Е па христијани и останати... гледам никој не го начнал ова прашање... повелете..
Имено станува збор за...
Лилит- Камшикот божји
Лилит е првата жена!! таа му била првата жена на Адам .Бог ја создал како и Адама , од земја, еднакви.Била слободен и немирен дух,и не сакала да му се потчини на Адам.Заради тоа и бог ја протерал и таа побегнала од небесата. Се населила на бреговите на црното море,каде што живеела разуздано ,блудничејки со разни зли духови,рагајки дневно стотици мали демони.Откако Адам и Ева биле протерани од рајот заради гревот што го направиле,Господ ја повикал Лилит да ги казнува Адам и Ева со тоа што ке ги краде и убива нивните деца.Така Лилит од отпадник станува камшикот божји.Таа е нокен демон и секој кој спие сам мора да се плаши од неа.Лилит ке ги демне децата на човекот се додека Месијата не дојде на земјата и не ги протера сите демони од лицето на земјата!
за нејзината биографија ..
Со сликите на понижување.бегство и осаменост со постојано присутен огнен бес и освета на заводничката и чедоубиец, изобилува целата митологија за Лилит. Најрани биографски материјали кои се однесуваат на Лилит се појавуваат на стариот текст на Алфа бет Бен Сир -дело за активната имагинација на библиските митови за настанувањето на мажот и жената.Бен Сир Мидраш ги разрешува спротивставените приказни за настанувањето на првата жена.Според Бен Сир.
Бог ја обликувал Лилит ,првата жена во исто време кога и Адама. Само што употребил кал наместо земја.
Адам и Лилит никогаш не пронашле мир заедно.Таа со него не се согласувала во многу нешта и одбивала да легне под него за време на половиот однос,темелјки го своето брање за еднаквост и фактот дека и двајцата биле создадени од земја.Кога Лилит видела дека Адам може да ја совлада,таа го изустила забранетото име Божје и летнала во Светот.
Конечно таа почнува да живее во пештера ,во пустиниа на бреговите на Црвено море .Таму се препуштила на разуздан промискуитет.Спиела со страсни демони и секој ден рагала стотици демонски бебиња.Отпрвин месечината сакала да се стопи со сонцето и да ужива во неговата светлина како што ни зборува Зохарскиот мит. но за казна бог ја испратил долу да ги следи човечките стапки како сенка.Како резултат на тоа спротивставување МЕсечината повторно се рага како Лилит, огнен и слободен дух.После тоа таа спие со мажите своеволно за свое задоволство и мок.