Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.985
Добро,има ли некој налетано на документ,статија,било што,каде што може да се види како македонскиот народ,обичните луѓе го доживувале Александров во времето кога делувал??
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Добро,има ли некој налетано на документ,статија,било што,каде што може да се види како македонскиот народ,обичните луѓе го доживувале Александров во времето кога делувал??
Можи само во Пиринско, а не и во другите делови на Македонија ;)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ок оправдано се ежиш од Бугарската пропаганда, и јас исто.
Како стоиш со останатите пропаганди Српската, Грчката... исто така страстно промовирани од некои “Македонци“?

Македонија нема проблем со сопствената историја има само еден напатен и со векови измачуван и делен народ од неговите блиски и “братски“ комшиски народи.
На форумов српска пропаганда искрено немам прочитано, а тоа е издуван балон кој замина заедно со бившата гарнитура. Никогаш во мојата психа не биле „браќа“ и немам баш високо мислење за нив како нација.
Грчка пропаганда во делот со Александар Македонски е веќе за сеир. ние сме толку на различна позиција со нив што во ништо не се согласуваме. Така да незнам како би поминала пропаганда под грчко знаме, кога јасно и отворено ни порачуваат со години: Не ве сакаме и банкротирани ќе ве блокираме каде и да стигнеме. Ниту се кријат зад некаква лицемерна политика со нас, ниту па не сметаат за нација. Едноставно не те признава и крај на муабетот. Јас име не планирам да менувам, они не планираат да не признаат и крај на муабетот. Незнам ни зошто се водат преговори.
Албанците и нивното лицемерие со угнетен народ веќе сум зборувала.
Останува само бугарчето со нивната лицемерна политика, пред тебе вака, зад тебе гроб ти копа. Един народ, две држави. На тв секој ден онаа краста Борисов гнете против нас, а потоа ни подава рака како секаде не поддржува и не сака како народ. Цела историја ја изменија и украдоа, сите песни Македонски ги преработија, а овде нашиве како со воден чорап по глава удрени мајка блгарија па и имаат доблест да ги бранат. На форумов врие од бугари и бугарска пропаганда, нема тема каде не пишуваат 24 часа и со тоа трујат мозоци.
И најмногу имам проблем од домашни продадени души. На било кој начин подплатени од некого менуваат дел по дел, коцка по коцка и создаваат една поинаква слика за нас како земја и како народ. Едно е лично да имаш симпатии кон некого, друго е да ги наметнуваш од позиција на власт кон цело население и со тоа да создаваш конфузија и преиспитување за сопствената историја. Бришеш цел период од НОБ како сите биле кодоши и против интересите на Македонија, а го ставаш на пиедестал Тодор Александров. Има ли смисла?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Добро,има ли некој налетано на документ,статија,било што,каде што може да се види како македонскиот народ,обичните луѓе го доживувале Александров во времето кога делувал??
Можи само во Пиринско, а не и во другите делови на Македонија ;)

Сакам да кажам дека Тодор Александров, независно од неговата активност, која секогаш не беше на линијата на прогресот, имаше големо влијание врз масите. Веројатно поради односот што го имал со луѓето, поради аскетскиот живот што го водел, како што се зборуваше и поради други работи. Но, мора да се има предвид и еден друг момент. А тоа е дека тој, сепак, се оформил како револуционер во Македонската револуционерна организација, која во основа имала за цел ослободување на Македонија.

(Михајло Апостолски - Сеќавања, стр. 42)
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Е ајде де,сигурно имаш учено историја,би требало да знаеш
Како член на Бугарскиот Земјоделски народен сојуз, добива задача да ја неутрализира ВМРО (Автономистичка), за сметка на Бугарската држава и со тоа да спречи да избие нова војна помеѓу кнежеството Бугарија и Кралството СХС.

Според мене ова е предавство на организацијата која се обидуваше на секој можен начин да го спаси невиниот народ во Вардарска Македонија, кој страдаше од суровоста на српските жандари. Ѓорче Петров со ова јавно застана зад интересите на кнежеството Бугарија, а не на организацијата на која и беше член!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Како член на Бугарскиот Земјоделски народен сојуз, добива задача да ја неутрализира ВМРО (Автономистичка), за сметка на Бугарската држава и со тоа да спречи да избие нова војна помеѓу кнежеството Бугарија и Кралството СХС.

Според мене ова е предавство на организацијата која се обидуваше на секој можен начин да го спаси невиниот народ во Вардарска Македонија, кој страдаше од суровоста на српските жандари. Ѓорче Петров со ова јавно застана зад интересите на кнежеството Бугарија, а не на организацијата на која и беше член!
Се гледа колку знаеш историја,седи кец.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Сакам да кажам дека Тодор Александров, независно од неговата активност, која секогаш не беше на линијата на прогресот, имаше големо влијание врз масите. Веројатно поради односот што го имал со луѓето, поради аскетскиот живот што го водел, како што се зборуваше и поради други работи. Но, мора да се има предвид и еден друг момент. А тоа е дека тој, сепак, се оформил како револуционер во Македонската револуционерна организација, која во основа имала за цел ослободување на Македонија.

(Михајло Апостолски - Сеќавања, стр. 42)
Во редовите на организацијата влегуваат нови, свежи сили, кои ќе ги надминат своите учители. Меѓу многуте, ќе го споменам името на само еден од нив: тој е Тодор Александров - слабото даскалче. На изглед никој не би се посомневал дека во таа женствена надворешност се крие револуционер по душа, одличен организатор со цврст карактер и челична волја. Скромен, разумен и тактичен, познавајќи ја одблиску народната душа и болка, тој доминира на народните маси. Строг, пред се кон себеси, тој е роден за народен водач. На него се полагаат големи надежи...

Даме Груев, Сè за Македонија, Зборникот документи за Тодор Александров

Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободувањето.

Шатев, П., „В Македонија под робство“, Софија, 1983, трето издание.
--- надополнето: 28 јуни 2012 во 20:38 ---
Се гледа колку знаеш историја,седи кец.
Ајде бе професоре... дај твое видување
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Како член на Бугарскиот Земјоделски народен сојуз, добива задача да ја неутрализира ВМРО (Автономистичка), за сметка на Бугарската држава и со тоа да спречи да избие нова војна помеѓу кнежеството Бугарија и Кралството СХС.
Во што се состои "неутрализацијата"??
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Е,и ?
Сакаш да го омаловажиш сето она што го постигнал Ѓорче за Македонија,го оправдуваш тоа што Александров го убил Ѓорче ?
Не си ми јасен.
Сфати си ти како сакаш јас ти кажувам дека он работел во владата на Стамболиски во Бугарска влада :) наспроти Тодор Александров којшто никогаш немал ништо со бугарските институции ...
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Во што се состои "неутрализацијата"??
Со тоа што ја придобил „опозицијата“ во ВМРО и ја убедил дека проблемот треба да се реши на легален начин, а не со терористички акции.

Подоцна (30 Мај 1921 г.) следува средбата на претседателот на владата на СХС Пашиќ и бугарскиот министер за внатрешни работи Александар Димитров (инаку СОПАРТИЕЦ на Ѓорче Петров), на која е договорено спречувањето на преминувањата на комитските чети на ВМРО во Вардарска Македонија!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Трудете се до утре да го омаловажите сето она што го направил за Македонија,викајте го Бугар,бугарски платеник,како сакате,не ве ни перцепцирам дека постоите од проста причина што да знаевте малку историја,ќе знаевте и дека се противел на предвремено кревање на востанието заедно со уште неколку војводи.
Ако бил бугарски платеник,немало да се замара со Илинденското востание дали ќе почне порано или подоцна и дали ќе доживее успех или не.
Наспроти тоа,растрчувал на сите страни и на сите им говорел зошто не било во ред да се крене предвремено востанието,ама нели,бил бугарски платеник и затоа Александров го убил (што се нема да прочитам од вас).




За крвавата борба што се случила за време на Илинденското востание кај мариовското село Чаниште, во своите "Спомени" Ѓорче Петров, меѓу другото, го подвлекува и следното: "Од Софија до Ќустендил стигнав со пајтон заедно со резервниот поручник Лика Иванов, кој загина за време на Илинденското востание кај Воден. Co нас беше и Црногорецот Јово Јовановиќ. Преминот на бугарско - турската граница беше тежок и напорен. Патувањето и преминот преку Вардар исто така беше и напорно, при деноноќно патување и напади од турскиот аскер. Бев решен да загинам, но тоа да биде на теренот на Битолскиот револуционерен округ. Од Велес продолживме да се движиме со четата на Петре Ацев. Во Прилепско стигнавме околу 10 август 1903 година".
Четата на Ѓорче Петров броела околу 45 души. Неговата чета се упатила кон мариовскиот револуционерен реон. Кај селото Чаниште се сретнува со костурската чета на војводата Лазо Поп Трајков и Иван Попов, во јачина од 130 востаници. Во своите "Спомени" натаму Ѓорче Петров пишува:
"На Чанишка Чука не нападна аскерот. Водевме цел ден борба. Ако не беше стражата и ако не беа добри распоредите на Јово Јовановиќ, не ќе можевме да се извлечеме. Имавме 20 малихерки, 14 мавзерки, другите беа грчки пушки. Циле Кономладински -брз војвода со 20 момчиња речиси на јуриш ја зазеде чуката и ја испретече турската војска. Нападите на Турците беа силни и до пладнето сите ги убивме. Во тоа време од сите страни се спушти нова војска од 4-5000 души. Куршумите ни свиреа околу главите. Турците имаа план да не опколат, а потоа со штикови да се нафрлат врз нас...
На смрачување си зедовме збогум и со ура се повлековме и незабележано ја прегазивме Црна. Бевме капнати и гладни. И фишеците ни беа привршени. Co нас носевме 7-8 ранети, меѓу кои војводата Лазар Поп Трајков од костурската чета и Црногорецот Јово Јовановиќ - ранет во окото. На чуката останавме 4 убиени и 2 пред тоа. Среќа имавме што аскерот не тргна по нас. После разбравме од селаните, дека Турците имале околу 200 загинати и во нивите ги закопале. Ранетите ги пренеле во болница. Од кај селото Градешница стигнавме во мариовските планини. Таму се сретнавме со четата на Толе Паша. Пристигна вест, дека аскерот стигнал по селата. Се упативме на врвот Ниџе. Неочекувано таму, истата вечер, со 14-15 души востаници пристигнал и Борис Сарафов од кај Костурско. Сарафов ни соопшти за решението на Главниот штаб на востанието, да се растурат четите, зошто востанието е пропаднато, така барем да се спаси оружјето, а имало надеж и за амнестија. He го одобрив расформирањето на четите. Уште истата вечер, кога Сарафов замина за Бугарија, неколку илјадна турска војска со синџир ја претресе Мариовската планина. Четата мачно се криеше во планината. Толе Паша ми советуваше и јас да заминам за Бугарија, бидејќи не можеше добро да се крие кога сум со него, а не сака и да не загинам во неговата чета. Од Ниџе се повлекоа и костурчани заедно со војводите Попов и Циле Кономладински, кој загинал на 4-от ден од нашата разделба..."

Понатаму Ѓорче Петров настанот мошне сликовито вака го опишува:
"На Ниџе, со надморска височина над 2000 метри, останавме се до повлекувањето на аскерот. Без да чекам ни еден ден, слегнав во селото Градешница, доверувајќи им се на Митре Гулев и Стале Босеов. Ги соблеков комитските алишта, облеков селски. Двогледот, револверот, камата и пушката ги доверив кај двајцата селани. После Толе Паша ја облекол мојата комитска облека и зел се друго. Другото лето го убија во моите алишта. Потоа, Турците моите алишта ги продале на ат-пазар во Битола. Алиштата ги купил некој мој пријател и мислам, дека уште ги чува.
Co своите нови селски алишта, со две магариња товарени со штици, со други пазарџии од Градешница тргнав за Битола. По патот на три места не претресуваше аскерот, но војниците не можеа да ме препознаат. Селаните - градевци што беа со мене и ме знаеа кој сум, но ништо не кажаа (Ѓорче Петров во Градешница ја избричи и брадата). Во Битола се сместив кај баба Фанија Аџи Велкова. Се ставив на располагање на Окружниот комитет (Лозанчев, Христов и Ацо Доров), но тој не ме прифати. Окружниот комитет за посигурно ми советуваше да заминам за Прилеп, и тоа го сторив. Потоа заминав за Бугарија..."
Ѓорче Петров, сред бел ден 1924 година на една улица во Софија беше убиен по директива на велико - бугарските врховисти.

Неколку илјадниот турски аскер при потерата по востаниците во Градешница, Старавина, Будимерци, Груништа и други мариовски села правеа палежи по куќите. На турските војници се што ќе им дојдело до рака пљачкосувале, силуваа и секој кој ќе се спротивставел на населението бил убиван на лице место.


По повлекување на турската војска од Мариово, во мариовските планини и села останала да дава отпор на турското ропство само четата на војводата Толе Паша. Тој и по Илинден не сакал да замине за Бугарија, туку останал во Мариово, да ја дели судбината со својот напатен народ.
Како што е познато, на 12 август 1903 година отпочнала турската офанзива врз Крушево. По неколку часовната жестока борба меѓу востаниците и аскерот, одбраната на Крушево е разбиена и во попладневните часови турската војска пак го зазема Крушево.
Крушевскиот востанички штаб дури по изгубената борба констатира дека не е дигнато општо востание во сите востанички реони во Битолскиот револуционерен округ, па и надвор од него во цела Македонија, што се причина за неуспехот на истото. Значи, востанието не било добро подготвено, да тоа пламне во сите револуционерни реони на Македонија, а на тоа со право укажал Гоце Делчев и некои други македонски ајдуци и војводи.
Во текот на Илинденското востание од август до октомври 1903 година, колку што тоа траело, од пишани извори се дознава дека се одиграле околу 200 позначајни борби и акции, меѓу востаниците и турската војска. Исто така, се случиле околу 150 диверзантски саботажи. И борбите и саботажите претежно се одиграле во Битолскиот револуционерен округ, во кој спаѓа и Мариовскиот револуционерен реон.

Откако турското раководство констатирало дека востанието и востаничките дејства со поголеми размери се во Битолскиот вилает, турската команда одлучува 3-та Турска армија со поголеми воени ефективи да го угуши востанието на тој простор. Во борбите зеле учество пешадиски, коњички и артилериски единици на Турската армија, вклучувајќи го и турскиот башибозук.
Човечките и материјалните загуби за време Илинденското востание во Градешница па и други мариовски села многу слабо досега се проучувани, а веројатно тоа се должи и поради оддалеченоста на овој револуционерен реон од Битола, Прилеп и другите градски центри. Човечките и материјалните загуби во овој реон не се проучувани и по илинденското востание па речиси се до завршувањето на Првата светска војна.
Ѓорче Петров во своите "Спомени" споменува доста интересни настани бидејќи со својата чета од 45 души за време на илинденското востание се борел во мариовскиот револуционерен реон. Тој споменува дека се сретнал на планината Ниџе и со мариовскиот војвода Толе Паша и неговата чета, која броела околу 20 востаници, кои биле претежно од мариовските села. He постојат податоци дали во Толевата чета имало востаници и од селото Градешница, кое било главната "тврдина" на Толета. Ѓорче Петров ги посочува само селаните - градевци Митре Гулев и Стале Босеов, на кои по пропаѓањето на востанието им се доверува и со нивна помош востаничката ја заменил со селска-мариовска облека и како пазарџија жив и здрав се вратил во Битола, без да биде откриен од турската власт.
Највлијателни селани за време на Илинденското востание се спомнуваат Митре Гулев, Илија Гуцев, Стале Босеов и други, но статистички податоци за тоа нема. Велко Велков е познато дека бил директен учесник во Илинденското востание. Овој Градешец, додека беше жив примаше илинденска пензија. Поради неинформираност и непознавање на прописите, доста селани директни или индиректни учесници во Илинденското востание по ослободувањето не знаеја да ги искористат своите права, што произлегувале од прописите сврзани со Илинденското востание од 1903 година.



Во многу населени места во Македонија, од средините на народот излегуваат самородени револуционери и војводи, кои се издигнуваат во свеста на народот, за кој тој испеал и песни. Една таква револуционерно-историска фигура е и мариовскиот војвода Толе Паша, заштитник на сиромасите, прогонувач на турските угнетувачи и бегови во мариовско. Толе Куликов е роден во мариовското село Крушевица. Кога пораснал, станал слуга на еден беговски имот. Толе Куликов бил неписмен, но по душа мошне правичен. He можел да ги трпи неправдите и тортурите што беговите и газдите ги наметнуваат над рајата. Толе станал ајдутин и ликвидирал неколку Турци. Пленот што го пленувал од беговите и газдите, го разделувал на сиромасите.
Притиснат од турските потери, Толе ја минал Црна Река и се префрлил во селата на Старо Мариово - Зовиќ, Старавина, Груништа, Будимерци, Градешница, Бешишта и други. Толе формира своја вооружена чета, која станала страв и трепет за Турците, при прибирање на даноци и други давачки за турската власт. Во четата на Толе Паша се приклучил и Трајко Брниклијата, кој се до смртта му останал верен другар и соработник на Толета. Кога се создала Организацијата на ВМРО и почнала да се шири нејзината мрежа низ цела Македонија, преку околискиот прилепски војвода Петре Ацев бил заколнат и примен во Организацијата и Толе Паша. Тој се обврзал дека ќе го почитува Уставот (Статутот) на Организациајта. Толевото име прераснува во легенда. Тој е по планината, раскрсниците, секаде во Мариово. Легендата зборува, дека Толевото тело куршум не го пробива. Во борбата против беговите си го издигнал името во Толе Паша, бидејќи по цело Мариово се распоредувал како турски паша. Толе Паша ковал план да ја турне турската власт во Мариово па и во цела Македонија.
Селото Градешница, поради неговата местоположба станало "тврдина" за четата на Толе Паша. Градевци се грижеле за четата и предупредувале при наближување на турските потери, а за тоа, во една пригода, старецот Илија Гуцев (сега покоен) ни рече:
- Во Горно Маало на Градешница, односно, во куќата на Бурлијата, беше сместена на вечера четата на Толе Паша. Во тоа време во Долно Маало на коњи пристигнаа 50 души турски аскер. Митре Гулев - селски годишен коџобашија, ги смести Турците и на комитите им приредивме богата вечера со пијачка и не дозволивме да дојде до судир меѓу нив за да не настрада селото. Во придружба на вечерата, со аскерот беше коџобашијата Гулев, а од името на Организацијата со комитите на вечера беше Илија Гуцев. Следното утро турските војници заминаа за Витолишта, без да знаат дека истата ноќ во Градешница преноќевала и четата на војводата Толе Паша. Истото утро и четата на Толе Паша се повлекла кон Налевите Бичкии во планината Уруп. Толе Паша, на вечера доаѓаше и кај Митре Гулев, Илија Гуцев, Стале Босеов и други градевци. Во селото Старавина навраќаше кај семејството Сивеви. Кога некој селанец од мариовските села ќе се дознаеше дека работи во полза на турците или ќе го прекршеше Уставот на Организацијата, Толе паша се закануваше: "Јас сум ви Паша, јас сум ви кадија, јас сум ви султан". За војводата Толе Паша народот испеал песна уште пред Илинденското востание, а таа гласа:
Мори, бабо, стара бабо, нешто ќе те питам, право да ми кажеш, бабо, без да ме излажеш.
Кои војводи беа, бабо, у вас на вечера, дали беше Толе Паша или дедо Кољо?

Дал ме питаш, море аго, право ќе ти кажам, право ќе ти кажам, аго, без да те излажам.
Ниту беше Толе Паша ниту дело Кољо, туку беше Гоце Делчев со негова верна дружина.
У нас вечераа, аго и си заминаа, и си заминаа, аго, за Кожув планина.

Оваа песна се смета дека е испеана во 1902 година, во чест на Гоце Делчев, кога тој во есента 1901 година ја посетил и четата на Толе Паша во Прилепско, односно Мариовско и четата на Дедо Кољо во Леринско. Тогаш Гоце Делчев извршил ревизија на сите чети и реони во Македонија.
Меѓутоа во Хуриетот во 1908 година, врховистите тенденциозно во песната место Толе Паша и Дедо Кољо, го споменуваат името на Тодор Александров, a со цел тој да се издигне и се популаризира како делото на Гоце Делчев.
Кога стана катастрофата со илинденското востание, Толе Паша не го напуштил Мариовскиот револуционерен реон, иако како војвода бил поканет да замине во Бугарија. Толе Паша, како Ѓорги Сугарев, Христо Узунов и други војводи, останал во Македонија да ја дели судбината заедно со својот напатен народ.

Во една есенска ноќ 1904 година Толе Паша со својата чета од 11 души ја напуштил Градешница и преку Бешиште и Врпско се задржал во селото Гудјаково. Утрото на 14 октомври истата година, при напуштање на селото, четата на Толе Паша налетала на многубројна турска заседа. Се разврзала четиричасовна крвава борба меѓу аскерот и комитите на Толевата чета. Во оваа борба храбро загинал војводата Толе Паша и речиси целата негова чета. Во борбата загинал и Толевиот син Велјан.
Организацијата се ангажирала да ги пронајде и ликвидира предавниците за смртта на војводата Толе Паша и неговата чета. Во казнување на предавниците се ангажирал и единствениот преживеан четник од Толевата чета. My биле запалена куќата на предавникот од с. Гудјаково. Убиен е и еден шпион од село Вепрчани и уште еден шпион по име Христо од село Будимерци.
Во своите "Спомени" Крсте Гермов - Шаќир, кој за време Илинденското востание бил секретар во Толевата чета, ќе го нарече својот другар Толета "голем, но заборавен".
Толе Паша минувајќи низ ајдутската етапа, се вклучува во организационо - национално револуционерно движење и директно учествува во епопејата на Илинденското востание. Народниот пеач ќе запее за Толета, уште со неговото заминување во ајдутин:
"He плачи мајко, не жали, мори, не жалај, не рони солзи крвави, мале, крвави, по твои бели образи, мале, образи, оти ќе станам ајдутин, мале, бунтовник. Турчинот не го јаствам, мале, јаствам, Турчин да ми се башари, мале тамбори на татковото јагнишче, мале, јагнишче, на мајконото катиште, мале, катиште, на сестрината постела, мале, постела..."

И пo загинувањето на војводата Толе Паша, народниот пејач пак ќе запее:
"Жалете го браќа Толе војводата, кој што загина за нашата слобода..."
Кога на валијата од Битола му соопштиле дека е убиен војводата Толе Паша, турскиот окружен управител не поверувал. За да го уверат, војниците на турската потера му ја пресекле главата и му ја донесле на валијата во неговата канцеларија во Битола. Валијата се згрозил од постапката на своите потчинети и наредил веднаш главата да ја вратат кај телото на Толета.
За жал гробот на овој илинденски војвода денеска е обраснат во жбунови и тревници.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Трудете се до утре да го омаловажите сето она што го направил за Македонија,викајте го Бугар,бугарски платеник,како сакате,не ве ни перцепцирам дека постоите од проста причина што да знаевте малку историја,ќе знаевте и дека се противел на предвремено кревање на востанието заедно со уште неколку војводи.
Ако бил бугарски платеник,немало да се замара со Илинденското востание дали ќе почне порано или подоцна и дали ќе доживее успех или не.
Наспроти тоа,растрчувал на сите страни и на сите им говорел зошто не било во ред да се крене предвремено востанието,ама нели,бил бугарски платеник и затоа Александров го убил (што се нема да прочитам од вас).
Работел у бугарска влада бе о човек .. плата земал од Бугарија :D у МНР работел ехеее висок функционер :) не го сметам за предавник ради ова само ти давам до знаење дека Ѓорче Петров бил во бугарска влада за разлика од Тодор Александров којшто никогаш немал ништо со Бугарските институции и зошто Тодор предавник дека го убил Ѓорче Петров абе ајде ... не трескај
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Трудете се до утре да го омаловажите сето она што го направил за Македонија,викајте го Бугар,бугарски платеник,како сакате,не ве ни перцепцирам дека постоите од проста причина што да знаевте малку историја,ќе знаевте и дека се противел на предвремено кревање на востанието заедно со уште неколку војводи.
Ако бил бугарски платеник,немало да се замара со Илинденското востание дали ќе почне порано или подоцна и дали ќе доживее успех или не.
Наспроти тоа,растрчувал на сите страни и на сите им говорел зошто не било во ред да се крене предвремено востанието,ама нели,бил бугарски платеник и затоа Александров го убил (што се нема да прочитам од вас).
А што функција имал Ѓорче Петров и на кој ставови бил за Македонија... пред да биде убиен?
Ти нагласив, пред да биде убиен - за тој период од неговиот живот правиме муабет, а не за времето пред и по Илинденското востание!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Работел у бугарска влада бе о човек .. плата земал од Бугарија :D у МНР работел ехеее висок функционер :) не го сметам за предавник ради ова само ти давам до знаење дека Ѓорче Петров бил во бугарска влада за разлика од Тодор Александров којшто никогаш немал ништо со Бугарските институции и зошто Тодор предавник дека го убил Ѓорче Петров абе ајде ... не трескај
Дебе па ти, па денес кон ни е министер за одбрана? Приемр колку на вас родителите служеле војска во југославиј? Така зашто го гледате тоа по работно место што како е. па димитар блаогоев бил во бугарск особрание па таму се расправал со нив им кажувал дека ја фалсификувале историјата има стенограм се е запишано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom