И тоа би требало да е некаква утеха?
Се намачив да го најдам сличево:
Неоспорно е дека се работи за доградба, но доградба со историја-таа го дообјаснува остатокот (што се гледа и по сликите пред земјотресот); таа е дел од музејот и таква ја памтат скопјени.
Како што гледам, ти викаш дека си инжењер, па некако тешко ми е да сфатам дека некој што излегол од Градежниот факултет би оправдал ваков простачки однос кон оноа што ни го оставиле претходните генерации и што веќе влегло како факт за градот во свеста на помладите. Старата железничка, онака како што изгледа ДЕНЕС е симбол на Скопје...
...или, сепак, доградениот дел не е доволно стар за да го заштитиме од разулавеното дивеење на амбициозните политичари?
Ако е така, истиот однос треба да го имаме и со новоизградените ГЛУПОСТИ; за неколку години, кога ќе дојде нова гарнитура, би можеле да се фрлиме на правење место во градот за нови проекти и замисли...а што па да не?