Преспа му ги краде домашните гости на Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Преспа му ги краде домашните гости на Охрид
77D872F7B46FC8409A67CB5BB4C86A6E.jpg

Адут се песочните плажи, ниските цени, убавата клима, а слабост - тоа што се служи струшка пастрмка од рибник и што концесиите за плажите се уште не се поделени
Песочни плажи слични на црногорските од Улцињ, карактеристични сламени чадори, бели балдахини како на популарните туристички дестинации во Грција, игралишта за одбојка, модерни ресторани, летни шанкови и барови на чекор до езерските води. Вака ова лето изгледа туристички препородената Преспа. По дваесет години пропаднати туристички сезони, плажите крај Преспанското Езеро дури ова лето почнаа да се полнат со туристи како во старите добри времиња - осумдесеттите години. Минатиот викенд над 5.000 туристи од Битола, Прилеп и од Ресен ги преплавија туристичките локации Преспа, Сливница, Долно Дупени.

- Со тоа што заживеаја дестинациите во Преспа се спасивме од скапите одмори во Охрид. Да летувате во Охрид е исто како да сте биле на море. Едно ноќевање за четиричлено семејство во приватно сместување таму чини дури 40 евра. Во Претор, пак, во приватните вили една вечер чини нешто повеќе од 5 евра, а во бунгалови до 15 евра. Ова се прифатливи цени за работниците, чии плати во просек достигнуваат од 10 до 12.000 денари месечно - велат битолчани што ги затекнавме на плажите.

Сопствениците на вили за издавање велат дека иако летната сезона почнува, веќе имаат направено резервации за следните два месеца. Тие очекуваат годинава Преспа да ја посетат за половина повеќе туристите од лани.

- Битолчани конечно се вратија на капење во Претор. Преспанскиот крај има голема предност со песочните плажи и убавата клима. Но, сепак, остануваат слабостите, пред с` оддалеченоста на сместувачките капацитети од плажите, како и храната. Kрај Преспанското Езеро туристите ретко можат да вкусат преспанска белвица или крап. Иако овие риби ги има во менито, ретко се служат во рестораните ако не ви се познат кафеџиите. Во спротивно, во Преспа ќе јадете пастрмка одгледувана во струшки рибник - вели Митко Николовски, сопственик на викендичка во Претор.

Туристите навалија, а концесиите за плажите с` уште не се решени. Ова предизвикува нервоза меѓу угостителите, кои треба да инвестираат за ова лето, а с` уште не се на чисто дека тие ќе ја стопанисуваат плажата.

- Се надеваме на повеќе туристи годинава зашто езерото се поврати, единствено сега ни недостига да ги договориме концесиите со Министерството за транспорт и врски, бевме два пати таму, преговаравме. Би требало концесиите да се подолгорочни за да можеме да вложиме повеќе пари. Новите концесионери само за струја ќе треба да дадат 15 илјади евра, а местото ќе го добијат на пет години и за тоа време не можат да ги повратат парите - вели Бошко Димовски, сопственик на плажата „Дупени бич“ во Преспа.

Димовски е првиот концесионер на плажите во Македонија. Уште пред 13 години ја зел под концесија плажата на Маркова Нога, на неколку метри до грчката граница. Од едната страна има бодлива жица и знак стоп, а од другата страна - рај од песочна плажа, чиста езерска вода, природни сенки од врби.

- Пред 13 години се зафатив со оваа работа и го одбрав ова место зашто потекнував од тука. Седум години по мене се јавија новите концесионери на Претор и Сливница. Во плажата вложив 200.000 евра. Ако границата со Грција се отвори, протокот на гости ќе се зголеми, ќе доаѓаат туристи и од другата страна на границата. Вака сме на чекор, а за да дојдат кај нас Преспанци од грчката страна, треба да вртат преку Меџитлија - додава Димовски.

Жанета Здравковска
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=595D9AF7A0ED4F4388D773FA4B68DF08
 
Подобри се луѓето во преспа за разлика од Охриѓаните. Цените се скоро многу подоле за разлика од Охрид (y) што е и предност за Преспа немам отидено одмна во Преспа на одмор но за разлика кога бев последниот пат мислам дека е подобро во Преспа за разлика во Охрид со 300 евра во Охрид за 10 дена во Преспа ќе поминеш 20 дена :)

А и Дојран е многу поефтин и од Преспа и од Охрид се надевам дека Дојран ќе биде некогаш подобро од овие а цените исти :D
 
Никогаш не сум бил на преспанско езеро од слики ептен пусто изгледа. Дорбо е да се има поевтина алтернатива за Охрид а богами и за Грција. Сепак сето ова ми личи на „маалски„ туризам луѓе од околните градови, слично како и во Дојран,
 
Преспа има далеку поубави и почисти плажи од Охрид. А помага и тоа што се попријатни од Охриѓани ( no offence ) а колку толку и поефтино е.
 
грешка - охриѓани сами ги бркаат туристите,ова е негативен наслов за СЕ она што може позитивно да ти се случи во подновената Преспа последниве 3-4 години

далеку од туристичка атракција,но место каде за мали пари можеш добро да се одмориш и рекреираш на прекрасниот воздух,да уживаш во песочни плажи(а не да кршиш нозе од камења).........водата не е баш нај,му треба уште доста да се крени нивото за да биди подобро,ама не е нешто што не е за непребол
 
Koлку е сместувањето во Преспа..има ли хотели и приватни смештаи..?
 
Според мене на Преспа и треба повеќе промоции, ОК плажи има , но Одмор не е само плажи , нели треба маку да се прошеташ да излезеш навечер, купиш сувенирче.
 
Koлку е сместувањето во Преспа..има ли хотели и приватни смештаи..?
Зависи на кое место, во Стење (близу Отешево) имам вила и ја издаваме соба за 500 денари од вечер, во Стење исто така има и еден хотел ама незнам како се движат цените.
 
Абе Гујо ве плаќат да отварате вакви фалш теми?
Која кобила е оваа Жанета Здравковска... :facepalm:

Полн е Охридов.. И од толку шо е полн.. претеквит по нешто накај преспа и дојран..
На мтв1 кажаа 80% исполнети хотелските капацитети. Ама Охриѓани не се тупет вгради за то!
Шо е ова овде, секој 2 наслов - некоја бледа критика за Охрид... извор: партиски потрчко

Спојте ги барем темите и таму лечете фрустрации.. напрајте и антиохридска собиранка..
Ко некој со сила Охрид да ве вика..
Ама ДА заборајв.. имате вие кеш у Грчка да мачкате ајвар од сабајле.
 
Убаво за Преспа, сепак морам да кажам Битолчани се чудни како туристи. На нив НИКОГАШ неможеш НИШТО да им погодиш. Се мислат дека платиле за на Дубаи и дека за помочани 400 денари треба газот да им го бацуваме.
 
Преспа како туристичко место беше пред 10 години кога пишуваа одмори вработените од државни институции или поголеми претпријатија на 10дневни кампови. Убави беа плажите, имаше и чиста вода, за разлика од лани, последна посета на преспанско езеро - катастрофална.
Освен што има тиња, над водата, има и некоја си гнасно-црна-масленеста материја низ вода, што се чини дека претекол танкерот со нафта во преспанско. Треба ептен внимателно да се бира место за капење, а последно вртеа и гласини дека во езерото се исфрлени доста големи количини отпад, што ја прави водата уште позагадена. Претор има предиспозиции да биди едно од најразвиените туристички места после охрид, само нашите слепци од цела македонија незнаат да си го изрекламираат туризмот и да се радуваат на колку-толку останатите национални богатства што сме ги задржале во македонија. Изгледа од цела македонија ни остана “Скопје, како главен град и Охрид со езерото“.
--- надополнето: 25 јуни 2012 во 02:23 ---
Убаво за Преспа, сепак морам да кажам Битолчани се чудни како туристи. На нив НИКОГАШ неможеш НИШТО да им погодиш. Се мислат дека платиле за на Дубаи и дека за помочани 400 денари треба газот да им го бацуваме.

Нормален е тој македонско-егоистички синдром. Македонец и со последен денар сака да биди послужен и над нивото. Не само за битолчани важи за скоро сите.
 
За тие помочани 400 денари сереш цел ден низ улици со табла во рацете "издавам соби"

Колку јас тешко ги заработувам толку и ТИ, ТОА НЕ МИ ДАВА НА ПРАВО ДА ТИ СЕ КАЧАМ НА ГЛАВА!!!!
 
Колку јас тешко ги заработувам толку и ТИ
Не знаеш како и колку заработувам ...
ТОА НЕ МИ ДАВА НА ПРАВО ДА ТИ СЕ КАЧАМ НА ГЛАВА!!!!
Без нервози.
Исто така не значи, јас да ти дадам пари а ти мене да ми се качуваш на глава.
 
Како одат моментално цениве во Преспа ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom