Македонија (конечно) ќе се гасифицира

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Почнува реализација на проектот за гасификација на Македонија вреден 300 милиони евра. Руската компанија „Стројтранс гас“ и Македонски енергетски ресурски денеска во рамки на Меѓувладината македонско-руска комисија потпишаа Меморандум за соработка кој е првиот сериозен чекор кон изградба на националната гасоводна мрежа во земјава. Договорот треба да се потпише најдоцна за неколку месеци, по што ќе почнат и работите на терен.

- Ова претставува круна на напорите што досега ги вложивме во рамките на Меѓувладината комисија и Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија со кој ќе се реализира овој проект и последната посета на премиерот Никола Груевски и средбата што тој ја имаше со претседателот Владимир Путин во Санкт Петербург минатата недела, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и копретседател на Мешовитата комисија по потпишувањето на меморандумот.
Според него, со ова се операционализираат договорите постигнати во рамките на средбите на Мешовитата комисија. - Очекувам со оваа спогодба да се утврди временската рамка во која што ќе се усогласат сите технички и други детали за да може за неколку месеци од денеска да почне реализацијата на проектот за гасификација, однодно да се потпише и договорот со кој целосно ќе се реализира овој проект. Двете страни имаат најмногу месец-два да ги финализираат работите на своја страна и најмногу за три-четири месеци да се почне реализацијата на проектот, рече Ставрески.
Почнувањето на израдбата на објектите за неколу месеци го потврди и Максим Александрович – Травников, заменик-министер за регионален развој и копретседател на Мешовитата комисија. Тој посочи дека за неколку месеци ќе почне со изградба на објектите и конкретна достава на гас на целата територија на Македонија.

- Вредноста на проектот е 75 милиони долари, од кои 60 милиони се од договорениот клириншки долг на Русија кон Макдонија и 15 милиони долари се обезбедени од буџетот на Република Македонија со цел, како што истакна Ставрески, да се заокружи финансиската конструкција на овој дел. Понтаму, појасни, проектот за целосната гасификација на Македонија е 300 милиони долари и таа ќе се одвива по фази согласно разговорите што се водат со Европската банка од каде министерот очекува дополнителни средства.

Владата, како што истакна министерот за траспорт и врски Миле Јанакиески, е целосно подготвена за изготвување на проекти, а денешниот меморандум овозможува уште во текот на овој месец да се почне со постапка за експропријација и добивање одобрение за градба.
Изградбата на гасоводната мрежа во Македонија е значајна и за граѓаните и за стопанството. Засега гасоводна мрежа има од бугарската граница преку Куманово до Скопје.
Потпишувањето на меморандумот со „Стројтранс гас“ беше договорено на средба на премиерот Никола Груевски за време на посетата на Русија минатата недела, кога беше договорено и приклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“.
Потпишувањето на меморандумот е во рамки на 6. седница на Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно техничка соаботка која денеска и утре се одржува во Нижни Новогород во рамки на која се разгледуваат перспективите за развој на трговско-економската соработка меѓу Македонија и Русија.

1.jpg
 
да си ибеш векот,колку насловот ме израдува
јас помислив прв си дознал (оти се ближи,2013)
Македонија (конечно) ќе се ............
Македонија конечно ЌЕ СЕ СОЕДИНИ ,
и јас така мислам а и така треба,комшии мислете му ја ?
 
Ај нека ни е со среќа гасоводот.
Дај боже, максималнод а видиме аир од него.
 
Ајде, аирлија работа ,
 
Ова е од 2009 при посетата на Ставревски на Москва најава исто од 300 милиони долари почеток на изградба 2010.

Прочитајте ја статијата исти текст од овој горе копи паст само со нов датум 2012

Сега 2012 пак ќе го избиват рускиот долг и пак најава и потпис на меморандум за соработка и пак најава за 300 милиони.
Наредниот меморандум за кога е најавен 2014.
До кога овие нашиве политичари народот ќе го третират како просто гласачко тело(за ова се во право).
Збеснаа и опозиција и позиција од ЌЕ ова ќе направеле она ќе направеле.
 
Ова е од 2009 при посетата на Ставревски на Москва најава исто од 300 милиони долари почеток на изградба 2010.


Сега 2012 пак ќе го избиват рускиот долг и пак најава и потпис на меморандум за соработка и пак најава за 300 милиони.
Наредниот меморандум за кога е најавен 2014.
До кога овие нашиве политичари народот ќе го третират како просто гласачко тело(за ова се во право).
Збеснаа и опозиција и позиција од ЌЕ ова ќе направеле она ќе направеле.

Добредојде во светот на политиката.
 
Кога ќе се заврши работата тогаш ќе кажам аирлија.
Меморандум за соработка=договор за разбирање
 
Како прво текстот е делумен доста. Со тие 75 милони евра со кој треба да почне да се гради за 4 месеци е само да се донесе гас до централна Македонија , а за да се гасифицира цела Македонија е потребно уште 300 милони евра, кој според информациите што ги имам најверојтано ке се бараат од Европската инвистициска банка. Така да не шпекулирајте ако не ја познавате оваа проблематика како што видов неколку коментари кај што мешате баби и жаби.
 
По којзнае кој пат се гасифицираме,и ова е само обичен Меморандум за соработка а не ДОГОВОР
 
Гас е права работа, најекономична и најупотребувана варијанта. Веќе 3 години сум на гас и додека сите околу мене кукаат како немаат пари, јас плаќам струја 1000че :icon_mrgr:
 
Потпишувањето на меморандумот со „Стројтранс гас“ беше договорено на средба на премиерот Никола Груевски за време на посетата на Русија минатата недела, кога беше договорено и приклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“.

Прегледај го приврзокот 45625

Kak da go razbiram tova - Mk ke koristi od tranzit na gas ili samo ke bide klient na Gazprom? Razlkata e golema.
 
Абе цевките низ Скопје ги ставија уште пред 15 години...
... и ги оставија... за пак да почне гасификацијата..:D
 
Кога ќе го изградат нека зборат како Македонија е гасифицирана до тогаш не само што не им верувам на ништо очекувам и некако да украдат пари со ова.

Исто така не разбирам како Русија уште само на нас ни должи.На сите земји им ги имаат исплатено долговите само нас не зафркаваат и на секој 2 години која било влада се фали дека они ќе го подмиреле долгот.Русија не е Судан па да неможат да си дозволат еден беден долг од 200 милиони да подмират.Гарант проблемот е што сеуште нашиве не нашле начин како да ги здиплат парите во свој џеп од долгот па одолговлекуваат.
 
А од гасификацијата на домаќинствата,ќе се издвои ли црево да може да се полни плин во автомобилите?
Ако може прифаќам ризици од плинот во спротивно
НИ ПОД РАЗНО НЕ СЕ ПРИКЛУЧУВАМ НА СИСТЕМОТ !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom