Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69
H

HITCH

Гостин
Извинете што не ја исчитав цела тема, па може ќе се повторувам. Не можам да читам толку многу мислења, односно несогласувања со неписменава раја што никако не може да престане да ни покажува колку се неписмени. Секој нормален човек од толку грешки ќе умреше од срам, ама не и „економистиве“ од влада. Тие се натпреваруваат кој е поглуп.

За да бидеш политичар, не треба, туку МОРА да знаеш историја. Ова не важи само за „политичарите“ во Македонија, туку важи за целиот свет. Важно е да знаат историјата не само за да може правилно да ја водат државата, во социо - еконоски и културно - општествен развој, туку и ќе престанат да верглаат дека историјата ни` се повторува. Секако дека историјата ќе ни` се повторува, кога на власт се деца, кои читаат само дневни весници, и тоа исклучиво провладини, оние кои дебело ги плаќаат за да лажат. Доколку знаат историја НИШТО нема да ни се повтори, оти нели од грешките се учи.
Премногу ме вознемирува што прават споменици на душманите и ги именуваат како „незнајни“ јунаци. Прво Симе, сега и Тошо... Кој е следен? Царица Милица? Уште Тошо ни фалеше! После сето ова, срамота е Колишески, Прелиќ и останатата багра да не добијат споменик на плоштад. Мислам, дај, Грујо разбуди се! Аман веќе, АМАН!
Настрана неквалитетот на спомениците, мака ми е што, во желбата да украдат што повеќе пари, прават споменици и на душмани. Со споменик не се „рехабилитира“ човек кој и наштетил на Македонија, не се наградува за злосторот.
Стварно ме нервираат што се неписмени! Знам дека секој треба да си гледа за себе, ама кога се работи за мои/наши пари можам слободно да кажам дека не дерат до гола коска, а ние се криеме `ко глувци. Не знам до кога ќе ги трпиме глупостиве.
Прво, владата го повикува народот да става имот под хипотека и да зема кредити, за да почнел бизнис, кој поради дупките во законите сигурно ќе пропадне. Бидејќи повеќето министри се економисти, ме интересира зашто не му кажат на народот дека под хипотека на имот се подразбира дека државата, односно банките, доколку не платат, ќе им го одземат заложениот имот! Граѓаните сигурно нема да остварат профит, оти ако кренат малку уши првиот месец, тогаш вториот месец ќе ги уништи инспекција.
Второ, гради споменици, демек за подигање на националната свест кај граѓаните, но поради неквалитетната и скапа изработка, а Бога ми и изборот на „јунаци“, има сосема спротивен ефект. Не се подига национална свест со Симеон Радев и со Тодор Александров!
Трето, преименува, односно, си игра со имињата на улиците. Наводно немало да има потреба од менување на личните документи, ама, на пример, до вчера Стив Наумов беше една улица, а денес е друга, ме интересира поштата, сметки, писма, документи, каде ќе стигнува? Кој ќе треба да плати? Или ако се должи на државата народот ќе си плаќа, ако треба и со камата, ама кога државата ќе му должи на народот тогаш тоа го сметаат како нормален јавен долг, кој секоја држава го има.
Но, ова не е се`! Глупостите кои ни се случуваат секој ден, како оние дека Македонија била економски лидер на Балканов, да им ги шиткаат на неписмените партиски викачи, а не мене.

НАВИСТИНА НЕ СЕ НОРМАЛНИ!!!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Кога сме кај Александров, точно е дека тој се борел за независна Македонија, Вардар, Пирин и Егеј. Ама точно е и дека Ѓорче Петров и Јане Сандански се убиени од негова рака по наредба на бугарскиот цар тогаш, а и кристално јасна е неговата позиција околу националниот идентитет на Македонците, а тоа е дека тие се Бугари.
И што уствари сакал човекот..да ја обедини Македонија,па после да се спои со Бугарија.Или един народ две држави..стварно не ми е јасен...
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Има де, има и Македонци четници, ко на пример Јован Бабунски и Јован Долгачот. Бабунски селекторот на младинска репрезентација му е внук на овој. Има простор за уште споменици. :) Не знам како го промашија Белицар, генералот на Јустинијан, ама да не давам јас уште идеи.:свиркам:

1. Тоа зборам имало секакви пропаганди не е тоа нешто страшно едноставно такво било времето
2. Ги убил Ѓорче и Јане да ама сакам доказ дека било по наредба на царот ... а пошо немаш доказ ќе го сметам ова за лага
3. Нити пак Јане и Ѓорче сметале нешто поразлично за Македонците истото како што сметал Александров дека сме Бугари така и они сметале дека сме Бугари ...а исто така и они организирале атентати за десницата тоа што не биле ни приближно толку успешни колку Александров е друга работа
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 00:43 ---

Самостојна Македонија по урнекот на Швајцарија ..со повеке нации во една држава
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 00:44 ---
-Во Грчко-Италијанската војна голен број Македонци биле присилно мобилизирани да се борат на страната на Грција.
И ЧОЕЧЕ што праиме сега за тезава Никос Грујос ?! Емисијата му е на 3ти јуни на 2 дена пред избори со цел да напраи спин во корист на другата страна. Зошто коментарите се заранети од Ефтовче пто го ругаат од сегде сега е у Алсат !! Ти него за компетентен го земаш ?!
А ?? И Сега ?? А ЧОЕЧЕ ??
Е добро де може бил присилно мобилизиран може бил жртва на некаква си пропаганда се бидува од кај ќе знаеш ... ама бил андарт
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Има де, има и Македонци четници, ко на пример Јован Бабунски и Јован Долгачот. Бабунски селекторот на младинска репрезентација му е внук на овој. Има простор за уште споменици. :) Не знам како го промашија Белицар, генералот на Јустинијан, ама да не давам јас уште идеи.:свиркам:

Кога сме кај Александров, точно е дека тој се борел за независна Македонија, Вардар, Пирин и Егеј. Ама точно е и дека Ѓорче Петров и Јане Сандански се убиени од негова рака по наредба на бугарскиот цар тогаш, а и кристално јасна е неговата позиција околу националниот идентитет на Македонците, а тоа е дека тие се Бугари.
Александров бил подготвен да признае македонска нација затоа и преговарал со Македонската левица дури и потпишал договор за мир меѓу левицата и десницата ама во последен момент морал да го повлече потписот и најверојатно и за тоа бил убиен од Михајлов. Според тоа што сум читал бил во основа прагматист и би се сложил на се се додека ги остварувал своите цели.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
1. Тоа зборам имало секакви пропаганди не е тоа нешто страшно едноставно такво било времето
2. Ги убил Ѓорче и Јане да ама сакам доказ дека било по наредба на царот ... а пошо немаш доказ ќе го сметам ова за лага
3. Нити пак Јане и Ѓорче сметале нешто поразлично за Македонците истото како што сметал Александров дека сме Бугари така и они сметале дека сме Бугари ...а исто така и они организирале атентати за десницата тоа што не биле ни приближно толку успешни колку Александров е друга работа
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 00:43 ---

Самостојна Македонија по урнекот на Швајцарија ..со повеке нации во една држава
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 00:44 ---

Е добро де може бил присилно мобилизиран може бил жртва на некаква си пропаганда се бидува од кај ќе знаеш ... ама бил андарт
Знаеш колку изјави на илинденци имаш дека се потомци на Александар и Самоил? Чудно, ханови никаде не спомнуваат. Бугарин во Македонија означувал селанец, земјоделец. Знаеш колку Бугари имало што се стремеле Грци и Власи да станат т.е трговци? Класна определба е, не е национална. Плус и црквата имала огромно влијание во перење на мозокот, бугарска егзархија и грчка патријаршија пред се.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Знаеш колку изјави на илинденци имаш дека се потомци на Александар и Самоил? Чудно, ханови никаде не спомнуваат. Бугарин во Македонија означувал селанец, земјоделец. Знаеш колку Бугари имало што се стремеле Грци и Власи да станат т.е трговци? Класна определба е, не е национална. Плус и црквата имала огромно влијание во перење на мозокот, бугарска егзархија и грчка патријаршија пред се.
Ееее мајката и тоа само за Јане важи а за Александров не важи :facepalm: Д фак ! патем ај изјавите од илинденците за Аце и фичо дај ми ги прв пат слушам за тоа
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ееее мајката и тоа само за Јане важи а за Александров не важи :facepalm: Д фак ! патем ај изјавите од илинденците за Аце и фичо дај ми ги прв пат слушам за тоа
Александров потенцирал во повеќе наврати дека Македонците биле дел од "племето" алудирајќи на бугарскиот народ. Додека кај некои други револуционери кои исто така се имале за бугари, правеле дистинкција помеѓу македонските бугари и тие од Бугарија. На крај краева на последниот турски попис на Косово забележани се само Бугари, Грци и Турци.:)
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Александров потенцирал во повеќе наврати дека Македонците биле дел од "племето" алудирајќи на бугарскиот народ. Додека кај некои други револуционери кои исто така се имале за бугари, правеле дистинкција помеѓу македонските бугари и тие од Бугарија. На крај краева на последниот турски попис на Косово забележани се само Бугари, Грци и Турци.:)
Правеле правеле и Иван Михајлов правел дистинкција помеѓу Македонските Бугари и другите Бугари тоа го имаш и на едне клип од 88` ќе да беше пред да умре 20 мин трае интервјуто кажува дека Македонските Бугари се подруга крв , а и во неговата книга Швајцарија на балканот кажува дека сме подруги .. :) (y)

патем имаш некој податок за тоа што го кажа за косово ? јас едино иам видено ако мислиш за тој од 1871 пописот дека има 30тина% албанци а тоа е контрадикторно со твоето тврдење ..
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Знаеш колку изјави на илинденци имаш дека се потомци на Александар и Самоил? Чудно, ханови никаде не спомнуваат. Бугарин во Македонија означувал селанец, земјоделец. Знаеш колку Бугари имало што се стремеле Грци и Власи да станат т.е трговци? Класна определба е, не е национална. Плус и црквата имала огромно влијание во перење на мозокот, бугарска егзархија и грчка патријаршија пред се.
Илинденец комита потомок на Александар абе што збориш тие колеле за тоа.
Потомок на Александар во тоа време ти е грчка пропаганда тие велеле вие сте потомци на Алесандар но сте славизирани.
Малку како да сме надвор од темата.:icon_mrgr:
.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Илинденец комита потомок на Александар абе што збориш тие колеле за тоа.
Потомок на Александар во тоа време ти е грчка пропаганда тие велеле вие сте потомци на Алесандар но сте славизирани.
Малку како да сме надвор од темата.:icon_mrgr:
.
Поточно Елино-Македонскиот комитет на чело со Каравангелис и Павлос Мелас
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Илинденец комита потомок на Александар абе што збориш тие колеле за тоа.
Потомок на Александар во тоа време ти е грчка пропаганда тие велеле вие сте потомци на Алесандар но сте славизирани.
Малку како да сме надвор од темата.:icon_mrgr:
.
Има посебна тема за Античкото Потекло на Македонците и изјави од 19-20 век не од Грци или Гркомани туку од Македонци е сега дали има баш изјава од Илинденец незнам ама има стотици такви изјави и документи.
 
НЕ знам тоа прашај го Даме Груев. :icon_mrgr:
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
НЕ знам тоа прашај го Даме Груев. :icon_mrgr:
Каде бе жити све кажал даме груев јас мн си го поштувам Даме Груев и сум читал доста за него такво нешто не сум сретнал ај жити се просветли ме ако не те мрзи извадокот од кај ти е ?
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 01:12 ---
Има посебна тема за Античкото Потекло на Македонците и изјави од 19-20 век не од Грци или Гркомани туку од Македонци е сега дали има баш изјава од Илинденец незнам ама има стотици такви изјави и документи.
има има сите другари на Каравангелис викале така :D
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
има има сите другари на Каравангелис викале така :D
Не се смеј го зелен:P Има тон документи. Не е вистина има луѓе кој благе везе немале со Грците како например Пулески, Чупоски Шахов итн има стотици. Побарај на Кајгана има цела тема за тоа да не тупиме за тоа тука. Многу сметале дека имаме античко потекло независно од Грците и многу пред овие денешниве „антиквизатори“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom