подзнак и месечевиот знак покрај стандардниот сончев знак.

А планетите и ѕвездите делуваат врз луѓето, ова веќе го имам објаснето.
Движењето на планетите влијае врз плима и осека, тоест водата на нашата планета, ние луѓето сме 90% вода па така влијае и врз нас.
Да различни сме поради периодот на раѓање. Личност што е родена во јануари сигурно се разликува од личност што е родена во јули. Самите магнетни полиња и зрачења ни го прават тоа.

Исто така приметив дека мрчиш за астролошките предвидувања. Предвидувањата од ден за ден се само дел од астрологијата, но да си читал повеќе како што се пофали самиот би го знаел тоа. Предвидувањата се вршат на принцип на повторување, и тоа е еден од најкотроверзните делови од целава фарса затоа што за жал во 90% случаи се точни. Популарен пример ти е планетарната состојба на првата голема светска депресија во 1930 што се појави овие години и пак донесе глобална рецесија.

Чисто како додатно статииче од самиов портал затоа што многу љубиш да читаш на темава клик





пиес: се согласувам со тебе за непотребните излишни одговори како овој што ти го напиша.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Ѕ'вер @ burn84
Извинете што се мешам, ама ми се чини дека многу сериозно ја сфаќате астрологијата и се впуштивте во сериозна дискусија околу нешто што не е сериозно.
Единствена намена на астрологијата е забава.
Инаку, верувам дека знаете, христијанската црква никогаш немала разбирање за астрологијата и слични работи.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Целиот концепт на хороскопот ми е безвезе. Кога ќе прочитам што ги очекувa сите јaрци овој ден или недела знaчи дека на некој начин е предодредено што ќе прават. Според мене, судбината не е нешто што ни е предодредено, па затоа и воопшто не верувам во тие работи. Чиста коинциденција, погодена ми е само тврдоглавоста :D
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
@Ѕ'вер @ burn84
Извинете што се мешам, ама ми се чини дека многу сериозно ја сфаќате астрологијата и се впуштивте во сериозна дискусија околу нешто што не е сериозно.
Единствена намена на астрологијата е забава.
Инаку, верувам дека знаете, христијанската црква никогаш немала разбирање за астрологијата и слични работи.
Астрологијата е сериозна, забавниот дел е за пари правење од недоволно упатените.
Црквата...многу озбилна работа ете.

Целиот концепт на хороскопот ми е безвезе. Кога ќе прочитам што ги очекувa сите јaрци овој ден или недела знaчи дека на некој начин е предодредено што ќе прават. Според мене, судбината не е нешто што ни е предодредено, па затоа и воопшто не верувам во тие работи. Чиста коинциденција, погодена ми е само тврдоглавоста :D
Астрологијата ги покажува условите, ние самите ги носиме одлуките.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Лично сам много заинтересирана за астрологију и обожавам да анализирам ама не е тој пресудно за еднога човека.Да га судиш според хороскоп или ако некоја си вага избегнувала кавге(а такој пишувало и у хороскоп) сви наредни ке бидев такви.Нема врска.Може пуно пут да погоди.Лично зар никад не су ви погодиле дневан хороскоп или све е само случајност?!Или кд не ни се свиѓа дневан хороскоп тој су глупости а ако каже ке ни се посреќи у љубав или ке земемо паре тга е добар хаха.
Далеко од тој дека ке пресуди за човека ама лично има ствари кои погаѓа.Ја сам на пример девица у хороскоп а 20 посто од карактеристике дали важив за мене.У подзак јарац а у месечев лав и на пример лав ме опишуе потпуно како ја да сам пишувала :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Секако дека имаш право да кажеш сопствено мислење, на форум си нели?
Но ти доколку навистина толку длабоко и детално си ја изучувал астрологијата како што самиот тврдиш би требало солидно да си подкован со знаењето и значењето за планетарните аспекти и се разбира филозофско психолошкиот пристап што ова поле го има кон самата интерпретација. Ама ете ти си заглавен на една банална работа наречена дневен хороскоп. Што значи дека баш и не си се "бафтал со хороскоп бааги време" како што самиот тврдиш. Така да твојата теорија дека сето тоа се само глупости за жал нема да биде земена како сериозна.

Дневен хороскоп има насекаде, и за жал поради комерцијални причини поголем дел од понуденото се глупости. Одредени консталации можат да се задржат ден два и да покажува одредени влијанија. Потребна е натална карта за детално објаснување, а само еден знак ако се зема во предвид тогаш претставува проблем затоа што секоја личност е под влијание на многу други работи. Реномираните астролози препорачуваат ако веќе не сте во можност да си имате изработено натална карта тогаш барем читајте и за вашиот подзнак и месечевиот знак покрај стандардниот сончев знак.

А планетите и ѕвездите делуваат врз луѓето, ова веќе го имам објаснето.
Движењето на планетите влијае врз плима и осека, тоест водата на нашата планета, ние луѓето сме 90% вода па така влијае и врз нас.
Да различни сме поради периодот на раѓање. Личност што е родена во јануари сигурно се разликува од личност што е родена во јули. Самите магнетни полиња и зрачења ни го прават тоа.

Исто така приметив дека мрчиш за астролошките предвидувања. Предвидувањата од ден за ден се само дел од астрологијата, но да си читал повеќе како што се пофали самиот би го знаел тоа. Предвидувањата се вршат на принцип на повторување, и тоа е еден од најкотроверзните делови од целава фарса затоа што за жал во 90% случаи се точни. Популарен пример ти е планетарната состојба на првата голема светска депресија во 1930 што се појави овие години и пак донесе глобална рецесија.

Чисто како додатно статииче од самиов портал затоа што многу љубиш да читаш на темаваклик





пиес: се согласувам со тебе за непотребните излишни одговори како овој што ти го напиша.
"значењето за планетарните аспекти"
Сега не знам во која смисла мислш планет. аспекти.И некако како да играш со зборовиве.НЕ ГО ДРВИ СО ТОЈ ДНЕВЕН ХОРОСКОП АМАН !
Ако мислиш на тоа- пример планетава Марс,името и е дадено по римскиот бог на војната Марс.И на повеќето планети,имињата им се дадени по римско/грчки антички богови.Тоа го знаеме.Е сега читај убаво,еве од каде иде АСТРОЛОГИЈА,како збор и учење (ова е од Вујаклија лексикон)
"астрологија (гр.αστρολογία)-овака старите Грци и Римјани ја викале астрономијата.Ослонувајќи се на Аристетоловото мислење,по кое,ѕвездите се суштества со натчовечка интелегенција,и која,заради своите чисти и боженствени облици,врши извесно влијание на овоземскиот живот,средновековните астролози,створиле празноверие за силно влијание од некакви си астрални духови врз ловековиот живот.Така астрологијата постанала за "читање на ѕвезди",тоест,вештина да се чита човековата судбина,од положбата на ѕвездите (и денес има следбеници)"
Е сега,за месечината.(самата по себе е мистерија али..) јас лично верувам дека месечината има влијание врз луѓето,баш на таков начин како шо и ти објанси.Над 75% сме вода,и знаеме дека месечината со нејзината гравитација делува врз морињата и океаните-плима и осека,па по некоја логика одиме дека делува и врз човекот.Тоа и е научно објаснето и докажано,нема тука шо.Арно ама,месечината е "блиску" до нас,па дури и преблиску,и многу логично е да има влијание врз земјата генерално.Ама,ѕвездите се толку многу оддалечени,шо јас сум сигурен дека немаат влијание врз нас.Еве,пошто изгледа мислиш дека само со дневен/шалабајзерски хороскоп сум се бафтал,еве те прашувам конкретно прашање.
Пример:на некого му читаат во наталната карта-на 2.7.2012 Јупитер ќе мине во знакот на Рак,што ќе резултира со зголемена емотивност и раздразливост (нели особини од Рак),и внимавајте на тешки периоди,психичка напнатост па дури и смрт (нели Јупитер е големиот учител). Како гледаш ти на тоа?Ете ти пример.Е сега,јас можам да го сватам влијанието на Јупитер како планета И САМО планета,а не како "големиот учител" (нешто останато од митологиите).Нормално е Јупитер со таа огромна маса,да има влијание врз Земјава,што не верувам дека е тоа случај со плутон нпр.,а уште помалце верувам дека тоа е случај со некоја ѕвезда или соѕвездие,ме разбираш ли?
Преголема далечина,за да би имало некое влијание,и затоа некако работите паѓаат во вода кога се работи за астрологијата..
Отворен сум за дискусија,не држам мој став,како слеп за стап ! dont worry само,одам со мојата логика пред се
пс-погоре,за Сатурн мислев не Јупитер
 

Kajgana Shop

На врв Bottom