После сметководителите и агентите за недвижнини бараат лиценци

Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
АГЕНЦИИТЕ БАРААТ ЗАКОН ЗА ПРОМЕТ СО НЕДВИЖНОСТИ

Масовната изградба на нови станбени згради во Скопје нема да придонесе за значително намалување на цените, со оглед на тоа што побарувачката за станови во главниот град сеуште е голема, говорат проценките на агенциите за недвижности. Сепак признаваат дека како резултат на економската криза, граѓаните се потешко одлучуваат да купат недвижности. Цените на метар квадратен во Скопје се од прилика на истото ниво, како и минатата година, кога просечната цена изнесуваше околу 960 евра.
- Цените за продажба се во блага стагнација, но не се во екстремен пад. Цените за закуп веќе подолго време се намалени. Ова се однесува на Скопје, а во однос на другите градови, колегите кои работат таму велат дека кризата во секторот таму е многу поизразена, изјави Лилјана Ковачева, претседател на Групација за недвижности.

Од Групацијата за недвижности во Стопанската комора на Македонија бараат итно носење закон за промет со недвижности, со кој ќе се регулира работењето во овој сектор. Предлагаат да се воведат лиценци за агенциите за недвижности и да има казни за оние кои работат непрофесионално.
- Не постои закон, ниту како било е регулирано кој смее да се занимава со оваа професија и под кои услови. Идејата е, како и кај другите услужни дејности во Македонија, и тука полека да се направи регулација на дејноста, истакна Ковачева.

Во земјава има регистрирано околу 450 агенции кои посредуваат при продажба и закуп на недвижности, а во овој сектор работат над 1.300 лица.
http://www.time.mk/read/3ce09f784d/ad14dc83a4/index.html
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Само за премиер и за пратеник не треба никакви лиценци и соодветни квалификации,може и магаре да клаеш за министер
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Штом ја отворив темава, на Телма слушнав на вестите за ова. Него, нека ми објасни некој што прават овие агенти и зашто да се лиценцираат?
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Штом ја отворив темава, на Телма слушнав на вестите за ова. Него, нека ми објасни некој што прават овие агенти и зашто да се лиценцираат?
Што прават незнам...ама знам што не прават ДОВОЛНО ПАРИ. Криза е...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Има една игра, бабл трабл се викаше...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.464
Поени од реакции
18.470
Штом ја отворив темава, на Телма слушнав на вестите за ова. Него, нека ми објасни некој што прават овие агенти и зашто да се лиценцираат?
Оти?
Што прават сметководителите и зошто тие да се лиценцираат?!?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Оти?
Што прават сметководителите и зошто тие да се лиценцираат?!?
Кажи ми што прават овие, кои знаења им се потребни, па ќе збориме за лиценцирањето и како тоа би се извело.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.464
Поени од реакции
18.470
Кажи ми што прават овие, кои знаења им се потребни, па ќе збориме за лиценцирањето и како тоа би се извело.

Оти што работат сметководителите што не можи да се научи во 8мо одделение.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Само за премиер и за пратеник не треба никакви лиценци и соодветни квалификации,може и магаре да клаеш за министер
A што мислиш зашто Калигула го направил својот коњ сенатор?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Незнам на точно на што алудураш на меур во Македонските недвижнини? Тоа е интересна тема.
Имаше интересен пост на еден дечко(tomsaso) во темата со кредитот што го дава владата на социјалните случаеви каде е спомната можноста за ваква ситуација. Ќе видиме дали ќе се случи, ако се случи, ќе биде лошо...
Оти што работат сметководителите што не можи да се научи во 8мо одделение.
Не ми одговори тенеке...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.464
Поени од реакции
18.470
Не ми одговори тенеке...

Што сакаш да ти одговорам, лиценца како и секаде се издава за да се заштити нешто од нешто друго.

Во главно се штити нечиј интерес, нема друга причина.

Што и да работи еден агент на недвижности е сосема небитно, исто како и еден инженер кој што има завршено градежен или машински да мора да има лиценца А, Б или Ц за да работи, иако имат диплома од државен факултет во Р.Македонија.
 
Тоа ми е јасно дека за овој случај е така, бидејќи истото и беше потенцирано од оние кои го бараа. За мене сите агенти, за недвожности, осигурување, маркетинг, се продавачи, ништо повеќе од оние на тезгите на битпазар, токму затоа не гледам кај нив регулирање и потреба од лиценци, освен да се наполни нечиј џеб.
 
Грешиш, сите лиценци служат за да наполнат некој џеб.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Од како се наполнија со пари сега сакаат да го затворат пазарот, да останат само неколку агенции кој што ке ги исполнат дадените услови.
Се прашувам каде беа муабетиве за воведување лиценци до 2006 година никаде ги немаше, одеднаш се доби потреба да се затвараат професии.
Не дека ке бидат затворени,само ке си се полнат приватни џебови ништо повеќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom