Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
simnuvam film od zamunda i uklucuvam you tube da slusam muzika nesaka you tube secka pesnata ne puni imal nekoj drug vakov problem ili e do mene samo? imam call and surf paket start...?
Па нормално ќе ти сецка, кога симнуваш од Zamunda :)
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Сега треба да добијам оптички од Т-хоум може некој да ми каже отприлика што данлоуд брзина од замунда ќе имам кога ќе симињам филмчиња?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Дали до сеа некој имал сличен проблем со медиа приемников од т-хоум.... некогаш кога е вклучен страшно зуе, ептен иритирачко зуење/ѕвонење ама ЕПТЕН, мислиш дека ти доаѓа ѕвонењето од самата глава :S.

Пред неколку дена го приметив, ама не знаев дека доаѓа од таму мислев ми свири во главава... и после одредено време поминуваше. Денеска исто така зуеше, пробав го вклучуив/исклучив 2-3 пати и сеуште зуеше... после 2-3 минути престана.
Се извинувам до телевизорот било не до приемникот... Мислев дека е приемникот затоа што кога го гасев престануваше, ама сега кога почна пак да свири и кога го изгасив не престана да зуе туку престана кога го исклучив телевизорот.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
simnuvam film od zamunda i uklucuvam you tube da slusam muzika nesaka you tube secka pesnata ne puni imal nekoj drug vakov problem ili e do mene samo? imam call and surf paket start...?
Кај C&S Start брзината е 8 Mbps, доколку несакаш да ти сецка јутуб или веб страните да не бидат вчитувани споро, тогаш подеси ја брзината со која би се симнувале торентите. Во идеални услови со таа брзина би симнувал со 1 мегабајт, промени ги подесувањата за download во торент клиентот (намести да биде 600-700 килобајти) како би останал неискористен дел од брзината со кој побрзо би се вчитувале страните :)
--- надополнето: 2 јули 2012 во 18:28 ---
Сега треба да добијам оптички од Т-хоум може некој да ми каже отприлика што данлоуд брзина од замунда ќе имам кога ќе симињам филмчиња?
~ 6Mbps
 
H

HITCH

Гостин
Имам едно прашање: јас имам рутер linksys, а овие од телеком ми викаат дека ќе треба да го користам нивниот рутер, ама нивниот рутер е далеку послаб. Велат дека ќе морам да го користам нивниот, оти ако имам интернет ќе сум немала телефон. Чаре некое имат?
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296

Јас покрај нивниот рутер имам приклучено втор рутер, ТП линк, кој е исто така далеку подобар од тој што го даваат. Можеш преу ЛАН кабел да го поврзиш и вториот рутер. Тоа од друга страна е и позитивно при што ќе добиеш вајрлес и во други соби (ако живееш во стан или куќа со поголема квадратура).

П.С. Поздрав стружанке ;)
 
А, може да го поврзам како модемот? Што да му правам на модемот?

Фала и кај вас. :pos:
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
А, може да го поврзам како модемот? Што да му правам на модемот?

Фала и кај вас. :pos:
Како мислиш модемот? Јас преку нивниот рутер го поврзав вториот рутер, го конфигурираш вториот рутер и добиваш интернет преку него исто. Немам тука никаков модем.
 
Епа, јас имам модем. :pos: Модем па рутер. Нивниот рутер треба да го конфигурирам или linksys? Ако е нивниот ќе им се јавам утре, ама ако е линксисот...
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Епа, јас имам модем. :pos: Модем па рутер. Нивниот рутер треба да го конфигурирам или linksys? Ако е нивниот ќе им се јавам утре, ама ако е линксисот...
И јас имав модем. Меѓутоа кога беше префрлањето на новата платформа, дојде екипа од Т-Хоме дома, го земаја модемот и ми дадоа нов рутер, бел (мака ми е да одам до другата соба да видам каква марка беше, заборавив :P). Тие го конфигурираа нивниот модем, средија и за телефонот. Цел процес го гледав, едноставен беше. А новиот рутер ти треба да го конфигурираш. Исто така и тоа е едноставно. Само треба да знаеш ИП адреса за линксисот (кај ТП-Линкот е 192.168.1.1.) Ако не пишува на линксисот, прогуглај. Сигурно една иста ИП адреса има за сите линксиси. Таму ставаш јузер нејм и пасворд и готова работа.
 
И мене ме мрзи да проведам како се вика. :pos: Ќе средам утре, ФАЛА многу.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom