Луси
extreme
- Член од
- 17 септември 2008
- Мислења
- 6.861
- Поени од реакции
- 20.379
Судот во Келн пресуди дека обрежувањето на децата од верски причини треба да се третираат како кривично дело – нанесување тешки лелесни повреди.
Одлуката предизвика бурни реакции, пред се кај еврејската заедница, која тврди дека станува збор за напад на верска слобода.
Во образложението на пресудата се наведува дека со обрежувањето, телото на детето трајно се менува и дека таквата промена е спротивна со интересите на детето, на кое му е одземена можноста подоцна самото да одлучи на која верска заедница и припаѓа.
Најмногу внимание предизвика реченицата “правото на детето на телесен интегритет има предност пред правото на родителите”.
Во одлуката на судот се наведува дека пресудата не се однесува на обрежување од медицински причини.
Еврејската заедница во Германија соопшти дека пресудата на судот во Келн претставува најсериозен облик на мешање во правата на верските заедници, а реакцијата на муслиманската заедница допрва се очекува.
Златко Манчевски
БезПардон.Мк
Извор:http://www.bezpardon.mk/germanija-go-zabrani-obrezhuvan-eto/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=germanija-go-zabrani-obrezhuvan-eto