Иако сум секогаш против тоа, овојпат барам да се избришат сите спам-постови коишто немаат никаква врска со темата од последниве 1-2 дена за да има подобра прегледност и јасен тек на дискусијата.
Секој е добредојден, ама ако се нема што да се каже директно по темата, поарно нека не се постира ништо.
Ај по темава, без ad hominem драпања.
Тоа го барам цело време...
Тапетарот Петар напиша:
Малце ти е бајат изворов. Баѓи вода протекла во индоевропеистиката од 1967.
Човекот тогаш бил "in his prime", така да не гледам што е спорно.
Да не спомнувам дека ако презентираните податоци се релевантни ниедна научна студија, без разлика на нејзината дата не "збајатува". Можам да ти презентирам стотици примери каде се цитираат статии или книги и сознанија презентирани во нив кои се по 100 и повеќе години "бајати".
Ама нема проблем...
Тапетарот Петар напиша:
Глотохронологијата денес се утврдува со далеку поегзактни методи. Еве ти една
студија од 2008 објавена во
Europhysics да ти се разјасни процесот како се компутира глотохронологијата. Ако не можеш да ја симнеш као pdf., ќе ти ја атачирам посебно.
Еве ти уште една друга
студија за квантитативните методи на лингвистичка класификација објавена во
Transactions of the Philological Society (2003)
Ауууу лошо.... многу лошо друже.
Првата ти е статија напишана од двајца
МАТЕМАТИЧАРИ (што значи индиректно признаваш дека Бошевски и Тентов имаат иста валидност како и било кој лингвист во врска со она со кое решиле да се бават) и е обид за правење математички апроксимации за тоа како и кога се одвојувале различните јазици и се води според аналогија на генетските различности на организмите. Значи си земале луѓето некои претпоставки, си ги споредиле со генетската подвоеност на организмите и си правеле компјутерски калкулации и според добиените резултатите си правеле табели и графикони за тоа кога, кој јазик се одделил и во кои групи спаѓа.
Ич па да не споменувам дека во зададените 50 јазици ги има сите т.н. "словенски јазици", а само македонскиот не е наведен..?!?
Вака го "браниш" ти македонскиот јазик овде, со постирање статии од математичари со нивни калкулации што се базираат на МОЖНИ модели за тоа што се случувало со јазиците, каде НЕ Е НАВЕДЕН македонскиот јазик..?
Втората ич нема да ја коментирам, и само ќе ти кажам дека сум прочитал многу такви статии и сеуште повремено читам кога имаат врска со другото што ме интересира.
Еве штом те интересираат такви статии да ти дадам еден
линк каде има многу такви наведено.
Тапетарот Петар напиша:
Еве ги моите тврдења:
1. Според генеологијата, македонскиот е словенски јазик, а според типологијата е аналитички јазик со низа карактеристики од Balkan Sprachbund.
Се слагам, ама делумно, и засега нема да те наведувам на она што те праша Братот, туку ќе ја тераме вака ама во меѓувреме помисли околу тоа.
Затоа овде би рекол, македонскиот е ВОГЛАВНО "словенски јазик" според генеологијата (како што си ја дефинирал погоре) ама во него има елементи кои јасно покажуваат дека има постари супстрати, и не мислам на влијанија или заемки што ги добил од околните јазици подоцна.
Тапетарот Петар напиша:
2. Фонемата „ѕ“ е карактеристична за современиот македонски јазик и неговите дијалекти и може со сигурност хронолошки да се проследи до сатарословенскиот.
Ова ти е досега на темава една од најголемите утки која не знам од која причина упорно ја повторуваш а никако да ја докажеш.
Тапетарот Петар напиша:
3. Веќе ги изложив основните фонетските и фонолошки белези на фонемата „ѕ“ и разликата меѓу комбинациите оклузив + фрикатив кои не се еквивалентни на „ѕ“.
Ок, се слагам и ти честитав за тоа.
Тапетарот Петар напиша:
4. Се`уште не постојат научни докази кои би го потврдиле произходот на современиот македонски јазик и неговите дијалекти од несловенскиот јазик наречен „античкомакедонски.“
Многу проблематична реченица... ама еве се слагам, со една напомена: каде ти од мене виде такво тврдење овде?
Тапетарот Петар напиша:
Бујрум предизвик за тебе:
Побиј го моето тврдење во точка 4 и покажи дека
а) постои научно потврдена дескрипција на „античкомакедонскиот“ -- дај синопсис на таквата дескрипција (ако може концизно, издржано, без лепење тапети со голема метража и заокружуења). Посочи линкови од лонгитудинални студиии со системски описи на фонологија, морфологија и синтакса.
б) постојат системски генеолошки сличности меѓу современиот македонски (и неговите дијалекти) и „античкомакедонскиот.“ Под системски се подразбираат сличности низ целиот јазичен систем, парадигми, граматички правила, етимолошки потврдени релации на цели класи зборови. Пак, би те молел во во резимирана форма да ги изложиш таквите системски сличности и да понудиш линкови од изворите.
Или стварно не си запознаен со досегашните истражувања во врска со јазикот на античките Македонци, или со итроштинава ме местиш да видиш дали сум некој шарлатан што не ги знае работиве не знам...
Нема досега научно потврдена дескрипција на јазикот на античките Македонци и од него се знаат околу 200 одделни т.н. "глоси" (лични имиња, именки, итн.) ама нема ни една целосна реченица, а камоли поголем текст зачувано. Или барем се смета дека нема.
Јас се кладам дека за ова имам прочитано повеќе научна лутература од тебе, иако не сум лингвист, и ако сакаш ќе прочешламе тука некои основни работи, или па ќе отвориме посебна тема за ова.
Тапетарот Петар напиша:
Инциденција односно совпаѓање на еден глас или збор (обидот со „Ѕ“) ни оддалеку не може да е доволен доказ за целосен генеолошки произход. Еве ти пример: во грчки, Бог се вели θεός (theόs). Во кечуа јазикот (америндијански јазик кој се зборува во Перу) зборот за Бог е theotl. Оваа е само изолирана инциденција меѓу овие два јазика -- нема никаква системска сличност по однос на јазична структура и граматички правила.
Мошне ефтин обид за индиректна дискредитација, морам да признаам.
Јас веќе имам овде пишувано за тоа дека во денешниот македонски јазик има зборови кои се директна врска со древните јазици од истово поднебје, а кои ги НЕМА во околните јазици, туку САМО во македонскиот. Тоа не е никаква "инциденција".
Повели објасни ми го глаголот ВРНЕ.