Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Не е само работата да доаѓат инвестиции треба да се внимава и каков однос имат кон вработените т.е. треба однапред да се воспосават правила на игра како слободни денови во годината, празници, недели, минимална плата, платена прекувремена работа, осигурување, заштита при работа и т.н. во спротивно ќе ни се случува ова:

ПРОТЕСТ ЗА ПЛАТИ ВО ШТИПСКАТА ФАБРИКА „ЈАЈА МЕ3ЛЕР“

Околу 200 работници од погоните Џинс и Деним во текстилната фабрика „Јаја Мезлер“ денеска протестираа , како што велат тие,заради лошите услови за работи, но и ниските плати. Според револтираните работници,...

Околу 200 работници од погоните Џинс и Деним во текстилната фабрика „Јаја Мезлер“ денеска протестираа , како што велат тие,заради лошите услови за работи, но и ниските плати. Според револтираните работници, вчера зеле плата од 5.000 до 8.000 денари.
Работниците се првите кои излегоа на протести и се охрабрија да се пожалат на ниските плати во текстилната индустрија. Ниту една штипска текстилна конфекција нема основна синдикална организација, која евентуално би ги застапувала интересите на работниците. Фабриката пред шест години ја купи турски инвеститор, кој согласно договорот требаше да инвестира 13,5 милиони долари, а да вработи околу 1 160 работници. Раководството во телефонски разговор за Телма вели дека веќе наоѓа решенија за проблемите и барањата на работниците, но состојбата на пазарот е исклучително тешка заради економската криза.Вработените од првата смена попладнево се вратија на своите работни места.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Од текстилна индустрија не може да се очекуваат високи плати.Освен ако немаш марка па решиш да ги субвенционираш загубите што би ги имал произведувајќи во Македонија со повисоки плати чисто од патриотизам и човечност.

Во спортивно треба да се натпреваруваме со Пакистан,Тајланд,Бурма,Индонезија и Кина .Во Индонезија да се сошие една најк маица ги чини најк 1.20 долари потоа Најк ја продава за 25 + .

Пари во шиење нема во дизајнирање облека има.Дури и Бразилците кои едно време шиеле за Америка и пола Јужна Америка им пропаѓа текстилната индустрија поради конкуренција од Азија.

Нашиве газди или ќе се групираат и ќе направат свој бренд па да почнат и да дизајнираат и продаваат облека ( за што голем дел ја немаат ни имагинацијата ниту интелегинцијата а и ривластво најверојатно владее ) или пак да почнат да произведуваат специјализирана облека со долгорочни договори како униформи,заштитна облека и такви работи.

Али и со тоа пак повеќе од 300 евра плата за шивачи не може да се очекува .
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Македонија се приклучува кон проектот „Јужен поток“
„Газпром“ има подготвено нацрт договор за приклучување на Македонија кон проектот „Јужен поток“

Во текот на следниот месец преку руското Министерство за енергетика ќе биде доставен на разгледување во Владата на Руската Федерација, по што ќе ни биде предаден Нацрт договор за потпишување. Ова денеска во Санкт Петербург на премиерот Никола Груевски му го пренесе генералниот директор на руската нафтена компанија Алексеј Милер.
На средбата тие изразиле задоволство од досегашната соработка и подготвеност и заложба за интензивирање и динамизирање на процесот за приклучување на Македонија во овој проект кој претставува еден од најзначајните гасоводни коридори во Европа.
Заеднички е констатирано дека вклучувањето на Македонија во проектот „Јужен поток“ е од корист и интерес за граѓаните и компаниите во Македонија и за ширење на пазарот на руската компанија.
- Нѐ информираа дека од нивна страна се завршени процедурите за договорот и предадени во Министерството за енергетика, така што во наредните неколку недели до еден месец треба да се завршат процедурите во Министерството за енергетика и во Владата на Руската Федерација по што ќе ни биде предаден Нацрт договор за потпишување. Со потпишувањето на овој договор ќе се официјализира влегувањето на Македонија во изградбата на Јужен поток - изјави Груевски.
Според него, тоа е крупна и значајна инвестиција, којашто на долг рок има големо значење за енергетската стабилност и сигурност на Македонија.
„Газпром“ планира гасоводот да поминува низ многу земји и да се заврши до крајот на 2015 година.
- Тоа ќе биде една сериозна поддршка на енергетскиот систем на Македонија и поддршка на компаниите на кои им е потребен гас и кој ќе им биде долгорочно снабдување со енергија - оцени Груевски.
На средбата соговорниците изразија подготвеност и интерес и за реализација на други проекти од заеднички интерес.
Покрај средбата со раководството на „Газпром“, владината делегација имаше средба и со губернаторот на Ленинградската област, со кого се разгледувале можностите за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и оваа област. Заклучено е делегација од Ленинградската област да ја посети Македонија.

Извор:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Барем Грујо е етнички Македонец и се труди нешто да направи за Македонија и Македонците.
Со амнестирање на терористи го изгуби целиот кредибилитет кај многу луѓе.Да си нешто малку подобар од Б.Ц. и не е баш некој успех.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ВАН ХООЛ ЗАКУПИ 117 ИЛЈАДИ МЕТРИ КВАДРАТНИ ВО БУНАРЏИК 2

Белгиската компанија Ван Хоол, којашто најави изградба на фабрика за производство на автобуси во индустриската зона Бунарџик 2, закупи градежна парцела од 117.600 метри квадратни. Според објавата во „Службен весник“, компанијата ја закупи градежната парцела во период од 95 години, по 10 центи за метар квадратен во првите пет години, односно Ван Хоол годишно ќе плаќа по 11.764 евра годишно за земјиштето на коешто ќе биде изградена фабриката. Според објавата во „Службен весник“, во рок од 60 дена од денот на склучувањето на договорот за долготраен закуп за да може да управува со земјиштето Ван Хоол ќе треба целосната сума од 58.821 за закуп на градежно земјиште за првите пет години да ја уплати веднаш. Според најавите, Ван Хоол планира инвестиција од 20 милиони евра во Бунарџик 2, каде што ќе отвори фабрика во која ќе склопува автобуси наменети за американскиот пазар. Во моментов на локацијата веќе се започнати градежните активности, а со производство на автобуси се очекува дека ќе започне во втората половина на 2013 година
KОМПАНИЈАТА „ВАН ХОЛ“ ДЕНЕСKА ПОТПИШУВА ДОГОВОР ЗА ЗАKУП
Белгиските автобуси од Македонија ќе патуваат за САД
Белгиската компанија за автобуси „Ван Хол“ и официјално ја почнува својата инвестиција во Македонија. Претставник на компанијата и Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони денеска ќе го потпишат договорот за закуп на земјиште во индустриската зона Скопје 2, каде што ќе се гради фабриката за производство на автобуси.

Според договорот, белгиската компанија ќе закупи 117.640 квадратни метри земјиште во следните 95 години. Закупот во првите пет години ќе ја чини компанијата по 10 евроценти за квадратен метар. „Ван Хол“ најдоцна за два месеца по потпишувањето на договорот треба да уплати околу 59.000 евра за закуп за првите пет години.

Од Дирекцијата објаснуваат дека Белгијците во моментов го расчистуваат земјиштето каде што треба да се гради фабриката, по што ќе се работи на проектот. Планирано е изградбата на објектот да почне откако ќе се расчисти теренот и ќе се завршат процедурите за добивање градежна дозвола.

- Со оглед на тоа дека се работи за мошне голема парцела, потребно е време за да се расчисти просторот. Ние веќе ги завршивме нашите обврски за асфалтирањето на пристапниот пат и изградбата на другата инфраструктура, а ќе помогнеме и компанијата што побрзо да добие градежна дозвола. Изградбата на објектот треба да трае околу една година, така што се очекува производството да почне во втората половина на 2013 година - вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Kомпанијата „Ван Хол“ во Македонија ќе прави автобуси наменети за американскиот пазар. Според првичните најави од компанијата, тие во земјава ќе вложат околу 20 милиони евра и ќе вработат околу 400 луѓе.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
АРЧЕЛОР МИТАЛ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Најголемиот произведувач на челик во светот, Арчелор митал, кој е присутен и во Македонија, инвестира во фабриката во Скопје. Ја пушти во функција реконструираната печка од линијата за производство на поцинкуван лим, инвестиција вредна 3,5 милиони евра, обезбедени од сопствени средства на компанијата.
„Со инвестицијата е реконструирана и целосно автоматизирана линијата за поцинкување, која ќе придонесе за зголемување на производството и на квалитетот на нашиот производ. Исто така, оваа инвестиција претставува и ја демонстрира нашата заложба за заштита на животната средина преку намалување на емисиите во амбиенталниот воздух. Ова е уште еден чекор на патот за добивање квалитетен и еколошки производ во нашата индустрија“, рече Хуан Педро Хименез Наваро, главен извршен директор на Арчелор митал-Скопје.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85793/archelor_mital_so_nova_investicija_vredna_3,5_milioni_evra.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Германски „Кронберг и Шуберт“ влегува во битолско Жабени

Германската компанија „Кронберг и Шуберт“ влезе во Битола. Завршени се сите административни процедури, а за неколку седмици се очекува и официјално потпишување на договорот за оваа најголема гринфилд инвестиција според бројот на идните вработени.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=83877
КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ ПОЧНУВААТ ДА ГРАДАТ ФАБРИКА ВО ЖАБЕНИ

Германската компанија во понеделник ќе постави камен-темелник на фабриката за производство на кабелски инсталации во битолската индустриска зона Жабени. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра во првите пет години и се очекува да вработи 2.500 луѓе. Кромберт и Шуберт треба да почнат со производство во март следната година.
„Оваа инвестиција е од големо значење не само за општина Битола. Со оваа инвестиција, за која во конкуренција беа и други земји, ќе се обезбедат повеќе од 2.500 нови директни работни места и исто толкав број нови индиректни работни места поврзани со дополнителните услужни дејности како транспорт, логистика,
сервисирање и други потреби кои компанијата ќе ги има во текот на нејзиното работење. Камен-темелникот претставува крај на транзицијата во Битола и почеток на нова иднина за Пелагонискиот регион“, истакнува министерот за странски инвестиции, Веле Самак.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Драматичен пад од 83% на странските инвестиции во првите четири месеци

Само 30,6 милиони евра странски инвестиции дојдоа во Македонија во првите четри месеци годинава, што е за 83% помалку споредено со истиот период лани, кога влегле 179,1 милион евра странски инвестиции. Податоците од Народната банка покажуваат дека во април има поголем одлив од прилив на странски капитал, па салдото е во негатива од 33,6 милиони евра.

Иако Владата за годинава, според економската програмата, очекува странски инвестиции од 350 милиони евра, досегашните бројки велат дека се мали шансите за тоа .
Овие поразителни податоци доаѓаат и покрај честите роуд шоуа на владиниот економски тим, кој од почетокот на годината посети над 20 земји и ги презентираше инвестициските можности, а во посета на државата беа индијски и катарски милијардери, кои најавија инвестиции во Македонија.

Во меѓувреме во индустриската зона Бунарџик, четирите странски инвеститори, кои минатата година започнаа со изградба на фабрики, интензивно ги градат своите погони. Според проекциите, се очекува до крајот на годината да почнат да работат. Од почетокот на годината, две странски компании започнаа инвестиции во Македонија. Британската автомобилска компанија Џонсон Мети почна да гради втора фабрика, а белгискиот производител на автобуси Ван Хоол работи на расчистување на теренот и се очекува на почетокот на следниот месец да започне со изградба на фабрика за производство на автобуси во индустриската зона Бунарџик 2.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85848/dramatichen_pad_od_83_na_stranskite_investicii_vo_prvite_chetiri_meseci.aspx#.T-2bmtfqORc.facebook
 
ДРАМАТИЧЕН ПАД НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ОД 70%

Само 1,6 милиони евра странски инвестиции влегле во земјава во март годинава, покажуваат најновите податоци што ги објави Народната банка. Во првиот квартал, вкупните странски инвестиции изнесуваат 59,8 милиони евра што е дури 70% помалку во споредба со истиот период лани.
Најголем инвеститор во земјава во првите три месеци е Австрија, од каде дошле 28,6 милиони евра. Во неколку земји пак, има одлевање на капитал. Во Велика Британија се одлеале 15,4 милиони евра, во Словенија 3,8 милиони евра и во Грција околу 3 милиони евра. По сектори, најголем дел од инвестициите доаѓаат од областа на енергетиката, финансискиот сектор и градежништвото.
Овие поразителни податоци доаѓаат во време кога премиерот и министрите од економискот тим на Владата интензивно се во потрага по странски инвестиции низ светот. По Кина и Италија, маршрутата на новото роуд шоу ги опфаќа Шведска, Данска, Норвешка и Финска, каде што премиерот и делегацијата во која се и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески ќе присуствуваат на бизнис форуми на кои ќе ги претстави економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе шведски, фински, дански и норвешки компании.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/84751/dramatichen_pad_na_stranskite_investicii_od_70.aspx
Ова е од почетокот на месецов. Мене овде ама баш ништо не ми е јасно. А дека има пад во инвестициите има, и тоа се гледа и осеќа во секојдневниот живот.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ ПОЧНУВААТ ДА ГРАДАТ ФАБРИКА ВО ЖАБЕНИ

Германската компанија во понеделник ќе постави камен-темелник на фабриката за производство на кабелски инсталации во битолската индустриска зона Жабени. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра во првите пет години и се очекува да вработи 2.500 луѓе. Кромберт и Шуберт треба да почнат со производство во март следната година.
„Оваа инвестиција е од големо значење не само за општина Битола. Со оваа инвестиција, за која во конкуренција беа и други земји, ќе се обезбедат повеќе од 2.500 нови директни работни места и исто толкав број нови индиректни работни места поврзани со дополнителните услужни дејности како транспорт, логистика,
сервисирање и други потреби кои компанијата ќе ги има во текот на нејзиното работење. Камен-темелникот претставува крај на транзицијата во Битола и почеток на нова иднина за Пелагонискиот регион“, истакнува министерот за странски инвестиции, Веле Самак.
ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГЕРМАНСКАТА ФАБРИКА КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ ВО БИТОЛА

Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски денес ќе присуствуваат на поставувањето на камен темелникот на германската компанија Кромберг и Шуберт, во индустриската зона Жабени во Битола.
Оваа германска инвестицијата беше најавена во мај годинава. Според тогашните прогнози фабриката ќе вработи околу 2.500 луѓе.
Инаку “Кромберг и Шуберт“ е германска фамилијарна фирма во автомобилската индустрија и произведува високо технолоши производи, како кабли, кабловски исталации, пластична технологија и мехатроника.
http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/85890/denes_zapochnuva_izgradbata_na_germanskata_fabrika_kromberg_i_shubert_vo_bitola.aspx

Аирлија.
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707

Ова ако се оствари сигурно ќе е најголемата грин филд инвестиција во Македонија јас не знам некоја друга странска фирма да отворила 2 500 работни места кај нас.Оваа во Кавадарци дури повеќе ќе е 4000 илјади.
Ако се реализира ова ќе ја подобри и тоа многу состојбата во тој регион.

И друго интересно велат Западот во криза инвестиции од Исток бараме јас колку што пратам 90% од инвестициите до сега се Западно Европски фирми.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.429

И не само тоа, туку 95% од сета помош од странство е од ЕУ, САД и Јапонија, само кинезите имаат донирано од БРИК.

И ај сега...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Кога ќе вработат тие фабрики по илјадници работници тогаш ќе збориме.Да не испадне пак како најуспешните инвестиции во Македонија Џонсон Контрол и Џонсон Мети кои заедно вработуваат помалку од 700 вработени.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Кога ќе вработат тие фабрики по илјадници работници тогаш ќе збориме.Да не испадне пак како најуспешните инвестиции во Македонија Џонсон Контрол и Џонсон Мети кои заедно вработуваат помалку од 700 вработени.
Да се вработиш во штаб на СДСМ ќе имаш светла перспектива.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Од почетокот на изградбата во Жабени :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom