Војсководци во I светска војна - Македонски фронт

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
општо мое мислење на форумов е дека историскиот период познат како ``големата војна`` т.е. 1 светска војна не е доволно застапен на форумов. Целта е да се проговори за личности од тој период, но секкао може и воопштено за дејствијата причини па и последици од оваа војна.

една таква личност била, што секкао отвора контроверзи за тогашното време е Светозар Боројевиќ од Бојна фелдмаршал во австро-унгарската војска.
250px-Boroevic.jpg

неговото потекло се рачуна дека е српско , роден во православна српска фамилија во местото Уметиќ, во близина на Костајница ( Хрватска) потомок на ``краишници`` срби кои ја чувале аустро унгарската граница и предан и лојален на автро-унгарската круна.

воено школован тој е единствен словен кој добил титула фелдмаршал-лајтант во астро унгарија, дури и 1916 добива и плакета за воени заслуги со сопствен лик.

во првите години од војната тој е најзаслужен што 3 автроунгарска армија ги спреќува русите да излезат на дунав, а во 1918 добива и армија на италијанскиот фронт која тамо треба да го одбрани фронтот против италијанската армија, после поразот кај Виторио Венето ( најголема италијанска победа во 20 век) авструнгарската војска се повлекува и набргу потоа следи и нејзина капитулација.

Негов аѓутант бил нико друг сем Славко Кватерник еден од идеолошките творци и голем званичник на подоцнежното усташко движење.

до ден денес траат напрегањата како се чувствувал самиот светозар како хрват или србин , србите именуваа улица според него во Предградие на Белград 2008..а од друга страна се вадат документи во кои тој се повикува на хрватско домуљубие после 1 светска војна.

факт е дека негова молба да биде примен во војската на СХС после 1 светска војна е одбиена , иако на многу други офицери од бившатѕа австро-унгарска војска им беше истото дозволено.

во јасеновац за време 2 светска војна погубени се доста Боројевичи што србите го користат како факт дека усташите биле начисто со неговата припадност.

истиот умира во Целовец 1920 во крајна сиромаштија.

истиот беше признаен и од непријателите како еден од поголемите војсководци во 1 светска војна, србите честопати го доживуваа како трагедија дека Србин беше на чело на непријателска војска.

користено wikipedia
 
Kaj ti tekna I svetska vojna, pa ovoj Generalfeldmarschall-ov od kaj samo go iskopa???
Nie mnogu malku znaeme za Der Mazedonischen Front od toa vreme, koj podocna go prekrstija tendenciozno vo Solunski .., a kamo li za bitkite vo Dolomitite...:)
 
Се согласувам, па еве малку хинт за оние кои ги интересира повеќе, кај да бараат:

REICHSARCHIV

General a.D. D. Dieterich
„WELTKRIEGSENDE AN DER MAZEDONISCHEN FRONT”

SCHLACHTEN DES WELTKRIEGES
Band 11

“Крајот на војната на Македонскиот фронт“
Битките во Првата С.В.
Том 1

Издадена од
Verlag von Gerard Stalling
Oldenburg-Berlin 1925
Има 200 страни.

За жал, само на германски јазик е, меѓутоа може чичко Христо ќе ни преведе некој дел? :)

quen030.jpg

quen033.jpg

quen034.jpg

quen035.jpg

quen036.jpg

quen037.jpg

quen038.jpg

quen044.jpg

quen045.jpg

:smir:
 
секако би било интересно да се раложи македонскиот фронт тука, посебно преку главните актери, али ај да речам тоа го оставам на вас00.

дрга важна фигура од Војсководците воедно после и историски многу контроверзна бил Филип Анри Петен подоцна познат како Маршал Петен
06-05s.jpg

Петен на големо се покажал и докаЖал за време одбраната на Верден една од најголемите битки на западниот фронт во првата светска војна , куриозитет е дека во оваа битка се користени за прв пат пламенофрлачи од страна на германците против француските одбрамбени сили во рововите.
поради одбраната на верден подоцна Петен го добива и чинот на Маршал, и станува познат како Маршал Петен.

натаму знаете следува 2 светска војна, француска капитулација и маршал Петен е председател на ВИшиевска Франција која активно соработува со Германија.
 
Од Бугарската војска на Македонскиот фронт се борат прво II армија, а по преземањето на Србија и I армија.

Командир:
I армија:

генерал-полковник Климент Бојаџиев (1915 - 1916)
bojadzijev.jpg

генерал-полковник Димитар Гешов (1916 - 1918)

генерал-полковник Стефан Нерезов (1918)

II армија:
генерал-полковник Георги Тодоров (1915 - 1917)

генерал-мајор Иван Луков (1917 - 1918)

General a.D. D. Dieterich
„WELTKRIEGSENDE AN DER MAZEDONISCHEN FRONT”

SCHLACHTEN DES WELTKRIEGES
Band 11

“Крајот на војната на Македонскиот фронт“
Битките во Првата С.В.
Том 1

Издадена од
Verlag von Gerard Stalling
Oldenburg-Berlin 1925
Има 200 страни.

Имам ја на бугарски јазик, издание од 1927 година на PDF - можам да го подигнам некаде.
 
Имам ја на бугарски јазик, издание од 1927 година на PDF - можам да го подигнам некаде.

Доколку преведеш на македонски, тогаш да. Иначе не ни врши работа.
 
Stepa.jpg Победникот над австроунгарците кај Цер
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 15:50 ---
250px-August_von_Mackensen_fieldmarshal.jpgГерманскиот командант кој командува со германско-австроунгарската офанзива на Србија во 1915 (истовремено со браќата Бугари)
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 15:53 ---
300px-Maurice_Sarrail.jpgПрвиот француски командант на Солунскиот Фронт. Морис Сараи
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 15:55 ---
Louis_Franchet_D'Esperey.jpgФранцускиот генерал кој изврши пробој на солунскиот фронт (Франше д'Епере)
 
Само македонски команданти...

Кр'стју Златарев (генерал-полковник), командант на 11-а македонска дивизија во Првата светска војна
Место на раѓање Охрид
Krastyu_Zlatarev.jpg

Полковник Борис Дрангов
5-ти пешадиски македонски полк
Место на раѓање Скопје
Современата воена наука го дефинира како првиот воен теоретичар на тактиката
На 26 мај 1917 во артилериски напад, до свиокот на реката Црна (Јужниот фронт). потполковник Дрангов е тешко повреден и подоцна вечерта умира од повредите. Погребан е во дворот на црквата "Свети Димитар" во Скопје
Boris_Drangov.jpg

полковник Петар Дрвингов
Место на раѓање Кукуш
началник на Генералштабот
Petar-darvingov2.jpg

Григор Кјуркчиев генерал-мајор.
Место на раѓање Прилеп
командант на Втора бригада на 11 пешадиска македонска дивизија

grigor%20kiurkchiev.png

и уште фотографии
Македонски офицери од 11-та пешадиска македонска дивизија, во лево од попот полковник Борис Дрангов

1417.jpg
 
Уште интересни Македонски команданти од првата светска војна
Климент Бојаџиев Генерал-полковник
роден во Охрид
Командува целата Прва Бугарска татарска армија, која во октомври-ноември 1915 година разбива српската војска на линијата од устието на Тимок до Трн.
2590.jpg
Мичман II ранг Димитар Светогорски
роден во Скопје
Загинува на 25 Април 1918 година за време на бојно пловење со немската подморница U-104 во Ирското Море.​
4634.jpg
Ефрејтор Донка Богданова от 2-ри македонски пешадиски полк, родом от село Смилево, Битолско​
Награда во 1912 и 1913 година со орденот "За храброст" IV и III степен, златен медал За храброст I степен ", 1917 година​
3268.jpg
И уште.......​
Школата за резервни подпоручици во Скопје , III вод, 5-а чета. Скопје, септември 1916 година​
3841.jpg
Картечно единица од составот на 11-та пешадиска македонска дивизија​
1420.jpg
 
Војсководците од првата светска војна биле тотални неписмени и самобендисани идиоти, кретени, закоравени во минато и нефлексибилни кон новите услови на војување и можностите на новите оружја, а сето тоа воглавно го плаќале со живот првенствено војниците од нивните редови.

Ова погоре милион пати го имаат потврдено воените историчари и аналитичари.

Имено.. само накратко и упростено, ...
....во услови на штотуку развиено и усовршено оружје со брза стрелба како пешадиско и артилериско, да не ја спомнувам и авијацијата, тие се уште во манир на 19 век се обидуваат да ги тераат своите војници во масовни јуриши и борба гради во гради, следува масовен покољ на само едвај неколку десетини метри од стартната позиција на нападот и рикверц назад...коњицата се покажала како апсолутно неупотреблива..
кога се видело дека работите и не одат баш така како замислиле... незнаејки да се снајдат, се прешло на криење како глувци во ровови... т.е. во така наречен период на позициона пат позиција... со повремени излети на паметот и праќање на војниците во бесцелни јуриши и непотрени гинења..... и големи стрелања на војници од своите редови ради наводен кукавлучок....
вакви аматери да се нарекуваат големи војсководци е далеку од умот.
... кога на ова се додаде и фактот дека првата светска војна всушност е империјалистичка војна, војна за прераспоред на влијанијата и колониите ... сликата е и повеќе од јасна...имаме само бандити и на двете страни.
 
Целосно се согласувам со напишаното. Дури и малку си пишал :).
 
Целосно се согласувам со напишаното. Дури и малку си пишал :).
Ова може да го каже само човек кој и претстава си нема од воено дело и историја. Имаш ли идеја дека огромен дел од бугарските офицери биле високо образовани, завршиле во неколку европски високообразовни институции, при тоа со одличие?
 
Аман бе па ти не се пали не кажа човекот само за Бугарите кажа општо за повекето од тој период
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom