Одговорот од Весне ќе гласи:
Драг Слободан ,
јас за тие 7 дена на Сутоморе умрев од надеж дека додека танцувавме на песната на Мирослав Илиќ ти ќе клекнеш на колена и ќе извадиш некое просечно златно прстенче (не барав многу) и ќе ме побараш за жена . Тоа не се случи . Дури не ми побара ни телефон да ми се јавиш . А јас лудо се вљубив во тебе на тој незаборавен одмор.
Ах , се сеќаваш ли дека ти дадов уште на првиот состанок ? Брзав, дека за 3 дена ми доаѓаше менструацијата , па затоа решив побрзо да се отворам , за да не ми пропадне одморот.
На крајот на 7миот ден , кога ти си отиде со другарите , и ми рече едно обично ЧАО , срцето наполу ми го скрши. А те сакав.
После година дена на една собиранка во Радовиш , толку се направив дрво , што решив да те преболам . Еден колега од работа ми се пушти , и иако ми беше грд при нормални околности , го јавнав таа вечер како да е Ричард Гир у најбољим годинама.
Така го направивме нашето прво дете . Се омажив со него , и начукавме уште 3 комада деца . Живи и здрави да се , растат.
А ти , прибери си ги мудата кои очигледно многу касно ги доби за да ме бараш , и требало да размислиш за последиците , пред да ми нарушуваш фамилијарните односи . И изгаси го тој проклет љубовен филм од 90тите со Роберт Редфорд кој го гледаш секој ден , реалноста е друга.
А што ти текна да ме бараш дури сега , да не се разведе ? Вдовец си , си ја умрел жената ?!
Чао засекогаш.
п.с ти текнува ли кога го скршивме креветот на кој спиеше другар ти , правејќи 69ка ?