- Член од
- 20 март 2012
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.366
--- надополнето: 2 јули 2012 во 20:44 ---
1. За вакво нешто не сум слушнал досега, знам за слични примери, но за студент и професор/вработен и работодавач кои лично се познавале од претходно, имале лични релации. Ама исклучиво заради исто место на живеење, не.
2. „Дупло помала плата од предвиденото“ - што е тоа „предвиденото“, не те разбирам овде, би те замолил да дообјасниш. И за какви суми се наоѓа каква работа, би сакал да ти одговарам, ама цел овај дел не ти го разбирам воопшто, што сакаш да прашаш и што сакаш да кажиш.
3. Не знам зошто имаш против дијалектите, кога впрочем постои и специфичен скопски дијалект. Јас еве на пример, кога слушам скопјанка никогаш не ми било ништо посебно чудно. Ама да слушнам скопјанец? Особено млад скопјанец? Одбивно ми било до немајкаде. Но со време навикнав, едноставно секој човек си е посебен свет и тоа е тоа.
Конкретно за тебе, кога си родена скопјанка, земи си еден асолен сопруг од внатрешноста, па да видиш што е живот и со втор, или како што велиш „резервен“ град со роднини и пријатели.![]()
1.Ајде вака, од почеток, пошто очигледно не се разбравме...За односот студент/професор. Можам да ти набројам барем тројца професори кои само на мојот факултет при УКИМ пуштаа нивни студенти сограѓани, по автоматизам - само ако купеа книга, добиваа шестка. Немаше ни да знам за тоа, да не ми кажеа самите колеги од внатрешноста, лично.
2. Ќе ти дадам конкретен и вистинит пример. Мој другар требаше да работи како келнер во кафуле на Кеј за 12 000 денари. Се беше средено, кога веќе во последен момент газдата му откажа, бидејќи се појавил некој друг од внатрешноста кој самиот се понудил да работи за 8000 денари. Ако тоа не е девалвација на трудот, не знам што е
.3.Во болдираново и самиот си признаваш дека не го сакаш скопскиот дијалект и тоа си е твое право.
Јас немам ништо против дијалектите, туку против луѓе кои сакаат да живеат во голем град, и не се култивираат. Тука спаѓа и јазикот. Секој град има свој дијалект, своја култура и логично е кога живееш во него да се обидеш да се прилагодиш. Уште еднаш ќе повторам, не девалвирам ничиј дијалект, но исто како што јас би се обидела да се прилагодам на пример, во Охрид, Струмица или на некое сосема трето место, редно е тоа да го сторат и сите оние кои доаѓаат да живеат тука.
И за крај, не морам да се мажам за сопруг од внатрешноста за да имам роднини и пријатели
Поздрав--- надополнето: 2 јули 2012 во 23:44 ---
Senior Flash Developer (програмер) со безмалку три години стаж во Invideous limited во Битола зема плата 18 000 a скоро секој ден седи прекувремено и по 2-3 сати.
Junior Flash Developer во истата Invideos limieted ама во Скопје со два месеци стаж и без никакво предходно искуство има почетна плата од 25 000 a времето го врви на ps3 и на пинг понг кој шо ги имаат во канцеларите, додека чека овај од Битола да му го напиши кодот и да му го прати на skype.
еве ти го мојот коментар од пред две страни. (сам за себе си зборувам во трето лице ако не скопча) Кажи ми кој на кого му го девалвира трудот!!
Тие 18 000 во Битола вредат како 25 000 во Скопје. Не за џабе сме најскап град за живот во државава.Трошоците за живот се повисоки, и затоа даваат повисока плата.
Мислев дека програмерската работа не е врзана со специфична локација. Барем јас познавам едно чудо фриленсери кои добра пара фаќаат од странство.
--- надополнето: 2 јули 2012 во 23:51 ---
За ова си во право, службен јазик е литературниот македонски јазик.
Ама ај одговори ми дали ги разбираш рамковните скопјани кои работат на шалтер?? Ко есперанто да ти зборуваат, а се жители на Чаир, Топаана, Бутел... Струмичани се Блаже Конески за нив
Искрено да ти кажам, кога одам на шалтер, вработените од албанска националност повеќе ги разбирам, бидејќи се трудат да зборуваат на македонски, како што и треба во државава. Не им е мајчин јазик, но се трудат и го почитувам тоа, повеќе отколку кога гледам некој наш како тера негов локален дијалект и мисли дека се уште си е во село, на нива, а не во државна институција.


Итекако исплатливо ако си работат за британска или било која друга странска фирма, а парите си ги трошат тука