1.ЈАВНИ WC-A.
Исто, како и секаде во Македонија

Кога на гранични премини немаат довод на вода (вработените сами си носат), шо да зборуваме за понатака, за некое место како Стража/Плетвар/Ѓавато или град...
2.ПАРКИНГ ПРОСТОР.
Исто како и секаде.Ако малку мислат со некоја десетина процент во мозокот за граѓаните кои ги донесле на таа позиција, пред давање маркица ќе потпишат договор со секој инвеститор дека неговата зграда ќе е со перална и обезбеден паркинг за секој стан по 1 и уште пола за гости, втора кола, други луѓе, доставни возила итн.Реално - научна фантастика.
Нека го тргнат пазарот или барем нека изградат над него катни гаражи и деловен/станбен простор па да ја покријат таа несреденост.
Јавни паркинзи да изградат задолжително освен кај пазарот, кај Автобуската Станица, после мостот Билјанини Извори (тој пред него е мал), кај ресторан Европа (ама преку цела година, не од 15.6 - 31.8), до медицинските установи, во Свети Стефан, Пештани.Сите потенцијални инвеститори за паркинзи да добијат или бесплатен простор или некоја минимална цена и намалени општински давачки.
3.КОМУНАЛИИ.
Во Охрид немаме поголем проблем со вода и нејзина дистрибуција (освен најскапите сметки во МК), имало исклучувања ама секој поголем ремонт на мрежата е дури и по неколку дена однапред најавен.Охридски Комуналец е една од ретките општински фирми за кои да се мачам не можам да најдам замерка (а запинам за ситници

).Секој ден од пред 7 сабајле се по улици со метли, машини, камиони.Зимата со машини за чистење снег.Мал проблем е во лето, премногу отпад е продуциран и не можат луѓето да постигнат, не се целосно криви за таа работа.
4.СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА.
Ова да.Секоја пофрекфентна улица особено надвор од централниот дел е како минско поле, рели патека или евентуално хрватското знаме со шаховница

И нашиве врвни локални сообраќајни таленти уште акнаа кружен тек на кој вчера ќе ме акнеше еден шутрак со скутер и дете на него.Немаме прво сообраќајна култура, а и не е добро решение да чекаш 5 минути уклучување на Туристичка поради гужвата (за разлика од макс 80 секунди со семафорите).Ако веќе запнале за КТ, можат на пример кај Автобуската Станица, од страната на БП Макпетрол.Е таму е правиот хаос.А можат и да ја изградат како нормална станица.За да не мислат луѓето дека дошле во Угадугу, Буркина Фасо.Нека им изградат и канцеларии без закуп или било каков објект на тие шо стојат за смештај по автобуска, зш без навреда некогаш се напорни ко пролив!
Семафори на помалите улици ретко работат, а се непрегледни раскрсници (Питу Гули / Марко Несторовски).Овие можда и ги тргнаа, не знам...Надземни пешачки премини и дежурен цајкан или камера за секој премин!За побезбедни пешаци и возачи и помали застои.
5.МЕДИУМИ.
Постојат 3 локални телевизии и отприлика толку радија, од кои едната е попрофесионална од многу национални телевизии.Исто и еден квалитетен интернет весник, другите се партиски -ветер во магла- гласници.Често се побрзи со вестите и од националните.
6.СООБРАЌАЈНО ПОВРЗУВАЊЕ.
Имаме задоволителна поврзаност со цела Југозападна Македонија (Струга, Ресен, Кичево, Битола, Дебар, Прилеп), Скопје и послабо кон Штип - Кочани, Белград, Софија, Црна Гора и по некоја линија за Германија и Турција.Не е лошо и за Струмица некоја линија, мислам дека е поголем центар и од Штип моментално, а и би поминувало низ други места неповрзани со Охрид + поголема фрекфенција кон постоечките.
Автобуската станица ни е жива грдосија (поврзано со претходната точка).На лето ако патуваш ќе се стопиш на сонцето поради немање покрив, во есен/зима си жива вода од дожд или снег.Локалните превозници се генерално ок.Ова за автобуски превоз, а за авионски е катастрофално.
Познато е дека голем број Охриѓани се иселени/работат во Холандија, Италија, Германија, Канада, Америка, Олстрејлија, па и Чешка во последно време; од Струга/Кичево се во Италија, Австрија, Швицарска, Германија; пола Дебар во Италија и Америка; Битолчани/Ресенци во цела Скандинавија, Канада ... на сите овие места Охридскиот Аеродром им е минимум пола пат поблизок од Скопскиот, ама очигледно не работат според потребите...Адриа имаше 3-4 лета неделно до Љубљана и секогаш скоро полни, пред 2 години ги укинаа и ги воведоа како додатни летови од Скопје.Исто едно лето пред 3-4 год. пробаа чартер линија
Торонто-Сплит-Охрид и одеше ок, ама нашите власти запинаа да ја префрлат од Скопје па проектот пропадна.(Де)централизација.Не можев да ја најдам директно веста, не ја отвораше на линкот од Капитал, еве од Билд, веста е од 2009-та.
За прв пат чартер летови од Торонто до Охрид
Од годинава за прв пат се воведени чартер летови на линијата Торонто-Охрид. Првиот од вкупно петте лета што се предвидени за сезонава, слета на охридскиот аеродром на 29 јуни. Организаторите велат дека покрај иселениците, од следната година со чартерите ќе слетуваат канадски туристи, за кои Македонија била интересна како неоткриена и атрактивна дестинација
Минатата среда на Охридскиот аеродром слета првата тура на наши исселеници од Канада. Тоа е првиот од вкупно петте чартер лета кои на релација Торонто-Охрид- Торонто во текот на летото ги организираат канадски туроператори, “Макс турс” и “Торонто травел”.
“Ја насетив потребата од воведување на директен лет, бидејќи само во Торонто и околината живеат околу 150 илјади иселеници од Македонија. Од нив дури 85% потекнуваат од охридско-струшкиот, битолскиот, ресенскиот и дебарскиот регион”, ни изјави Дени Ристоски, сопственикот на “Торонто травел “, охриѓанец кој долго време живее во Торонто, кој со првите патници пристигна во Македонија и деновиве се одмора на охридското крајбрежје. Пред да влезе во сопствен бизнис, тој 15 години работел за ЈАТ во Канада.
Ова е прв организиран директен лет помеѓу Канада и Македонија.
Со првиот лет пристигнаа 85 патници, со што капацитетот на авионот беше целосно исполнет. За шести јули, кога доаѓа втората тура, ќе пристигнат 120 патници.
Ристоски вели дека кај нашинците во Канада постои заинтересираност за користење на овие чартер летови, а следната година по успешно завршената сезона очекува многу поголема заинтересираност.
“Чартер летовите се многу позгодна варијанта од редовните авио линии, зашто се одбегнува бркањето на поврзани летови, чекањето по аеродромите, губење на времето... “, вели Ристоски.
Цената е дополнителна предност, бидејќи редовно билетите на чартер летовите се 30% до 40% поефтини од билетите со редовните линии. Цената на чартер летот од Торонто до Охрид е 1.299 канадски долари и 899 долари од Охрид до Торонто.
Превозот го извршува авиопревозникот од Канада “Skyservice airlines”.
Следното слетување во нашиот главен туристички центар ќе биде на шести јули, а потоа и на 27 јули, десети август, а последниот лет ќе биде на 31 август. Истиот ден кога авионот ќе слетува во Охрид, ќе биде и полетувањето кон Торонто.
На доаѓање за Македонија, авиопревозникот слетува и во Сплит, од каде зема транзит патници кои летаат за Торонто.
Следното лето со туристи Канаѓани
Амбициите на “Макс турс” и “Торонто травел” се следното лето да се донесат не само наши исселеници кои доаѓаат во посета на татковината, туку и Канаѓани кои би доаѓале како туристи.
Ристоски смета дека Македонија и регионот како сосема нова и неоткриена дестинација би била привлечна за Канаѓаните. Планираат да започнат со издавање на рекламен материјал и брошури со нагласок на Охридско-преспанскиот регион, но исто така и на алтернативниот туризам, преку организирани посети на традиционалните македонски села, манастирите и македонските планини. Нивниот престој во Македонија би се сведувал на пет до шест дена како дел од подолг туристички престој во овој дел од Европа.
За среќа постојат овие ефтини компании, па се шанса за тој аеродром за работа преку цела година.EasyJet RyanairЗа железничко поврзување, реално ептен во далечни иднина, со оглед како се движат работите со МЖ и општо железничката инфраструктура.А
потребни се 60 - 80 км. до Кичево/Битола.
7.Огромен број стари куќи не се санирани со помош на Општина Охрид или централната власт (нешто како проектот за
обнова на фасадите по Широк Сокак).Дел од овие куќи се по чаршијата и стариот дел на градот, по улиците Димитар Влахов, Партизанска, 7-ми Ноември, Гоце Делчев итн.
8.ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ.
Вадењето лични документи е нешто како Survivor.Тесно, без ред, некултура, неклиматизирано, топло (особено на лето е страшно да ваѓаш документи), ароми на мишки и лук/кромид/сирење/алкохол(од 8:30 сабајле!)...
Вработените од сабајле ќе дојдат и директно пијат кафе, да се испокодошат меѓусебно колегите, па тек тогаш ќе почнат, ама фаците им се како да е крај на работно време.Имав неколку прилики да видам и сфаќам дека работат и со доста реално неписмени луѓе, кретени, градски бараби шо одат преку ред и слично, ама ако не им е погодена работата нека одат во пензија, секако се сите тука негде со години, а и пренесуваат лоши навики на помладите колеги.
А не да разговараме место културно, задолжително со висок тон и како душмани.И за нивните грешки (пропуштен потпис, печат од овластено лице) да сме пак ние криви.Помлад кадар сигурно ќе најдат одговорните.
9.ЗАПУСТУВАЊЕ НА РЕКРЕАТИВНИ ЦЕНТРИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА.
Запустување на патиштата и рекреативните центри кон Свети Наум и особено кон Галичица накај Преспанско Езеро.
Одговорноста е и на локалната власт (слабо средување на тие излетнички места) и на централната (Одамна ветуваната изградба на
Косел - Охрид - Пештани - Свети Наум со обиколница на Охрид и Пештани (39км./70 мил. евра* според ценава дури и за автопат!) неодржување на патот Трпејца - Отешево (22км.) преку целата година и забрана за сообраќај во зимскиот период!).
Исто кога сме веќе овде
, моменталната власт се испофали за автопат Гостивар - Охрид (118км), ама очекуваа други да го градат (истото се однесвит и на сите претходни ветувачи).Очекувано, никој не прифати на тендер.
Парите потрошени од проектот Скопје 2014 можеа да се искористат за изградба на пола од проектот!Од друга страна, сите возачи да одделуваа по 10 денари за секој расипан амортизер по тој пат, досега ќе стигнеа пари за асфалт до Кичево

А стопирањето на камионски сообраќај во викенд не е решение.Па господа, немој да се фалите предвреме ако сте несигурни, а особено за нешто неизградено и невидливо!
10.ПРОБЛЕМИ СО КЕЈОТ, ЧАРШИЈАТА, СТАРИОТ ГРАД И ДРУГИ ПЕШАЧКИ ЗОНИ.
Последниве неколку лета е се поголем хаос - од Лесковачка соја, крофни или пуканки со масло од лани, костени и пченка, секакви џиџи миџи работи, змии, бокс апарати, детски 'реквизити', фрижидери на секој чекор и сл.Локалната власт се скапа од издавање дозволи за вакви панаѓури, а се жалат на инспекциите.Од друга страна инспекциите (централната) ги заболе за ова, само си држат повод за обвинувања кон локалните и се така во круг.Најмногу се во загуба вистинските туристи и жителите на Охрид.Капак на се, од пред некој ден дозволија и сообраќај по кејот.Да седнат пар родители со деца во Објектив, место да пијат кафе ќе морат да ги држат децата на синџир, а не да се вртат во блискиот парк.Пошо на некој дебил му текнало дека не е лошо да дозволат на други дебили колата да ја наместат на соседната дури пијат кафе или уште полошо да возат со 173 среде луѓе.
11.ВЕТУВАЊА ЗА ЗАТВОРЕН
БАЗЕН, ПРЕПУКУВАЊА СО ЦЕНТРАЛНАТА И НИШТО ОД ТАА РАБОТА!!!РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА Е ЈУНИ 2012, ЗА ОХРИД, СТРУГА И УШТЕ 7 ДРУГИ МЕТА!
Барем локалната
го обнови отворениот базен, ама ова не е решение.А и тие ветија изградба на друг, затворен.
И ова општо за сите градоначалници:
- крпење дупки не е асфалтирање или нова улица
- нови вработувања под општинска капа се добри само ако се комунални работници на терен, а не писари
- центарот на градот не е целиот град, гласале сигурно и други за вас
- и селата се дел од општините
-
ова не е решение на секој проблем
- исто и
ова, а и
ова.