Користењето на македонскиот литературен јазик во секојдневието

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Владе добро си зборуваш ама овја човеци не лафат по твое.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.272

абе да се врти муабет.
не искрено ми пречи. не дека сум од битола и дека литературниот говор ми е многу близок и воопште не ми претставува проблем да ги користам, и да си признаеме прилепчани многу по чисто зборуваат од битолчани кога сме веќе кај тоа. но не е тоа работата. се работи за општа култура и образованост. ако тој некој не е способен да зборува на литературен јазик при комункација со граѓаните што тоа кажува за него.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.643
Поени од реакции
35.193
се работи за општа култура и образованост. ако тој некој не е способен да зборува на литературен јазик при комункација со граѓаните што тоа кажува за него.
Потполно се сложувам.
Сленгови, идиолекти и жаргони, ДА, од одреден аспект го збогатуваат изразниот фонд и се богатство на некој начин, но не се работи за индивидуалниот речник. Тоа е прашање на стил, ситуација, контекст и личен печат на кажаното. Но, службеното и јавното користење на македонскиот јазик мора да ги почитува соодветните стандарди. Убедена сум дека уредниците на јавните гласила треба да покажат повеќе грижа за јазикот барем во делот кој зависи од нив. Ако така „лефтерно и космополитски“ ги препуштиме работите сами од себе да се одвиваат, наскоро ќе немаме нити јазик, нити култура, нити идентитет.

Инаку, точно е дека јазикот е жива материја и дека еволуира (иако не секогаш на подобро). Меѓутоа, треба да го познаваме и негуваме стандардниот македонски литературен јазик Таквата немарност на (не)познавање на својот јазик не ја сметам за израз на слободен дух, туку за знак на ниска свест.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.748
Поени од реакции
1.003
Владе , одлична ти е темава . И ова со локалниве дијалекти не е случај само кај телевизиите туку и кај дневните весници . Има безброј примери за ова , а најновиот е насловната страна на денешен Вест која гласи : Цела репрезентација БУТКАШЕ врата за невестата . И не се проблем само употребата на локални дијалекти по медиумите , туку и многу честото користење на интернационализми наместо зборови од македонскиот литературен јазик . Последниве 17-18 години се изнаслушавме и изначитавме за разни бенчмаркови , вркшопови , еквидистанци , баланси итн итн . Па да му ебам мајката , за сите тие интернационализми ( англицизми ) си имаме наши македонски зборови . Јас се кладам дека на постарите луѓе во државава и посебно тие кои живеат во селски средини им треба преведувач за да можат нормално да изгледаат вести или прочитаат весник . Јас сум роден во седумдесеттите и многу добро памтам каков јазик се употребуваше во ТВ Дневниците и дневните весници пред 20 години . Да му е мерак на човек да гледа вести , се употребуваше чист литературен јазик кој се зборуваше со совршена дикција , и се употребуваа многу малку интернационализми .Во тоа време немаше шанса да бидиш водител на Тв ако не зборуваш на литературен јазик и ако немаш чиста дикција , а не како сега секоја шушумига која му го издудлала на главниот уредник се појавува на Тв .
И денес има неколку водители/презентери кои добро си ја работат работата , но се премалку за биде како што треба .
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Јас не викам „штркови“ наместо „штркој“ па шо сака нека биде.
Пример само, дека си го балансирам (своевиден есперанто правам охрифско - битолски литературен со примеси на турско - ресенски).

Многу лигаво ми изгледа да го „користам“ литературниот во слободна комуникација.

А „штркови“... и во документ не ставам :icon_mrgr:

А за медиумиве... поддршка да викаат „штркој“ место „штркови“. :icon_lol:
 
види мене ми е смрт кога ке треба наместо шо да речам што.
толку ми е безвезе ама сепак треба да има ред.
при неформална комуникација нормално дека си зборам по битолски, ама во пишана форма или кога се обраќам некаде формално пишувам и зборувам литературно колку што ми делиле, па дури и на форумот тука. некое шо ке ми се провни јбг. сепак јас не сум јавна личност или на таква функција па да сум обврзан или да не смее да ми се провни некоја грешка, ама за јавани личности, за медиуми било пишани или не, државни органи, јавни служби тоа според мене не е долично и не би требало да биде дозволено.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 14:20 ---
Владе , одлична ти е темава . И ова со локалниве дијалекти не е случај само кај телевизиите туку и кај дневните весници . Има безброј примери за ова , а најновиот е насловната страна на денешен Вест која гласи : Цела репрезентација БУТКАШЕ врата за невестата . И не се проблем само употребата на локални дијалекти по медиумите , туку и многу честото користење на интернационализми наместо зборови од македонскиот литературен јазик . Последниве 17-18 години се изнаслушавме и изначитавме за разни бенчмаркови , вркшопови , еквидистанци , баланси итн итн . Па да му ебам мајката , за сите тие интернационализми ( англицизми ) си имаме наши македонски зборови . Јас се кладам дека на постарите луѓе во државава и посебно тие кои живеат во селски средини им треба преведувач за да можат нормално да изгледаат вести или прочитаат весник . Јас сум роден во седумдесеттите и многу добро памтам каков јазик се употребуваше во ТВ Дневниците и дневните весници пред 20 години . Да му е мерак на човек да гледа вести , се употребуваше чист литературен јазик кој се зборуваше со совршена дикција , и се употребуваа многу малку интернационализми .Во тоа време немаше шанса да бидиш водител на Тв ако не зборуваш на литературен јазик и ако немаш чиста дикција , а не како сега секоја шушумига која му го издудлала на главниот уредник се појавува на Тв .
И денес има неколку водители/презентери кои добро си ја работат работата , но се премалку за биде како што треба .
мислам дека кажа се што требаше да се кажи.
и јас сум таа генерација и јас ги памтам вестите тогаш и сега, дури и пример прикачив за да видат како тоа би требало да звучи и како е денес. ама за жал помладите не ги искусиле тие времиња и не ја гледаат разликата или не ги ни интересира.
мислат дека ке бидат пошизици ако зборуваат на некој сленг или така нешто, а мислат дека е глупо или срамота да зборуваат литературно. жално ама вистинито.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.748
Поени од реакции
1.003
види мене ми е смрт кога ке треба наместо шо да речам што.
толку ми е безвезе ама сепак треба да има ред.
при неформална комуникација нормално дека си зборам по битолски, ама во пишана форма или кога се обраќам некаде формално пишувам и зборувам литературно колку што ми делиле, па дури и на форумот тука. некое шо ке ми се провни јбг. сепак јас не сум јавна личност или на таква функција па да сум обврзан или да не смее да ми се провни некоја грешка, ама за јавани личности, за медиуми било пишани или не, државни органи, јавни служби тоа според мене не е долично и не би требало да биде дозволено.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 14:20 ---

мислам дека кажа се што требаше да се кажи.
и јас сум таа генерација и јас ги памтам вестите тогаш и сега, дури и пример прикачив за да видат како тоа би требало да звучи и како е денес. ама за жал помладите не ги искусиле тие времиња и не ја гледаат разликата или не ги ни интересира.
мислат дека ке бидат пошизици ако зборуваат на некој сленг или така нешто, а мислат дека е глупо или срамота да зборуваат литературно. жално ама вистинито.
Незнаев дека и ти си бил од постарата гарда :) . Што се однесува до зборувањето на дијалект или сленг , не е проблем ако тоа се употребува во секојдневните разговори ( и јас во секојдневниот живот си зборувам на чист прилепски :) ) , но мора да се користи литературниот јазик и акцент во официјални пригоди и посебно во медиумите без разлика дали се работи за Тв или весници . И мене понекогаш ми е неприродно да користам некои изрази и зборови од литературниот јазик ( добар пример ти беше за шо и што ) , но факт е дека има прилики кога мора да се користи литературен јазик .
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.643
Поени од реакции
35.193
И мене понекогаш ми е неприродно да користам некои изрази и зборови од литературниот јазик ( добар пример ти беше за шо и што ) , но факт е дека има прилики кога мора да се користи литературен јазик .
И дијалектите се дел од традицијата и национално богатство. Ама нивната употреба во јавност е недозволена. Дома никој не може да ми забрани да зборувам како што сакам, ама кај нас друго е проблемот. Употребата на литературниот јазик - каде, кога и од кого.
Медиуми, училишта?
Таму каде што треба да се зборува на литературен јазик, се зборува некој нов „литературен“. Недај боже да изреагираш, ќе те сметаат за ненормален и ќе ти предложат да прошеташ малце по улици за да научиш дека ‘‘кобасицата е димен производ‘‘:D
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
не беше водител туку дописник, а рака на срце не му го знам името. ама она ИСКОЧИЈА кога зборуваше за невремето во скопско ушите ми ги искина.
ја зедов сител за пример само, пошто баш ете тогаш ми пукна филмот. истото се случува ама баш секаде од водител на некоја контактан емисија до носител на јавна функција. ај не очекувам сите граѓани без исклучок да зборуваат чисто литературно ама сепак за овие тоа правило би требало да биде закон. ај сега некој водител од потекло од струмица да си почни на струмички на главен дневник. кој тоа би го разбрал.
па уште и од што им е тешко или толку им е знаењето пробуваат да протнат теза како и дијалектот е македонски јазик. да точно е македонски ама дијалек а не јазик. еден и само е едем е литературниот, се друго е за по дома со најблиските, а сигурно не за на телевизија.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 00:16 ---

точно е дека е микс од дијалектите на велес прилеп битола и лерин. но тоа е затоа што тие биле најмалце загадени од примеси од соседните јазици. било како било тој е литературен јазик, тој се изучува на училиште, таа граматика и тн. сепак дијалектите се дијалекти и ништо други. да не мешаме дијалекти со литературен јазик. ајде македонија е мала, што би се случило да бевме колку германија на пример. да не е тој литературен јазик како би се разбрале тие од северот со југот. значи заклучок е дека мора да го научат и да го користат литературниот јазик и точка. ако им е тешко нека си најдат друга занимација.
не ми е за мешање на политика во ова, нема врска со политика. и сдсм и вмро и било кој друг при обраќање во јавен медиум мора да го користи македонскиот литературен јазик и неговото кирилично писмо и точка.
Абе сето си е убо шо напиша, ама да потклаваше по некоја голема буква или кајгоде понекое запирче, и да шарниш некое дијакритичко знакче над вокалите, тро полесно ќе се читаше. Ногу сум кејфлија вака ко ќе нагрнат кршни бранители на стандардниот јазик ко тебе и кои со личен пример покажуваат како совршено го владеат истиот во говорната и пишана форма.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.272
Абе сето си е убо шо напиша, ама да потклаваше по некоја голема буква или кајгоде понекое запирче, и да шарниш некое дијакритичко знакче над вокалите, тро полесно ќе се читаше. Ногу сум кејфлија вака ко ќе нагрнат кршни бранители на стандардниот јазик ко тебе и кои со личен пример покажуваат како совршено го владеат истиот во говорната и пишана форма.
не убаво си ме сватил пријателе.
јас не сум јавна личност, не ми е мене тоа работа или не сум ни водител ни дописник уште помалце фукнционер на јавна функција. јас можеби сум со четврто вечерно и пасам овци по планини.
башка не ме гледаш ти мене на главен дневник или во парламентот. а ако си застаниме така пред коопреација на по едно ладно скопско, нити јас нити ти сме обврзани да разговараме на литературен јазик. за овие другите зборам иначе, а не за обичниот народ.
 
Абе види Владе, јас сум прос чоек, нешколован. Ама едно знам, ако некого кудиш треби да си поасален. А ако само кудиш а истото го прајш или не си поарен, бадијала моабет, шо викате вие битолчани. Шо велиш ти?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.272
Абе види Владе, јас сум прос чоек, нешколован. Ама едно знам, ако некого кудиш треби да си поасален. А ако само кудиш а истото го прајш или не си поарен, бадијала моабет, шо викате вие битолчани. Шо велиш ти?
во случајот не можам да се сложам со тебе, конкретно за ова.
подробно образложив во некој погорен пост зошто јас не морам и не сум должен а некој мора и е должен.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
во случајот не можам да се сложам со тебе, конкретно за ова.
подробно образложив во некој погорен пост зошто јас не морам и не сум должен а некој мора и е должен.
Ако де, не мора да се сложиме. Ти галиба не си должен да сработиш ништо, ама сакаш да мрчиш пред гранап оти работава не мрда. Штом се фаќаш за ваква тема, не можеш да се изземаш себе си. Оти ако налагаш некакви стандарди а немојш да ги исполниш, тоа мислам дека пописмениве го велат демагогија. Или продавање пуфки, по селски. Зато је најубо да покажиш ти со личен пример како треби и како је редот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.272
Ако де, не мора да се сложиме. Ти галиба не си должен да сработиш ништо, ама сакаш да мрчиш пред гранап оти работава не мрда. Штом се фаќаш за ваква тема, не можеш да се изземаш себе си. Оти ако налагаш некакви стандарди а немојш да ги исполниш, тоа мислам дека пописмениве го велат демагогија. Или продавање пуфки, по селски. Зато је најубо да покажиш ти со личен пример како треби и како је редот.
не морам јас ништо да докажувам.
зарем само политичарите гласаат на избори и оценуваат дали некоја програма или политичар го заслужува нивниот глас, пошто нели само тие се компетентни да се занимаваат со политика. така некако ми иди логиката твоја.
и да не забегуваме од темата, тука не се во прашање моите способности и можности , нити пак твоите, туку твоето мислење во врска со тоа. дали е според тебе ок или не е, и зошто сметаш така.
вака само ке го разводениме муабетот.
 
Лоѓикава моја е селска и проста: ако знам како се сади арпаџик и ако сум ербап да садам, можи да давам ум. А ако не ме бива и не знам, а се чаталам како други не знаеле, или како неправилно саделе, тогаш то се вели драпање мадиња. Или колчишта. Стрико ми покојни велеше: „за јазик, фудбал и политика сите се експерти.“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom