штета во историјава што не можеме да зборуваме што би било ако би било. Али сепак одредени ситуации можеме да ги констатираме.
Тито иако на чело на Југославија немал толку големо влијание колку Рузвелт, Черчил и Сталин. сверите на влијание веќе биле познати пред крајот на војната, а во Јалта и потврдени..
Јасно се гледа дека во Грција 90% ќе има влијание Велика Британија, така да борбата на македонците во Грчката граѓанска војна била осудена на пропаст пред уште да почне војната. Едноставно било предоцна за било каков копромис со Грција (која уште пред почетокот на војната била од страната на сојузниците).
во врска со бугарија и Димитров:
Коминтерната во 1924 година го суспендирала Обласниот комитет на КПЈ за Македонија, а во 1935 година со нејзино решение била распуштена ВМРО (Обединета), чија политика една година пред тоа била поддржана. Треба да се знае дека решението за распуштање на македонските организации во Бугарија и укинување на нивните весници било донесено и потпишано лично од Георги Димитров. „Врв на овој програмски опортунизам претставува Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година која ја промени судбината на Македонците во Бугарија“
Тоа што дозволил Македонците да се прогласат како посебен народ во Бугарија прави да бугрскиот народ го обвинува дека бил против националните интереси на Бугарија и го нарекуваат предавник на бугарската национална доктрина. Народот (бугарски) не ја сакал идеата за македонците како посебен народ, а отцепувањето на пиринска и доделување на СР Македонија сигурно ќе повлечело друга граѓанска војна која македонците би го изеле подебелиот крај.
Промена на територии после 2 Светска војна, а посебно на Балканот било невозможно нешто,затоа што Сојузниците ( Сталин, Черчил, Рузвелт) веќе ги утврдиле своите свери на влијание и секоја промена бил значело чепкање во интересите на Сојузниците.
факт. Сад дирекно ги финансира монархистите во граѓанската војна во Грција.
(вардарска) Македонија после 2 светска војна, можеше да опстои само во една силна и независна федерација,
федерација во која е признат македонскиот народ, држава и писмо. Македонците не биле асимилирани ниту пак дискриминирани.. после многу векови конечно доаѓа време на благосотојба на македонскиот народ, се се гради, се поставуваат темелите на индустријата, сточарството и земјоделството (преку ЗАДРУГИТЕ) доживуваат подем, народот се описменува, се снимаат Филмови, почетоците на Македонска модерна култура се во време на Социјализмот. Македонците од асимилиран народ 1000 години за 20 години доживуваат невиден прогрес (во однос на предходната ситуација под СХС и турците)..