Средба Груевски - Путин во четврток 21-06-2012

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Што разбираш под обект? Обект - рафинериja, пумпи, или нешто друго?

Само можам да претпоставувам. Треба да почекаме и да видиме.....
Мислам дека станува збор за административен - логистички центар .

Разровив се малце из интернет да видам како седи Лукоjл како цело во Европа. Па еве
257-1.gif

http://www.lukoil.com/static_6_5id_257_.html
Като гледам се види нешто многу просто - рафинериите на Лукоjл са во држави кои имат море, за да може танкер да ги снабдува.

Да .
И јас ги разгледував овие податоци претходно и дојдов до истиот закључок.
Мора да се признае дека станува збор за многу невообичаена ситуација .

http://sitel.com.mk/video/makedonija/premierot-nikola-gruevski-gostin-vo-vestite

Ако го погледнеш интервјуто на Груевски од делот 2:10 , ќе чуеш дека самите раководители на Лукоил најавиле дека Македонија ќе ја прават регионален центар , бидејќи биле многу задоволни од досегашната соработка.
Тука сега се поставува едно друго прашање .
За Албанија и Косово е во ред , но зошто и вие , Бугарија , сте спомнати дека ќе бидете покривани (со што и да е од тој центар ) имајќи ја во предвид големината , пристаништето и рафинеријата како што и ти сам спомна.

Не ми е познато за релациите Бугарија - Лукоил , да не сте им згрешиле нешто ?!
 
Да, во право си дека сега можеме само да предпоставуваме и е потребно да почекаме, па да видиме што и како.
Ако веруваме на традициjaта на Лукоjл нема да е рафинериja, па пологички е да е логистичен центар или само административен.
Честно казано во интервуто се зборува само за регионот и ако на владината страница прочитав дека станува прашане за тиja држави. Се уште не намирам никаква изjaва на лице от Лукоjл за нивните идеи за да разсветлиме точно.
Ако веруваме на Викилиjкс, Лукоjл си е добро вкопан и во владата и во политичкото обштество, па и во френскиот "Фигаро" се зборуваше како агенти на руските служби си работат во рафинериjaта во Бургас.
Ке почекаме и ке видиме што и како.
Интересно дека во неколко различни интервуа читам два различни збора за Jжен поток. Един пат се зборува - ке преминува през РМ, а во други ке се приклучим. Нешто повеке за тоа знае ли се? Само клиенти на Jжен поток или транзитиране и ако ке има транзитиране, тоа значи заобиколуване на Грциja, но и автоматско приклучуване на Албаниja.
 
Што разбираш под обект? Обект - рафинериja, пумпи, или нешто друго?
Разровив се малце из интернет да видам како седи Лукоjл како цело во Европа. Па еве
257-1.gif

http://www.lukoil.com/static_6_5id_257_.html
Като гледам се види нешто многу просто - рафинериите на Лукоjл са во држави кои имат море, за да може танкер да ги снабдува.

Откај знаеш, можеби Русите сакаат да се спонзори на македонското излегување на море :P

Зафрканцијата настрана, вековната стратешка определба на Русија за излез на „топлите“ мориња и англо - саксонската стратешка определба тоа да не се дозволи повторно ги вкрстува копјата на Балканов.

Затоа не е чудно то Црна Гора стана „руска приватна споственост“, а во споров со името, можно е Русија, само и само заради своите интереси да застане поодлучно на наша страна (имајќи предвид дека Грција секогаш била инструмент на Запад)...

Денес, кога енергетската (не)зависност е клучен индикатор за економски развој, најавата за градење гасовод низ Македонија (па макар бил само крак) и база на Лукоил (без разлика дали е рафинерија или само административен центар), ја става Македонија во опсег на руските интереси на Балканов.
Ќе видиме како ќе се развива филмот понатаму.

Нашите политичари треба да се (не знам дали се или не) доволно мудри да не дозволат да станеме паричка за поткусурување.
 
Откај знаеш, можеби Русите сакаат да се спонзори на македонското излегување на море :P

Зафрканцијата настрана, вековната стратешка определба на Русија за излез на „топлите“ мориња и англо - саксонската стратешка определба тоа да не се дозволи повторно ги вкрстува копјата на Балканов.

Затоа не е чудно то Црна Гора стана „руска приватна споственост“, а во споров со името, можно е Русија, само и само заради своите интереси да застане поодлучно на наша страна (имајќи предвид дека Грција секогаш била инструмент на Запад)...

.

И јас мислам дека Македонија станува интересна за руската меѓународна политика.

Точно е дека Русија сакала одсекогаш да излезе на Медитеранот, прво проба со Бугарија во 19 век...
Ако нашава Влада игра умно, може Македонија само да ќари.
 
Не верувам дека Русија има некој голем интерес кај нас но со оглед на состојбите дури и срамежливо руско присуство е за поздравување и може само да користи.

Што се однесува за Лукоил, за рафинерија мислам не станува ни збор но некаков регионален центар кој би бил главно за Македонија, Албанија и Косово секако може да се реализира. Бугарија тука би била најверојатно само на хартија но да почекаме па да видиме.
 
Не верувам дека Русија има некој голем интерес кај нас...

Русија после Јелцин има голем интерес насекаде каде што може да се спротистави на интерсите САД/НАТО.
 
Русија после Јелцин има голем интерес насекаде каде што може да се спротистави на интерсите САД/НАТО.

Дискутабилно е тоа зашто Србија и Црна Гора им се многу посигурен терен за такво нешто него ние. Сепак ќе видиме, можно е но шансите се мали.
 
Дискутабилно е тоа зашто Србија и Црна Гора им се многу посигурен терен за такво нешто него ние. Сепак ќе видиме, можно е но шансите се мали.

Да, ама преку Македонија се излегува на Солун т.е. Егејското ни Море ;)
Русите сами напишаа дека кој ја владее Македонија, тој ќе го владее Балканот. Едноставно, Македонија е раскрсница.

И секоја велесила сака да има што повеќе држави под свое влијание. Што фајде ќе има од руско влијание во Србија, ако не се шири истото на другите земји?!
 
Като гледам се види нешто многу просто - рафинериите на Лукоjл са во држави кои имат море, за да може танкер да ги снабдува.

Ќе го направат Вардар пловен и ќе отворат рафинерија во Скопје. Тадаа! :)
 
Ќе го направат Вардар пловен и ќе отворат рафинерија во Скопје. Тадаа! :)

Па ние имаме нафтовод од Солун до Скопје.

Русите можат да опнат една цевка од нивен склад или пристаниште во Солун до Скопје и звршена работа. Не е нафтоводот некоја прескапа работа. Трошоците за рафинирање нафта се голем проблем. Ако ЛУКОИЛ отвори рафинерија во Технолошко-индустриските зони каде нема данок на добивка 10 години, тоа би бил погодок за Русине.
 
Да, ама преку Македонија се излегува на Солун т.е. Егејското ни Море ;)
Русите сами напишаа дека кој ја владее Македонија, тој ќе го владее Балканот. Едноставно, Македонија е раскрсница.

И секоја велесила сака да има што повеќе држави под свое влијание. Што фајде ќе има од руско влијание во Србија, ако не се шири истото на другите земји?!

Можно е но досега водевме исклучиво прозападна политика во која за Русија немаше место и мене би ми било чудно Русите да се залетаат во било која поголема инвестиција без да се сигурни дека курсот на државата ќе биде барем делумно отворен и за нив. Логично е да почекаат па да одлучат што ќе прават.

Сепак ако се реализира ќе биде битен чекор напред посебно да не зависиме само од грчка нафта (плус гасоводот).
 
Без разлика како ќе биде изразена соработката, факт е дека таа станува се поблиска. Све повеќе ми се чини дека средбите на Груевски и Иванов во последните неколку месеци дури и се фингирани од Русија.

Како и да е, кога би пробале да побараме економски интерес на Русија во Македонија, сигурно нема да го најдеме, освен геостратешкото присуство во регионот, нели најпрвин преку економското влијание. Сепак овие интензивни контакти со Русија, јасно и гласно говорат, дека Русија изразува интерес за државава.Во моментов не станува збор за бирање страна, но верувам, со тек на време ќе дојде и до тоа. Кога ќе дојде време за тоа, присуството на Русија во Македонија, може да ни даде избор плус.

Со НАТО и ЕУ, па и регионот така како што е поставен во моментов, се покажа дека Република Македонија и нема некаков просперитет и од лидер на Балканот заедно со Словенија, стана опашка и буквално сите беа исфорсирани пред нас (Бугарија, Романија, Албанија, Хрватска...). Во ваква една, речиси безизлезна ситуација, секоја промена на балансот би ни била од корист.

Во Македонија, луѓето се прозападно ориентирани повеќе од страв, отколку што е тоа од љубов кон западот. Случувањата во Србија, па и 2001 кај нас, но и светските воени интервенции ни даваат слика дека западот е силен и дека треба да му се придружиме, што всушност и правиме. Меѓутоа, на патот кон тој запад, ни се испречи најпрвин Грција, која е речиси невозможно да се мине. Сега се повеќе е извесно дека кон тој пат ќе ни се испречат и Бугарија, а возможно и Албанија.

Доаѓање на Русите на Балканот, може да ни донесе само надеж, економски просперитет и силен сојузник.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom