Дај бе батале пченицата... таа култура не е за прави земјоделци... таа е само непотребно арчење на земјоделските површини.. таквото арчење на квалитетна земја треба со закон да е казниво..... имено зборот ми е ... треба да се сади тоа што носи најдобри пари (пченицата сугурно не спаѓа тука), останатото ефтино се купува од надвор
Малку оф-топик е ова ама во право си, ако сакаме да ја искористиме земјата и климата што ја имаме само високо доходовни култури му е мајката.
Може да се дозволи ограничено производство на канабис, на пример декар,два од човек или семејство за подобро да се распредели колачот,да има за секого да капне по нешто.
За да замачкаме очи на ЕУ може да се спакува тоа во нешто слично како во Холандија,малку модифицирано за да одговара за нас,пошто целта ќе биде тоа да оди за извоз.
На пример,се дозволува користење на марихуана во специјализирани објекти за таа намена но само во туристички места и производство за сопствени потреби но само на декар/два од човек,семејство.Така некако може да гласи законот на хартија а во пракса и не мора да се издаваат тие дозволи за "пушилници".
Е тогаш ќе имаме масовно користење на земјоделските површини а ќе капнува и фино париче.
Збор ми е за афионот,сончогледот,а посебно за памукот,
зошто не се сади сега како порано што беше,па што убаво изгледаа овие полиња со овие насади,да ти е милина да ги гледаш.
За да садиш афион треба посебна дозвола и договор за откуп со некоја од фармацевтските компании,а и проверуваат дали си го сечел.
Порано ретко кое семејство немало афион,па и катран (да се најде).Афионот бил наша традиционална култура,го има и на грбот на државата.Ако сакаме да се зголеми производството на афион мора да измислиме нешто слично како примерот погоре со канабисот.
Малку покомплицирано е со афионот,пошто треба и деривати да се вадат од него,ќе се зголеми опасноста од пласман на тие деривати на домашниот пазар,ама со добар план може тоа да се неутрализира и се да оди за извоз.