Вести, настани и гласини поврзани со игри

Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Хаха, луд е Peter Molyneux.

Само што најави игра наречена Curiosity, и се работи во една соба и во неа се наоѓа една голема црна коцка, која е изградена од голем број на помали црни коцки, играчите преку длета ќе ја кршат коцката (сите играчи ја кршат истата) и првиот што ќе ја искрши ќе му биде откриено нешто “навистина неверојатно, абсолутно уникатно“, но тоа ќе биде откриено само од тој што ќе ја скрши коцката.

Но, после некое време играта ќе има и DLC-a, која што ќе нуди опција да купиш поквалитетно длето, колку е поквалитетно длетото толку поголеми шанси да бидеш првиот што ќе ја скрши коцката и ќе го доживее “уникатнотно искуство“. Најефтиното железно длето ќе чини 59 пени, додека најскапото дијамантско ќе чини 50.000 фунти.

И не Peter Molyneux не се заебава, играта ќе му претставува еден од неговите многу игри експеримени, со оваа ќе се обиде да види колкава е човековата радозналост и дали некој ќе даде 50.000 фунти за има подобри шанси да биден единствениот кој ќе го доживее “феноменалното, уникатно искуство“.

Бајаги кул идеа, една од најдобрите страни на indie девелоперите е баш оваа, немаат притисок од големи издавачи и секогаш можат сами да си реализираат било каков луд проект.
Сите игри на Peter Molyneux ми се многу интересни. Не вервам дека јса ќе ја играм оваа, не ми се плаќаат пари за да кршам коцка, ама сигурно ќе се најде некој луд богаташ да даде 50.000 фунти. Целта на играта е да видиме за колку време ќе се појави некој таков.

А не верувам ни во тоа " навистина неверојатно, абсолутно уникатно " . Сакам да верувам, ама секогаш кога овај човек најавува нешто, само не лажи. :P
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
А не верувам ни во тоа " навистина неверојатно, абсолутно уникатно " . Сакам да верувам, ама секогаш кога овај човек најавува нешто, само не лажи. :P
Не ги исполнува ветувањата, ама затоа секогаш е пун харизма и ентузијазам, прав spokesperson за иднината и новите иновации на медиумот. Уште е пун со неортодоксни идеи, затоа и го напушти Мајкрософт, велел самата досадна работна атмосфера, креативниот дух му го уништил.

Иначе и мене повеќето од неговите игри ми се свиѓаат, Black and White и The Movies се одлични оригинални стратегии, и Fable 3 која иако критикувана мене доста добар впечаток ми остави со нејзиниот ведар шарм и хумор.

Затоа ми е втор омилен гејминг дизајнер на сите времиња, Will Wright ипак повеќе го поштувам, штета што EA мораше Spore да му ја претворат во детска игрица, кога можеше да биде совршениот sandbox на вселената, наменета примарно за возрасни sci-fi/природонаучни ентузијасти и гикови.
 
Да, и мене ми е еден од омилените дизајнери, човекот е уникатен. Мајкрософт немаше да стане тоа што е денес без него. Тој беше дизајнер на Fable, се залагаше за Kinect и уште не знам што друго.

Исрено, среќен сум што го напушти Мајкрософт. Неговите идеи отсекогаш ми се допаѓале а мислам дека Мајкрософт го ограничуваше во многу од тие идеи.

Сега оформи мала компанија и оваа им е прва игра така? Заинтересиран сум за оваа, но чекам нешто во стил на Black & White.

Fable III ми е една од омилените RPG на сите времиња. Кога излезе за на PC минатата година, одма ја спуштив и којзнае колку пати ја имам свртено. Не знам зошто луѓето ја критикуваа толку. Особено глупаво ми беше кога ќе речеа не е иновативна. Користи стара формула. А Call of Duty не го прави тоа?

Гејмерскиот свет беше настроен против Peter бидејќи не ги исполнуваше ветувањата. Јас мислам дека за тоа беа криви Мајкрософт. Во 2009 мислам дека беше кога го најавија Kinect ( тогаш Natal ) и прикажаа демо на една игра Milo & Kate. Бев спремен да купам и X-box и Kinect, ама Мајкрософт одлучи дека не вреди да се продолжи со таа игра и остана само како tech demo. Човекот работеше на неа со толкав ентузијазам, ни ја прикажуваше со голема каризма, а Мајкрософт наместо да продолжи со неа ни дава Star Wars за бебиња и гласовни команди на телевизорот. o_O

Speaking of favorite developers...David Cage. Beyond. HOLY MOTHER OF GOD! :vozbud:
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Сега оформи мала компанија и оваа им е прва игра така? Заинтересиран сум за оваа, но чекам нешто во стил на Black & White.
Да, компанијата му се вика 22 Cans, и до 2014 ќе пушта вака помали експериментални игри вкупно 22 и преку резултатите од нив ќе ја базира неговата “голема“ прва игра што ќе се појави во 2014.

Иначе баш ме интересира што ќе биде “единственото искуство“, замисли само некој богаташ го купи 50К дијамантското длето, го открие крајот на играта, а во крајот на играта има некој си код за банкарска сметка или сеф од која што ќе можеш да си подигнеш 100.000 фунти. :D

Еве тука има многу поопширно за Curiosity.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
За Питер Молино јас пишувам редовно, зашо не ме викате?
http://www.gamezone.com.mk/22-eksperimenta-na-piter-molino-i-ekipata/
http://www.gamezone.com.mk/e3-prviot-eksperiment-na-piter-molino-i-22-cans/

А не верувам ни во тоа " навистина неверојатно, абсолутно уникатно " . Сакам да верувам, ама секогаш кога овај човек најавува нешто, само не лажи. :P
Молино и никогаш не лажел. Едноставно ете се случило тогаш за Fable 1. Кажал нешто големо што го немало во играта и од тогаш сите го завикаа, незнам, „ветува многу, не исполнува се`“. Оттогаш тој и не излажа за нешто друго.

Speaking of favorite developers...David Cage. Beyond. HOLY MOTHER OF GOD! :vozbud:
Дејвид Кејџ е имитатор. Голем имитатор. Во неговите „игри“ опка неигиви сцени од по 15 минути и вика ова е модерна игра. Е не е модерна игра туку е имитирање на филм, додека од играње останува само најобична механика на покажи-и-кликни и „избери си ја својата авантура“.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
За Питер Молино јас пишувам редовно, зашо не ме викате?
http://www.gamezone.com.mk/22-eksperimenta-na-piter-molino-i-ekipata/
http://www.gamezone.com.mk/e3-prviot-eksperiment-na-piter-molino-i-22-cans/

Молино и никогаш не лажел. Едноставно ете се случило тогаш за Fable 1. Кажал нешто големо што го немало во играта и од тогаш сите го завикаа, незнам, „ветува многу, не исполнува се`“. Оттогаш тој и не излажа за нешто друго.

Дејвид Кејџ е имитатор. Голем имитатор. Во неговите „игри“ опка неигиви сцени од по 15 минути и вика ова е модерна игра. Е не е модерна игра туку е имитирање на филм, додека од играње останува само најобична механика на покажи-и-кликни и „избери си ја својата авантура“.
Ти ги напиша тие статиите на gamerzone? Супер се. :)

Можи не требаше да речам дека лаже. Тежок збор е тоа. :P Сакав да кажам дека понекогаш неможеше да ги исполни ветувањата бидејќи беше ограничен од Мајкрософт.

Мислам дека човекот е визионер и целото негово друштво во 22 Cans се исто така визионери. Во гејмерската индустрија потребни се повеќе луѓе како него. Се надевам дека овие негови експериментални игри ќе успеат, бидејќи вистина сакам да видам што ќе ни пружи во иднината, како што технологијата оди понапред.

Дејвид Кејџ:
Како што реков, мене ми е еден од омилените дизајнери. Човекот е режисер по професија, не бил отсекогаш дизајнер на игри. Сака тоа негово искуство да го искористи и во креирањето на игрите.

Ми се допаѓаат игрите како Indigo Prophecy и Heavy Rain бидејќи и нив ги гледам како експериментални игри. Можеби не толку експериментални како игрите на Молино, но сепак не се некои генерични шутери.

Иако изгледаат повеќе како интерактивни филмови отколу вистински игри, мене многу ми се допаѓаат игрите на Quantic Dream. Искрено, во Heavy Rain не знаев што да очекувам првиот пат кога ја играв, ни вториот, ни петтиот.

Уживав кога ги играв двете игри, бев порелаксиран, но и понапнат во исто време. Немаше некоја акција како на пример во Gears или Max Payne или слично, но сепак тоа што го имаше, плус одличната приказна беше доволно за да ми го задржи вниманието.

Мислам дека Beyond ќе биде супер игра, а од мене добиваат плус поени поради Ellen Page. :love:(y)
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Ја ги читам редовно бе, едино од тебе има саглам и редовни артикли на страната.

Него само што загледав трејлерот за Sim City 5, фала богу Maxis се врати на неа, графиката им е pure win, ко макетна минијатура изгледаат градовите, изгледа бајаги ветувачки ако се држат до стариот модел на комплексно микроменаџирање на сите аспекти на водење град.

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Имам поголеми очекувања од Симсити. Делува дека ќе направат ем покомлексна игра која сепак ќе биде лесно игрива за почетници и која нема да ги одбие со 1000 табели и информации.

Дејвид Кејџ:
Види не велам дека Квантик имаат лоши производи. Арни се, ама не се спектакуларни и иновативни како што се рекламираат. Или како што викаат „приказни со квалитет на филм јадајада“ (зошто воопшто има споредби со филмот?) и „игри за возарсни“ и сл демек само тие се способни да го направат тоа.

Стилот на Квантик потекнува уште од стари времиња. Други познати игри со таков филмски стил се игрите Tex Murphy, авантури со механика покажи-и-кликни.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Види не велам дека Квантик имаат лоши производи. Арни се, ама не се спектакуларни и иновативни како што се рекламираат. Или како што викаат „приказни со квалитет на филм јадајада“ (зошто воопшто има споредби со филмот?) и „игри за возарсни“ и сл демек само тие се способни да го направат тоа.

Стилот на Квантик потекнува уште од стари времиња. Други познати игри со таков филмски стил се игрите Tex Murphy, авантури со механика покажи-и-кликни.
Добро, не знам за тие игрите од порано, ги немам играно.

Не велам дека немало вакви игри во минатото, но нема такви сега. Quantic Dreаm е единствента компанија што прави вакви типови на игри.

Во споредба со овие денешниве игри, не мислиш дека приказните на Heavy Rain и Indigo Prophecy се едни од најдобрите?

Имам играно многу point-and-click игри, ама не можам ни една од нив да споредам со Heavy Rain. Иако има сличен концепт, повеќе изгледа како филм отколку како таква игра.
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
John Carmack моментално работи на VR прототип кој би сакал да биде инкорпориран во следната генерација на конзоли. Според него овој уред ќе поседува motion sensor кој зависно од движењето на главата ќе биде пренесено аналогно во дисплејот, како и 3D екран кој ќе го зафаќа целиот вид, значи откако ќе се стави чудово на глава све што ќе гледаш ќе биде само дисплејот и виртуелниот свет.

Sony сега за сега пројавиле интерес кон развој на прототип заедно со Carmack и би сакале да биде инкорпориран во нивната следна конзола.

Според него следната генерација на конзоли нема да има огромен графички скок како претходните и дека иднината е во имерсивноста на VR визирите кои го овозможуваат следниот голем скок во гејминг индустријата. Денешната технологија овозможува во скоро време на малопродажба да се појави вакво нешто, бидејќи пред неполна година се појави на Sony 3D визирот HMZ-T1 кој е еден вид предвесник на виртуелната реалност.

Ако некој може да го оствари ова според мене John Carmack има најголеми шанси, бидејќи човекот е татко на модерните 3D first person шутери, со еден збор типот е гение кој е респектиран во целата индустрија.

Доволно е според мене едно големо име како Sony или Microsoft да ја воведе во мејнстрим виртуелната реалност преку преку ваков тип на уреди и преку AAA игри изработени специјално за нив и ако се покаже дека се феноменално искуство тогаш и другите девелопери ќе го следат чекорот и ни следува следната голема револуција во гејминг индустријата.

Повеќе, овде, овде и овде.
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Шуш-буш за Expendables 2
Video Game

A video game is rumored to be in development by Ubisoft. The game was also recently given a MA15+ rating from the Australian Classification Board. :eek:
 
spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779

Kajgana Shop

На врв Bottom