не правев споредба Швајцарија - Македонија ...туку дека членството во ЕУ не е пресудно за добар живот
Одлична паралела извади секоја чест ме бендиса
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ние 20 години да се развиваме правилно денес немаше да бидеме на ова дереџе да незнаеме на каде да одиме и да зависиме од сите. Имавме индустрија, имавме метали и неметали, имавме извоз. Со се партали не искрадоа, уста не отворивме. Никој не ни е крив што заглавивме во минатото, менувавме еден систем, воведувавме нов монетарен систем, спасувавме заштеди и банки, застанавме монетарно на нога. Ни се случи војна, пак се вративме назад. Сменивме гарнитура, една година напред, пет пак назад се вративме. И никако да испаднеме од тоа проклето минато: Ами тогаш како беше! Сегашноста ни поминува пред нос, сите земји имаат зацртано иднина, ние дебати водиме за 1903 моментално. Сите имаат план, ние трчаме по светот за 5 евра во надеж дека некој ќе се смилува и ќе инвестира за да ни ја намали невработеноста од 30% и сиромаштијата од 30%. Али тие пустите па никако да дојдат. Ни еден домашен ресурс не користиме, патиштата ни се како пред 500 години, кратери, тесни и необележани автопати, на патарина ги крадат парите си играат змиско око, струја продаваат пред забрана алооо! А ние пак страдаме. И на целата таа мака и внатре се бориме со ретардирани радикали кој почнаа и да не убиваат. Навистина неможам да видам насока и пат, некако како да се наоѓаме во магла, без излез. Ни накај ЕУ сакаме, ни вака неможеме без пари. Комшииве секој ден погласни, ние со проблеми над глава не растргнаа. Младите бегаат, старите умираат, а овие не прекинуваат да перат пари. Да имавме па нека крадат ама вака и за идни десет години не крадат. Преку глава ми е и од партии и од политички игри, сакам резултати и напредок. Сакам сите до еден да скапат во затвор, бел ден да не видат. Ма сакам и нас по еден ќотек да ни удрат пред за заминат во затвор, сите да се наредиме и по сто стапа да ни удрат од најмало до најстаро. Еден краде 15 години и уште се смее арогантно на тв, друг наместо да го уништи па си го мери кој колку може да украде. Едниот за штампање
лист за самитот дал 2000евра, па овој со врба од 80 000 евра му вели доста е. Да незнаеш дали да се смееш или да идеш да ги убиеш, пред наши очи си вадат крадени пари, а ние како телиња па им ги мериме кој повеќе или помалку украл. Досадно е веќе, за вас незнам али стварно преку глава ми се дојдени, нити можам да ги слушам, ниту можам да ги гледам.
Пак ќе повторам можевме да бидеме Монте Карло на Балканов, можеме и сега ако се потрудиме нареднитте 10/15 год, само ни треба чесен човек да се појави, оти вака нема да мрднеме од мртва точка.