- Член од
- 14 мај 2012
- Мислења
- 146
- Поени од реакции
- 50
АГЕНЦИИТЕ БАРААТ ЗАКОН ЗА ПРОМЕТ СО НЕДВИЖНОСТИ
- Цените за продажба се во блага стагнација, но не се во екстремен пад. Цените за закуп веќе подолго време се намалени. Ова се однесува на Скопје, а во однос на другите градови, колегите кои работат таму велат дека кризата во секторот таму е многу поизразена, изјави Лилјана Ковачева, претседател на Групација за недвижности.
Од Групацијата за недвижности во Стопанската комора на Македонија бараат итно носење закон за промет со недвижности, со кој ќе се регулира работењето во овој сектор. Предлагаат да се воведат лиценци за агенциите за недвижности и да има казни за оние кои работат непрофесионално.
- Не постои закон, ниту како било е регулирано кој смее да се занимава со оваа професија и под кои услови. Идејата е, како и кај другите услужни дејности во Македонија, и тука полека да се направи регулација на дејноста, истакна Ковачева.
Во земјава има регистрирано околу 450 агенции кои посредуваат при продажба и закуп на недвижности, а во овој сектор работат над 1.300 лица.