ок тоа теоретски добро е него во пракса во реален живот нема да се променат тие околу мене поради мојот пример бидејќи посилни се медиумите кои ја форсираат профитабилната логика, конформизмот, конзумеризмот, така да тие со примери и агитација ја гледаат промената повеќе во масовното прифаќање на она што тие преку медиумите ги индоктринираат и (ин ) фортмираат да мислат во корист на нивните интереси. Пак се работи за промена која подразбира масовност а со личен пример па тоа е станување лесен плен, од толку бомбардирање со други вредности они мене ќе ме следат? Јас цел живот со личен пример покажувам како треба па никако да ја видам промената вон себе, светот си е таков духот на времето е такво, луѓево не мислат со своја глава туку како што се мисли то ест како што се мисли и делува во склад со духот на времето. За промена покрај личен пример треба и масовност а само со личен пример нема гаранција дека ќе создаде тоа промена. Секогаш оние кои владеат наметнуваат вредности и луѓево прават за да бидат и ин и за да не бидат де моде како да се биде ин и во мода да е некоја јака ствар пошто тоа што денес е мода утре имаш негација на тоа. Пример како реакција на сексуалната револуција одма се јави контра движење стрејт еџ и тоа 1980 г во Америка, (САД) но пак тие не делуваат на мнозинството со својот личен пример тие само си живеат свој начин на живот, но промената во светот ја нема освен кај нив лично и тие можат да влијаат само на ним малкумината слични бидејќи владеачката класа со јаки медиуми пропагираат она што нив им е од корист да ги напраават луѓето со ропска психологија да бидат конзументи конформисти, така да со личен пример само сопствена лична промена на сам себе не е можно да се влијае бидејќи тешко е кога си опкружен со други кои тераат друга филозофија, пример син му на Зиг Зиглар му рекол,, да татто ама ти не си опкружен со деца што јадат хамбургери за ужина,,, така и ова мнозинството создава промени. Поединецот само ја гледа промената кај себе која не може да ја види во светот бидејќи мнозинството е( ин) формирано, индоктринирано на други идеи кои доколку сите би ги правеле а повеќето ги прават не е чудо што светов не знае за вредности стандарди и критериуми по логиката на Кант кој рекол,, Постапувај онака да можеш секому да кажеш постапувај како мене!,,