Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ви точаци, директно од шутка, швајцарски увоз. ;)
Денес бев да видам што има и имаше околу 20-30 точаци на избор, али цените ми беа скапи за половни точаци, така да ништо не пазарив.
 
Кажи како си со време да се договориме и да идеме јас сум со уште еден другар и командо ако му се доаѓа. А еве што најдов на друг форум

zocc да не си и ти за возење ?
Боки фала на покана, точакот ми е на сервис поради дефект и мал апгрејд на некои делови. Да го средам па може да направиме една вожња. :)
 
Дечки вчера додека му вадев душа на ланецот над детското на водно се мислев колкав е нагибот на патот во таа точка, впрочем во сите точки па склопив една мапа на асфалтниот пат од Кочо Рацин до врв.
Точките и висините ги извадив од гпс записот така да се прилично релевантни, со малку математика и програмирање излезе визуелизацијава, бојата го означува локалниот нагиб во проценти, ќе се снајдете :
vodno_nagib_by_hypertech-d54xr34.jpg

линк од сликата на мојот профил на девиантарт
 
Е да, од Детско нагоре тој дел (во црвена боја) е многу зезнат/тежок, едноставно ти паѓа точакот на страна. Тука во буквална смисла "душа искача". :)
 
Јас и братучедиве се спремаме за тура Прилеп-Претор.....ајде ако си за.....
Сум, ама ќе треба да ме почекувате по пат оти сум стар чоек. Гледаш дека просечна брзина ми е 15км на час и тоа на прав асфалтен пат. Ако не ви смета тоа, пиши ми ПП да дефинираме тајминг од наредната недела. Инаку сум многу мераклија да извозам рута преку Битола, Отешево, Галичица стариот пат, Трпејца, Градиште до Охрид. Таму да се преспие една вечер и потоа назад.
 
Боки фала на покана, точакот ми е на сервис поради дефект и мал апгрејд на некои делови. Да го средам па може да направиме една вожња. :)

И јас да ја средам задната надворешна, па ќе бидам спремен :)
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 16:34 ---
Е да, од Детско нагоре тој дел (во црвена боја) е многу зезнат/тежок, едноставно ти паѓа точакот на страна. Тука во буквална смисла "душа искача". :)

Зоц, затоа постои прва брзина... и нема гајле/
 
Зоц, затоа постои прва брзина... и нема гајле/
Ретко каде возам во прва брзина, да не речам скоро ич, мислам дека повеке е замарање и трошење сила него ли што помага. :)
 
Еве ви точаци, директно од шутка, швајцарски увоз. ;)
Денес бев да видам што има и имаше околу 20-30 точаци на избор, али цените ми беа скапи за половни точаци, така да ништо не пазарив.
На слика изгледаат солидни точациве, која цена ти ја кажаа па ти беше скапо.
Тој Меридата на пример дали праша која цена е?
 
За Whistle кажа 400 евра, Panther 300 евра, Carver 700 евра, Merida 800 евра.... што е според мене нереално за половни точаци.
 
За Whistle кажа 400 евра, Panther 300 евра, Carver 700 евра, Merida 800 евра.... што е според мене нереално за половни точаци.
Хахаха, на човекот нешто му се имаат смешано брзините. :pos: Ни еден не вреди за тие пари според опремата колку што може да се види од сликите, а и како модели се стари по минимум 5 - 6 години, зборам за MTB моделите. Битно сите имаат ѕвонче. :D
 
Бојата на патот после воената база не е толку точна. Црвената боја треба да жари. 17% успон е во тој дел, кој воедно е и најтешкиот дел на искачувањето на Водно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom