Ангола - Македонија (88:84) | Квалификации за ОИ, Лондон

Статус
Затворена за нови мислења.

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Абе што не ви е јасно,самарџиски имаше повреда затоа не ја играше цела утакмицааа.
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Кој е крив?
Што сега испадаме или?
 
H

HoT IcE

Гостин
Не бевме толку лоши колку што Ангола имаше извонредна серија на шутеви во прво полувреме. Едноставно не убија со тројки, а ние делувавме превише изгубено.
Но забележив неколку грешки што ги прави Лазовски. Претпоставував дека се работи за слаб тренер, но не очекував волку лоша реакција кога е потребно брзо реагирање. Еве неколку што ги јас забележив а идат на негова душа:
  • Каснеше со тајм-аути, и тоа многу. Неколку пати дозволи при серија шутеви на Англола(прво полувреме) играта да продолжи и направија огромна предност.
  • Прави лоши замени, Самарџиски мораше да добие повеќе шанса пред Гечевски, и Николовски пред Чековски. Не ми е јасно по кој критериум Чековски е прв избор пред Николовски, тотална дупка е, не знае кај тера на терен, и во дефанзива е очаен. За Гечевски не се осмелувам да го критикувам затоа што не вадел многу пати, но на мечов беше фејл. Симоновски мораше повеќе минутажа и ротација со Владо, барем за шут од 3, има добра рака за шут.
  • Во напад бевме просечни, но во дефанзива бевме ужасно организирани и многу дозволивме офанзивки скокови, ова беше главна причина поради која загубивме, мораше да ги мотивира, освести или ишамара на терен за да се освестат дека треба да скокаат под кош.
  • Ужасен мотиватор, ко жална врба е.
Лош почеток, за натаму не сум оптимист што и не е по моја природа, но играта и тактиката на Лазовски ме тера да бидам песимист, и со ваква игра против НЗ можеме да победиме, но против Русија немаме никакви шанси.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Утре Нов Зеланд ќе треба да ги победиме со што поголема разлика мин 15 поена да ги тепаме затоашто во псоледно коло ќе треба Нов Зеланд да ја тепа Ангола со поголема разлика од ние што сме ги победиле.
Инаку вечерва да не гаѓаа со толкав процент тројки циганиве сигурно ќе ги тепавме ,во второ за да ги затвориме надворешните позиции заборавивме на рекетот и не утепаа после тоа со офанзивни скокови мислам дека имаа над 20 офанзивни скока само.
да победиме со 8 разлика да речеме ќе имаме +4 кош разлика.
Нов зеланд победува против ангола со 1-11 разлика и ние сме прво место
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Абе Бо да не погрешил соблекувална инстиктивно после утакмицава..да забега кај Анголците :pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.512
Поени од реакции
114.621
Кажав и пред да почне турниров, единствената причина поради која не би успеале на турниров може да биде селекторот и никој друг. Не сакав да ширам негативна енергија и сеуште не сакам, али потајно во себе се плашев од вакво нешто. Ротација 0, скаутинг на противникот 0, одбрана 0. Не може да се добие утакмица без претходно добро да се изанализира противникот. Овој натпревар требаше да го добиеме под кошевите, а таму Ангола не уби, 100 офанзивни скока ни фати а тие имаат само еден играч кој им е класичен центар, оној Миндас или Миндаш како и да е.

Киро за кур му дреме на клупа, немаше минутажа денеска, срамота. Он е играч што може да фати офанзивен скок, знае да поентира, има добар шут а и одличен е во одбрана. Мекејлеб беше многу чуден денеска, во одбрана фигурираше како сталка, го проаѓаа ко мало дете, изгледа заморот од напорната сезона во Сиена го стигна. Ништо не ни преостанува освен со кренати глави да го дочекаме утрешниот дуел и да идеме на што поубедлива победа против Нов Зеланд а во 1/4 финале со Господ напред, не се даваме лесно. :)
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Ја немаше таа желба од Литванија и таа игра. Мислам дека беше некоја тактика тоа што прво полувреме ги остававме толку многу сами за шут за 3, сигурно никој не верувал дека ќе имаат ваква серија за 3 анголциве. Илиевски слаба одбрана изигра, освен у 1-2 наврати, неможеше да го следи својот играч, мораше да биде сменет! БО се виде заморот од долгата сезона. Антиќ добро изигра. Пеџа и Војдан најдобри.
Идеме понатаму. Ни треба победа од 5 разлика најмалку утре за да идеме сигурно.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756


I miss you like a retard misses the point!!!
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Не знам дали у некоа луда математика, можемо да излеземо први у групава?
 
G

grande-juve

Гостин
Браво Лазоски!
Влегува Самарџиски, со него заигруваме многу подобро и одбрана и напад, намалуваме, и го вади за Гечевски кој се виде дека не е спремен ни 50 отсто. Па без Пеџа ни направија и свадба под кошот :facepalm:
Борче, се гледа дека немаше сила па на периоди “се одмараше“. Зошто селекторе не го смениш за да одмори, полесно се игра одбрана со 5 во тимот, него ли со 4.
На почеток на 4-та четвртина Анголциве исполнуваат бонус. Зошто не форсираш игра со влезови на Бо, Владо, браќата, или под кош со Антиќ, да бараме контакт, а со тоа поени од слободни и замрзнато време...
Многу ме изнервира селекторов. А Самарџиски ако бил повреден, немаше да почне или да влезе во второ и да стои додека се тајм-аутите.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Да сакаа не можеа да изиграат полошо.Ваква лоша игра поготово во одбраната ни на сон не може да не однесе во Лондон.До утакмицата со Нов Зеланд треба да има огромни промени во нашата игра,а колку има време за тоа е друг муабет.Можеби е рано да се суди но отсуството на Докузовски се чини дека е еден огромен недостаток во нашата репрезентација.Човеков добиваше утакмица со нешто над 60 поени,а денес примивме скоро 90 поени.За ова најпрво треба да се подзамисли Лазовски и да не форсира брза и напаѓачка игра кога нашето главно оружје е добра одбрана.Ние со ваква игра ќе постигнуваме можеби по 80 или 90 поени на утакмица но проблемот ќе биде што нон-стоп ќе јадеме над 100 поени.Тактиката од Литванија мора да се врати што е можно побрзо зошто со ваква кошарка ништо чудно и Нов Зеланд да не пукне па да гледаме реприза од она што го направија ракометарите,а веќе почнавме со такво гледање.Кај играчите исто се забележа едно мало глумење на супер ѕвезди и треба и тие во најбрзо време да се вратат во реалноста и да си ја повратат онаа скромност од Литванија.Можеби премногу ја спомнувам Литванија и тоа што таму се случи и играше веќе никогаш нема да се повтори но ако се случи такво нешто тогаш самите ќе си бидеме криви.Дај боже ова да е само еден лош старт за нашата репрезентација но по ова што денес се играше реално е премногу тешко да бидеме позитивни.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
да победиме со 8 разлика да речеме ќе имаме +4 кош разлика.
Нов зеланд победува против ангола со 1-11 разлика и ние сме прво место
Ангола нас не победува сега, ние да ги тепаме Нов Зеланд и Нов Зеланд да ги тепа Ангола.... па тоа е повеќе од нелогично. Доколку НЗ се послаби противници од Анголците и ако ние сме навистина апсолутни фаворити против кошаркарите од Нов Зеланд..... не гледам теоретски шанси за Нов Зеланд против Ангола. Единствено си викам Русите да изгубат некако намерно за да не се мачат со нас, да си наместат да се втори и да играат против Ангола :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom