За оние кои стариот завет не е од голема важност еве цитат од Евангелијата, во кои Евагелија по име се спомнува Мухаммед с.а.в.с:
Но јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви го пратам (ред 8) А он кога ќе дојде ќе го изобличи светот за грев, и за правда и за суд. А кога ке дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од себе нема да зборува, а ке говори што чуе, и ке ви ја каже иднината. (Евангелие според Јован 16 ред7 )
Исус во овие редови зборува за Духот на вистината кој ќе дојде, зошто ако тој не отиде, Утешителот нема да дојде при луѓето... и тој ќе ја кажува вистината и нема да говори од себе, ќе говори тоа што ќе чуе... и ако за овие зборови ги прашаме христијаните, за кого се зборува?
Без двоумење одговараат, за Светиот Дух! Но дали Исус вели така?
Исус вели: ако јас не отидам, Утешителот нема да дојде при вас, а Светиот Дух веќе бил на земјава, повикуваеќи се на кажувањето од Библијата, за раѓањето на Исус се вели : дека Светиот дух ја осена Марија и таа забремени. Библијата вели дека Светиот Дух веќе бил на земјава, а Исус вели ако не отиде Духот на вистината нема да дојде, што кажува дека ова пророштво не се однесува на Светиот Дух, туку на Духот на Вистината.
Исто така во горецитираниот дел од Библијата се вели дека: но од себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината.
Денес е повеќе од јасно дека Светиот Дух на никој до сега не се обратил преку говор, не се обратил на луѓето како што се вели во горенаведениот цитат: дека ќе го изобличи светот за правда, ќе ја каже вистината, според основни познавања од Библијата јасно е дека според поголемиот дел од Христијанската популација, светиот Дух е еден од „Светото Тројство” па според тоа неможе он да зборува што ќе чуе, од кого ќе чуе? Самиод од себе? или ???
Цитатот од Библијата вели дека ќе зборува! До сега нема христијанин кој тврди дека Светиот Дух му прозборал, па од тука се заклучува дека пророштвото за кое се зборува во Евангелие според Јован не е Светиот Дух, туку Духот на вистината
Но кој е духот на вистината?
Не сите знаат Грчки, затоа што старите скрипти на новиот завет се пишувани на Грчки јазик, затоа ќе го образложиме и зборот Духот на вистината, користен во Библијата, е Параклетос кој пак збор е корумпирана форма од зборт париклетос , ако овој збор го преведиме на Македонски јазик ќе биде : Некој кој е фален, или Некој кој е достоен за фалење а ако пак сето ова се преведе на Арапски ке биде:
Некој кој е фален = (Мухаммед)
А некој кој е достоен за фалење = (Ахмед)
Елхамдуллилах и двете од овие имиња, се имиња на Аллаховиот гласник Мухаммед с.а.в.с што кажува дека и по име Библијата зборува за Мухаммед с.а.в.с
Има уште многу наговестувања едно од нив е и слденово:
Мојсеј вели: хи куму митеким ви кулли Мухаммедим зејдуди ве зејран бејне јерусалим Книга Песна над песните 5 (ред 16) Ова е еврејска котација која вели: устата негова - сладост, и целиот тој е пожелен. Ете кој е мојот возљубен ете кој е пријателот мој, ќерки ерусалимскиВо
Еврејсакта Библија за која се тврди дека е најстарата и најизворна предаја, стои името Мухаммед но со придавката им која е придавка за Респект. Како што напоменавме за видовите на множина: количина и респект, така и во евресјкиот јазик Елохим, Елох се мисли на Господ,и придавката им за респект Во Македонската Библија тоа го преведиле какао, целиот тој е пожелен. Но во еврејската Библија стои точно името МУХАММЕД за кое име Евреите немаат ништо против и така го бележат во своите записи.
Повторно доаѓаме до заклучок дека Мухаммед неможел да копира од Библијата кога самата Библија зборува за Мухаммедовото доаѓање на земјава.
Во Исаија пак се вели: 21-13 Пророштво за Арабија. - Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански. Жители на темајската земја, носете...
И целото ова поглавје објаснува како една група на верници ке бидат прогонувани, па ке дојдат во Абесинија и тн. Точно тоа што подоцна им се случува на првите муслимани кога се прогонати од Мекка, па тие наоѓаат склониште во Абесинија кај, Абесинскиот крал и тн.
Исто така има и историски факт кој вели:
Стариот завет на Арапски јазик за прв пат е објавен од страна на Р. Саадиас Гаон во 900 година. Повеке од 200 години по смртта на Мухаммед с.а.в.с А Новиот завет објавен за прв пат на Арапски јазик е од страна на Ерпениус во 1616 год. повеке од 1000 години по смртта на Мухаммед с.а.в.с.
Па како можел Мухаммед да копира од нешто што не постоело во негово време ???