Евро 2012 - четврто четвртфинале (Италија - Англија), 24/06/2012

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Честитки....Заслужено Италија во полуфинале.Англија? Никогаш не знаеле нити се научиле да играат фудбал.Италија буквално им одржа фудбалска лекција.

Пирло:Ваков играч нема да се роди повеќе.Алал да му е.Еден тестис еден килограм му тежи.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
8.837
Честито за Италија, прикажаа одлична игра и заслужено одат понатаму.
Тоа што го направи Пирло со пеналот, чиста мајсторија. Само класа играчи го прават тоа.
Инаку најверојатно знаете, такво изведување на пенал се вика "Паненка", по името на фудбалерот кој прв пат го извел, финале на ЕУРО 1976 меѓу Западна Германија и Чехословачка, победиле чехословаците и тоа бил последниот пенал кој требало да се изведе.
сепак Пирло има од кој да земе инспирација :cool:

коментарот подолу од видеото пред неколку минути: "i came here cuz of pirlo penilty vs england" :cool:
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
сепак Пирло има од кој да земе инспирација :cool:

коментарот подолу од видеото пред неколку минути: "i came here cuz of pirlo penilty vs england" :cool:
Да,да....Али можеше да се заебе...Како на пр:


Али има муда царот.Алал да му е.Like a boss....
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
сепак Пирло има од кој да земе инспирација :cool:

коментарот подолу од видеото пред неколку минути: "i came here cuz of pirlo penilty vs england" :cool:
Не знам зошто, ама на Пирло пеналов ми е врв од сите овие, и јас помислив дека ќе шутира јака ниска на лева страна, ко и Монтоливо, барем според залетот, али он лагано, буквално кичма му искрши. Еден од најдобрите пенали сигурно кои што сум ги видел. (y)
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
8.837
Да,да....Али можеше да се заебе...Како на пр:


Али има муда царот.Алал да му е.Like a boss....
Вајда повеќето од форумџиите се помлади, па така да не паметат некои работи ... Тоти на пример го направи истото во полуфинале против Холандија(домаќин на првенството), на само 23 години ... алал му вера и на Пирло, мене искрено многу повеќе ме воодушеви неговата игра на теренот, игра се подобро и подобро, пеналот беше како шлаг на тортата :)
 

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Секоја чест за Италија.
Како одигра не типично за нив, секоја чест.
Англија......полоша тактика дури и од Македонија......доста им е до овде.... мада пенали се пенали рулет.
На Германија мислам дека им се погоди најнезгодниот противник што можеа да посакат.
И Дај тоа Дрос од Играч Балотели нека го пратат у Зимбабве...Единствена грешка на Прандели у ова утакмица.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
8.837
Не знам зошто, ама на Пирло пеналов ми е врв од сите овие, и јас помислив дека ќе шутира јака ниска на лева страна, ко и Монтоливо, барем според залетот, али он лагано, буквално кичма му искрши. Еден од најдобрите пенали сигурно кои што сум ги видел. (y)
па овој меч го пратиш во живо и ти е свеж, оној на Тоти против Холандија можеби си го гледал, ама си бил мал или воопште не си го гледал :) .. јас кога би ги споредил во стилот на изведба, не гледам некоја разлика, за тежината на пеналот дури овој на Тоти беше за во финале :)

немој некој да ме свати погрешно ;)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Секоја чест за Италија.
Како одигра не типично за нив, секоја чест.
Англија......полоша тактика дури и од Македонија......доста им е до овде.... мада пенали се пенали рулет.
На Германија мислам дека им се погоди најнезгодниот противник што можеа да посакат.
И Дај тоа Дрос од Играч Балотели нека го пратат у Зимбабве...Единствена грешка на Прандели у ова утакмица.
Зошто грешка? Баш добро изигра Балотели.
 

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Зошто грешка? Баш добро изигра Балотели.
Ако Балотели друже одигра Добро ја од утре не гледум Фудбал.....
Видех Србите почнале Амерички фудбал сеа тоа ќе пратум......молим те.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Да го пофалам само Тери само тој изигра како што треба а овие камењата од ЈУнајтед..тињи човече..ццц
 
М

Мартин`

Гостин
Зошто грешка? Баш добро изигра Балотели.
Леле жити се не ме нервирај со постот :mad:

Ќе се откажев за малце гледајки ја утакмицата заради црепот Балотели, изгледа слабо му работи мозокот додека размисли што да прави му ја одзимаат топката иако биле одалечени 2-3 метри.. имаше 2-3 100% шанси и да беше Ди Натале воопшто немаше продолженија да има. И не му е првпат да игра вака глупо, иако знае 1 на 10 утакмици да збесне .. и физички е доста спремен.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Леле жити се не ме нервирај со постот :mad:

Ќе се откажев за малце гледајки ја утакмицата заради црепот Балотели, изгледа слабо му работи мозокот додека размисли што да прави му ја одзимаат топката иако биле одалечени 2-3 метри.. имаше 2-3 100% шанси и да беше Ди Натале воопшто немаше продолженија да има. И не му е првпат да игра вака глупо, иако знае 1 на 10 утакмици да збесне .. и физички е доста спремен.
Имаше и не ги искористи ама мене ми се бендиса како се движеше и отвораше.
А и приемот со Тери на грбот, контролата на топката и ножичките не го можи секој.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.382
Поени од реакции
5.484
Италија ќе се бранела, Англија ќе "напаѓала" :rolleyes:

НАЈЗАСЛУЖЕНО ИТАЛИЈА Е ВО 1/2 ФИНАЛЕ !!!Ќе беше жалосно доколку Италија отпаднеше, ја надигра Англија !!!
Во првото полувреме далеку подобра игра на Италија исто и во второ полувреме и во продолженијата, фактот говори и тоа што статистички беа подобри Англија 1 удар на голот, Италија 11 !!!Многу интересен меч, уште на старот 2 шанси за гол...
Ова беше еден од најдобрите ако не и најдобриот меч во Европското првенство...
Стативата на Де Роси и одма по 1 минута имаја шанса Англија ама тука е ЏИЏИ !!! :cuc:
Замените на Прандели беа во вистински момент, иако мислев дека во игра ќе влези Ди Натале...
Со внесувањето во игра на Диаманти и Маџо играта доби побрзо темпо. Се скапаја промашвање Касано и Балотели, за Касано ај постар е имаше и тешка повреда, ама Балотели од кај шо фати топка од таму шутираше без врска од 30метри само тој можеше 2 гола да дај. Во продолженијата ептен ја претера...

За пеналите

Пирло :cuc::cuc::cuc: ИГРАЧИШТЕ !!! Ова да го напрајш за влез во 1/2 финале треба да имаш 3 кила мадиња !!!
Буфон - мајсторот останува мајстор :cuc:
MAN OF THE MATCH
Пирло, игра како да има 23/4 години :cuc:

НАПРЕД АЗУРИ !!!
 
М

Мартин`

Гостин
Имаше и не ги искористи ама мене ми се бендиса како се движеше и отвораше.
А и приемот со Тери на грбот, контролата на топката и ножичките не го можи секој.
За движење таман беше.. впрочем и срамота е да неможеш да добиеш добри топки кога во тимот имаш играчиште како Пирло, ама неможеш на утакмицата да очекуваш секогаш кога треба да даваат голови Пирло, Ночерино итн се знае кој треба највеќе а кој е напаѓач а реализацијата на Балотели на европсково е катастрофална.. ако не се поправи со Германија ќе биде заебано затоа мислам подобро е стартери да бидат Ди Натале и Касано а потоа свеж и “казнет“ Балотели да влезе нешто покасно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom