Се урива дел од старата железничка станица, а оштетени се и неколку римски стели

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Без патетики ќе ве молам. Како прво не се урива само за да се урива, туку се урива заради една огромна странска инвестиција. Како второ мене ме интересира кој му дозволи на кодошот Угриновски да си направи таму штабче? Како не се јавивте претходно да реагирате, еј со кое право Угриновски е таму, па тоа е дел од Музејот! Можеби затоа што тоа беше споредна доградба на Железничката која на никого не му значеше ништо. Ако е обратно нека каже некој како го добиле тоа под закуп и зошто никој од вас не реагирал?
:pos: БРЕ ИНВЕСТИЦИЈА РЕЧЕ МАЛИОТ
Бутици трговски центри што ке ти изнесуваат пари од државава не се никаква инвестиција,поготово не ако во центар на скопје му го дадеш земјиштето по 50 евра од квадрат тоа е КРАЖБА.
Со дебела провизија земена од актуелната политичка гарнитура, и така се уништува еден споменик на културата СО АПАШЕЊЕ И КРАДЕЊЕ
 
Без патетики ќе ве молам. Како прво не се урива само за да се урива, туку се урива заради една огромна странска инвестиција. Како второ мене ме интересира кој му дозволи на кодошот Угриновски да си направи таму штабче? Како не се јавивте претходно да реагирате, еј со кое право Угриновски е таму, па тоа е дел од Музејот! Можеби затоа што тоа беше споредна доградба на Железничката која на никого не му значеше ништо. Ако е обратно нека каже некој како го добиле тоа под закуп и зошто никој од вас не реагирал?


Послушај го зелениот зол кловн и апни си апче, време ти е...како бе не те заболи главата од напињање со штапчиња, леви сили и Угриновски?
 
Кога го спомна ова веќе, подземниот премин, ќе оди под стара железничка?


И тоа не може, ќе ја руши зградата. Местото не е подготвено за тоа. Кога се гради железничка станица има различни испитувања и изградбата зависи од многу фактори. На тоа место не може да се направи подземен премин без да се оштетат сите околни објекти.
Околните објекти на земјотрес од 6.5 степени по Рихтер ќе паднат, а камо ли при непредвидени и недоволно испитани градежни работи.
 
И тоа би требало да е некаква утеха?

Се намачив да го најдам сличево:
download


Неоспорно е дека се работи за доградба, но доградба со историја-таа го дообјаснува остатокот (што се гледа и по сликите пред земјотресот); таа е дел од музејот и таква ја памтат скопјени.

Како што гледам, ти викаш дека си инжењер, па некако тешко ми е да сфатам дека некој што излегол од Градежниот факултет би оправдал ваков простачки однос кон оноа што ни го оставиле претходните генерации и што веќе влегло како факт за градот во свеста на помладите. Старата железничка, онака како што изгледа ДЕНЕС е симбол на Скопје...

...или, сепак, доградениот дел не е доволно стар за да го заштитиме од разулавеното дивеење на амбициозните политичари?

Ако е така, истиот однос треба да го имаме и со новоизградените ГЛУПОСТИ; за неколку години, кога ќе дојде нова гарнитура, би можеле да се фрлиме на правење место во градот за нови проекти и замисли...а што па да не?

Врска ти нема муабетот. Доградениот дел врска нема со остатокот.
Тоа што остана од железничката по земјотресот не е чепнато
 
Послушај го зелениот зол кловн и апни си апче, време ти е...како бе не те заболи главата од напињање со штапчиња, леви сили и Угриновски?
хехе нема одговор на поставеното прашање.
 
Врска ти нема муабетот. Доградениот дел врска нема со остатокот.
Тоа што остана од железничката по земјотресот не е чепнато

Токму тоа е најголемиот проблем. Зградата е оставена да зјае, нема никаква заштита и е многу ризично да се доградува.
 
Врска ти нема муабетот. Доградениот дел врска нема со остатокот.
Тоа што остана од железничката по земјотресот не е чепнато
Добро еве да речеме подземен булевар. Добро знаеш што има во подземниот дел на музејот на град Скопје, не? Или сеа тоа ќе се дислоцира? Ризикот е преголем.
 
ЈАС ТЕБЕ ТЕ ПРАШАВ ОД КОГА КРАДЕЊЕТО Е ИНВЕСТИЦИЈА ПА И ОГРОМНА ? ХЕХЕХЕ
СО ТЕБЕ НЕ ДИСКУТИРАМ. СИ ИМАШ ПРОБЛЕМ КОЈ НЕ Е МОЈ.
 
И тоа не може, ќе ја руши зградата. Местото не е подготвено за тоа. Кога се гради железничка станица има различни испитувања и изградбата зависи од многу фактори. На тоа место не може да се направи подземен премин без да се оштетат сите околни објекти.
Околните објекти на земјотрес од 6.5 степени по Рихтер ќе паднат!
Ок тоа ми е јасно, докажано е во '63-та, ама не ми е јасно каде ќе оди подземниот премин. Мислам така е поставена веста , се руши дел за да се изгради подземен премин...
Има го видено некој ДУП за овој дел како треба да изгледа?
 
СО ТЕБЕ НЕ ДИСКУТИРАМ. СИ ИМАШ ПРОБЛЕМ КОЈ НЕ Е МОЈ.
ЈАСНО кажи само од кога АПАШЕЊЕТО И КРАДЕЊЕТО се инвестиција ? Во кој малоумен мозок тоа е ИВЕСТИЦИЈА ?
ХЕХЕХЕ
викни го сега цитро да ти удри ми се допаѓа.
 
Да, но што со датумот на веста? А сликата?

За крај дали ти имаш некоја вест/доказ која би била веродостојна за да покаже дека симнувањето е во 2000?

Жити се не се резили повеќе.
Те заболе за буквите, врска немаше дека постојат, кога биле тргнати и дали се познава нешто од напишаното по нивното тргање кое е пред 12 години. Не си ни погледнал таму последниве 12 години па појма немаш дека буквите ги нема толку време.

Прво галамеше дека се урива па ко испадна не се урива се бунеше оти дел се уривал, па после ко испадна дека ништо од тоа што остана по земјотресот не е чепнато се запна за буквите и на крај испадна дека врска немаш оти буквите ги нема веќе 12 години.
Што следува дека тераш инает колку да одиш контра.
 
Врска ти нема муабетот. Доградениот дел врска нема со остатокот.
Тоа што остана од железничката по земјотресот не е чепнато

Пошто глеам не си запамтил ништо од тоа што го имам пишано во постот, а си извел некаков заклучок, јас заклучувам, исто така, дека оноа што го пишав го надминува твојот капацитет на сфаќање, али нема веза, си праиме муабет тука...
 
Токму тоа е најголемиот проблем. Зградата е оставена да зјае, нема никаква заштита и е многу ризично да се доградува.

Се согласуваме. Кажав и претходно секое чепкање може да доведе до рушење.
 
Ок тоа ми е јасно, докажано е во '63-та, ама не ми е јасно каде ќе оди подземниот премин. Мислам така е поставена веста , се руши дел за да се изгради подземен премин...
Има го видено некој ДУП за овој дел како треба да изгледа?
Повели видео. http://bukvar.mk/news/turski-limak-kje-gradi-i-okolu-stara-zheleznichka?newsid=kFUm ќе видиш дека просторот што се чисти сега е за објекти а не за улица или нешто друго подземниот булевар треба да биде на сегашната улица позади рамстор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom