H
HITCH
Гостин
Извинете што не ја исчитав цела тема, па може ќе се повторувам. Не можам да читам толку многу мислења, односно несогласувања со неписменава раја што никако не може да престане да ни покажува колку се неписмени. Секој нормален човек од толку грешки ќе умреше од срам, ама не и „економистиве“ од влада. Тие се натпреваруваат кој е поглуп.
За да бидеш политичар, не треба, туку МОРА да знаеш историја. Ова не важи само за „политичарите“ во Македонија, туку важи за целиот свет. Важно е да знаат историјата не само за да може правилно да ја водат државата, во социо - еконоски и културно - општествен развој, туку и ќе престанат да верглаат дека историјата ни` се повторува. Секако дека историјата ќе ни` се повторува, кога на власт се деца, кои читаат само дневни весници, и тоа исклучиво провладини, оние кои дебело ги плаќаат за да лажат. Доколку знаат историја НИШТО нема да ни се повтори, оти нели од грешките се учи.
Премногу ме вознемирува што прават споменици на душманите и ги именуваат како „незнајни“ јунаци. Прво Симе, сега и Тошо... Кој е следен? Царица Милица? Уште Тошо ни фалеше! После сето ова, срамота е Колишески, Прелиќ и останатата багра да не добијат споменик на плоштад. Мислам, дај, Грујо разбуди се! Аман веќе, АМАН!
Настрана неквалитетот на спомениците, мака ми е што, во желбата да украдат што повеќе пари, прават споменици и на душмани. Со споменик не се „рехабилитира“ човек кој и наштетил на Македонија, не се наградува за злосторот.
Стварно ме нервираат што се неписмени! Знам дека секој треба да си гледа за себе, ама кога се работи за мои/наши пари можам слободно да кажам дека не дерат до гола коска, а ние се криеме `ко глувци. Не знам до кога ќе ги трпиме глупостиве.
Прво, владата го повикува народот да става имот под хипотека и да зема кредити, за да почнел бизнис, кој поради дупките во законите сигурно ќе пропадне. Бидејќи повеќето министри се економисти, ме интересира зашто не му кажат на народот дека под хипотека на имот се подразбира дека државата, односно банките, доколку не платат, ќе им го одземат заложениот имот! Граѓаните сигурно нема да остварат профит, оти ако кренат малку уши првиот месец, тогаш вториот месец ќе ги уништи инспекција.
Второ, гради споменици, демек за подигање на националната свест кај граѓаните, но поради неквалитетната и скапа изработка, а Бога ми и изборот на „јунаци“, има сосема спротивен ефект. Не се подига национална свест со Симеон Радев и со Тодор Александров!
Трето, преименува, односно, си игра со имињата на улиците. Наводно немало да има потреба од менување на личните документи, ама, на пример, до вчера Стив Наумов беше една улица, а денес е друга, ме интересира поштата, сметки, писма, документи, каде ќе стигнува? Кој ќе треба да плати? Или ако се должи на државата народот ќе си плаќа, ако треба и со камата, ама кога државата ќе му должи на народот тогаш тоа го сметаат како нормален јавен долг, кој секоја држава го има.
Но, ова не е се`! Глупостите кои ни се случуваат секој ден, како оние дека Македонија била економски лидер на Балканов, да им ги шиткаат на неписмените партиски викачи, а не мене.
НАВИСТИНА НЕ СЕ НОРМАЛНИ!!!