Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Не го почитувам воопшто !! Зато што според мене го лажел Ченто едно 5-6 пати дека прашањето за обединувањето на Македонија ќе биде поставено после војната кое НИКОГАШ не го исполнил а го ветил. За Илјадници Македонски патриоти кои биле затворани и психични и физички измачувани и следени само заради тоа што размислувале поинаку од него а воедно се бореле во Антифашистичката борба за народна власт, а не за полуписмени послушници од типот на Колишевски и други сподоби да прифаќаат се што ќе им се наложи од Белград.
Неговото дело ако може така да се нарече не го почитувам бидејќи мислам дека е еден вид на ''благ'' диктатор во 20 век кој се правел само за да се задржи на власт и да биде како он сака ...
Си ставал луѓе кои ќе го слушаат и ќе му веруваат слепо .
Дорби луѓе не прават Логори и не измачуваат народ како тој што правел.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

Зависи како ги гледаш работите, на пр. претпоставувам дека си по идеологија малку потврдокорен десничар(да неречам со одредени националистички побуди) ништо лошо не ти викам не се лути ;) и затоа сфаќам дека не го сакаш воопшто ликот и делото на Тито ......... ОК твое право на размислување си е тоа !
Јас на пр. не сум десничар, ниту пак левичар, претежно сум по политичките погледи либерал(значи центар) ......... јас лично ниту го обожувам многу Тито, ама не го ни мразам ............ претежно по вакви прашања имам неутрален одговор .................. Социјализмот/Комунизмот како систем и како политичка матрица не ги сакам т.е. не сум Социјалист/Комунист, ниту пак сум некој Конзервативец, а пак Националните работи скоро воопшто и не ме засегаат ............ ама сепак мислам дека Тито, без разлика дали бил или не бил диктатор .......... сепак бил светска фаца .............. замисли каде се не одел, го почитувале како татко каде и да стапнел: Африка, Азија, СССР, па дури и во западна Европа, а и во Америка, бил доста почитувана личност, иако бил нели комунист неговите западни капиталистички колеги го почитувале како да е еден од нив .......... сепак Тито не бил ниту многу врзан со истокот(СССР), ниту пак со западот .......... туку ти текнува за пактот на неврзаните ............. од друга страна ако направиме споредба помеѓу Тито и денешниве наши општо Балкански политичарчиња разликите се очигледни и огромни ............... денеска немаме ниту еден асален политичар(со му*а) на Балканскиве простори ......... само продадени ду*иња !
 
Во ред е :). Муабетот ми е дека луѓето и политичарите ги ценам по делата и постапките што ги направиле. Народот имал пари, идел по одмори се е тоа во ред ... ама гледај ја другата страна на приказнава. Типот си доаѓа на власт си праи како него што му одговара си ги мести фигуриве и се е тоа у ред... Ама со логориве ?! Со монтираниве судења, со УДБА, со илјадници неразјаснети убиства без ама буквално никаква причина ... Батали фаца ти ...Типот е контроверзен колку што бил тежок...
 
Јас моето го напишав погоре, донекаде(делумно)и ни се поклопуваат ставовите ............ таков бил системот тогаш едноставно(едноумие било) и да навистина се случувале такви работи(кои ти си ги опишал во твојот пост) и јас не го сакам Социјализмот/Комунизмот, поточно несакам нитуеден систем(било кој)кој се базира на празни утопии(за ’’еднаквост‘‘), колективизам, едноумие, тоталитаризам... накратко кажано не сакам нитуеден систем кој ги ограничува граѓанските индивидуални права и слободи .......... а такви системи се и Нацизмот/Фашизмот, како и Социјализмот/Комунизмот ...... само во свои различни правци и концепти ............. ама па од друга страна и денеска 21 век(2012 год.) сепак немаме некоја којзнае каква демократија .......... (сигурно и ти си свесен за тоа) .............. денес немаме едноумие, имаме двоумие(2 децении наназад), а инаку монтирани судења, намештајки, кодошења, неразјаснети убиства и (само)убиства и сл. работи има и денес, може не во толкава мера, ама сепак има ............ за жал ............. а и не само кај нас !
П.С. А за тоа што викаш народот тогаш имал ова, имал она, имал пари, одел на одмори... ај сега немој и ти да звучиш како пензионерине-југоносталгичари .............. знаеш која е единствената разлика(во економски поглед) помеѓу тој систем и сегашниов ......... тогаш сиромаштијата била распространета рамномерно во смисол тоа што го имам јас го имаш и ти, тоа што го немам јас, го немаш ни ти, а денеска е сосема поинаку ........... на пр. Трпе има фиќо ......... ама комшијата му Стојче има приватен авион ........... значи сиромаштијата денеска не е рамномерно распределена, туку само на еден дел од популацијата, а тогаш била рамномерно распред. и ти возиш фиќо, но и тој до тебе комшијата, пријателот, брат ти и.т.н. и тој вози исто, јаде, пие, шета, носи... исто ко тебе, тоа е тоа !
Мојот став за Тито е неутрален, а ти имај си каков сакаш сопствен став, твое право ! (y)
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
215
Не го почитувам воопшто !! Зато што според мене го лажел Ченто едно 5-6 пати дека прашањето за обединувањето на Македонија ќе биде поставено после војната кое НИКОГАШ не го исполнил а го ветил. За Илјадници Македонски патриоти кои биле затворани и психични и физички измачувани и следени само заради тоа што размислувале поинаку од него а воедно се бореле во Антифашистичката борба за народна власт, а не за полуписмени послушници од типот на Колишевски и други сподоби да прифаќаат се што ќе им се наложи од Белград.
Неговото дело ако може така да се нарече не го почитувам бидејќи мислам дека е еден вид на ''благ'' диктатор во 20 век кој се правел само за да се задржи на власт и да биде како он сака ...
Си ставал луѓе кои ќе го слушаат и ќе му веруваат слепо .
Дорби луѓе не прават Логори и не измачуваат народ како тој што правел.
Благ диктатор ????
Па процентуално колку шо има луѓе во Русија, каде што Сталин бил диктатор од прв ред, толку проценти од населението во Југославија погубил Тито !!!
Како благ жити госпо, него не треба воопшто да го спомнуваме,не треба за него ниту да си споменуваме, а камоли да го почитуваме ликот пак и делото
не смеј ......
А со другото се сложвам 100%, не се сложвам со ова дека е благ диктатр ....ДИКТАТОР БЕШЕ БРАТУ , КОЛЕШЕ И БЕСЕШЕ, за да остани на власт и да се плашат луѓето од него и од комунизмот шо не уназади добри 60сетина години !!!
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266

Добро, Битола фанатик, колку години имаш? Дали си живеел во тој систем, или само ти кажувале за него?
Колеше и бесеше?!? За да остани на власт?!? Да се плашат луѓето од него?!?
Тито не колеше и не бесеше. За најголемиот дел осудените си имаа правосилна пресуда од суд. Колку беа праведни тие е предмет на дискусија, ама ни сега не се многу праведни судовите, дури ни на “Запад“. И на крај, секоја власт го брани системот кој е воспоставен во државата. Предавници и соработници на непријателот се сите оние кои работат против тој систем. Зошто тоа не се применува во сегашнава држава не ми е јасно? Слободна Македонија ја продадовме, ја направивме двонационална држава, така-речи им ја дадовме на Албанците, без нивна желба не можеме ни улиците да ги преименуваме. И сега Тито не чинел оти им овозможил на Македонците да оформат своја држава (каква-таква и навистина само на еден дел од својата територија, но сепак своја), а чинат оние кои таа држава ја предадоа, кои им се помочаа на коските на сите оние кои се бореле за таа држава... Тие се демек големи патриоти, а Тито е крвник?
Колеше и бесеше за да остане на власт? Па народот бре го сакаше Тито. Подготвени беа да гинат за него. Колку од тоа беше реална и искрена љубов, а колку се должеше на пропагандата - тоа не знам, ама факт беше дека го сакаа. Можеби јас бев еден од оние (не многумина) што не беше подлегнат на еуфоријата на “Титоманијата“ што се должеше донекаде на домашното воспитување и реалната слика за најголемиот дел на Борците во 2 Св. Војна, која ми ја пренесуваше мојот дедо, кој лично ги знаеше сите нив (почнувајќи од Кузман Јосифоски, Ченто, Црвенкоски, Талески и т.н.). Мојата слика за нив не беше никогаш црно-бела и се трудам и за се да биде таква...
Наместо да се плашат, луѓето беа инструментализирани да го сакаат Тито. За таа “љубов“ допринесуваше и тоа што тие живееа релативно убаво во склад со своите желби, а и навистина се немаше аргументи да се противречи - мирно се живееше, стандардот беше релативно добар, обичниот свет не беше ограничуван скоро во ништо - е сега, требаше само кога викаа сите “да живее другарот Тито“ да викаш и ти :). А сега половината викаат “да живее Македонија“, а половината се плашат да не ни се налути некој ако викнат па си ќутат, или само “мрчат“ без врска...
И као тоа “не уназади 60 години“? Што имаше Македонија пред 60 години? Сакаш да кажеш дека Македонија пред 60 години имала повеќе од она што го имала во 1990-тата година, но го изгубила за време на тие 60 години? И тоа по вина на Тито? Трескаш зелени. Единствено нешто што имала Македонија пред 60 години била Бугарска или Српска окупација. Ако е тоа придобивка по која вреди да се жали, ќе престанам да мислам дека си наивен и слабо упатен, туку ќе почнам да мислам дека си злонамерен...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Б..............................ДИКТАТОР БЕШЕ БРАТУ , КОЛЕШЕ И БЕСЕШЕ, за да остани на власт и да се плашат луѓето од него и од комунизмот шо не уназади добри 60сетина години !!!
:pos::pos::pos: кога ќе прочитам вакви небулози и глупости ми преостанува само да се кинам од смеење...

... „комунизмот“ не уназадил... дечко, ти да не бладаш случајно...:pos:
.....викаш добри 60 години..... а бе иди упм :pos: ако знаеш што збориш... не уназадил... затоа бе 20 години по него се уште не можат да го докрадат тоа што им го остави во наследство....
... голема грешка си... овие последниве 20 години, овие новокомпонираните транзиционери и државници ни ебаа мамата... не вратија 200 години назад и се уште се враќаме... а до кај ќе стигнеме кој ќе преживее ќе раскажува.

.. а бе утнат... во 1990 година да стартуваш од позиција светлосни години понапред од цел источен блок и да стигнеш до ова дереџе стварно треба да си мајстор... секоја им чест на транзиционерите..:D
 
B

Black Guard

Гостин
Јас колку што знам За време на таа југославија сме Признати како Народ,а со тоа имаме право и на јазик,и држава за која се изборивме секако.

Се Основа,МАНУ(денес повеќе е како старечки дом ама ајде..),понатаму друштво на писатели,Првиот Македонски филм и секако Југославија како Коосновач на ООН не внесува и нас нкако Коосновачи заедно со другите сојузни републики.

Нема потреба да коментирам за индустријата Воне погоре објасни добро.

Потсетете се на Гигантите како Порцеланка,ОХИС,11 Октомври и Х други кои сега се уништени,ајде ќе развиваме мали и средни бизниси а уствари за да опстојат тие мали и средни бизниси им треба Локомотива а тоа се Економските гиганти кои веќе ги немаме за жал.

Се што се градеше половина век е уништено.

Секако дека го почитувам делото на Јосип Броз Тито посебно неговата заслуга за признавање на Македонскиот народ.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
215
Добро, Битола фанатик, колку години имаш? Дали си живеел во тој систем, или само ти кажувале за него?
Колеше и бесеше?!? За да остани на власт?!? Да се плашат луѓето од него?!?
Тито не колеше и не бесеше. За најголемиот дел осудените си имаа правосилна пресуда од суд. Колку беа праведни тие е предмет на дискусија, ама ни сега не се многу праведни судовите, дури ни на “Запад“. И на крај, секоја власт го брани системот кој е воспоставен во државата. Предавници и соработници на непријателот се сите оние кои работат против тој систем. Зошто тоа не се применува во сегашнава држава не ми е јасно? Слободна Македонија ја продадовме, ја направивме двонационална држава, така-речи им ја дадовме на Албанците, без нивна желба не можеме ни улиците да ги преименуваме. И сега Тито не чинел оти им овозможил на Македонците да оформат своја држава (каква-таква и навистина само на еден дел од својата територија, но сепак своја), а чинат оние кои таа држава ја предадоа, кои им се помочаа на коските на сите оние кои се бореле за таа држава... Тие се демек големи патриоти, а Тито е крвник?
Колеше и бесеше за да остане на власт? Па народот бре го сакаше Тито. Подготвени беа да гинат за него. Колку од тоа беше реална и искрена љубов, а колку се должеше на пропагандата - тоа не знам, ама факт беше дека го сакаа. Можеби јас бев еден од оние (не многумина) што не беше подлегнат на еуфоријата на “Титоманијата“ што се должеше донекаде на домашното воспитување и реалната слика за најголемиот дел на Борците во 2 Св. Војна, која ми ја пренесуваше мојот дедо, кој лично ги знаеше сите нив (почнувајќи од Кузман Јосифоски, Ченто, Црвенкоски, Талески и т.н.). Мојата слика за нив не беше никогаш црно-бела и се трудам и за се да биде таква...
Наместо да се плашат, луѓето беа инструментализирани да го сакаат Тито. За таа “љубов“ допринесуваше и тоа што тие живееа релативно убаво во склад со своите желби, а и навистина се немаше аргументи да се противречи - мирно се живееше, стандардот беше релативно добар, обичниот свет не беше ограничуван скоро во ништо - е сега, требаше само кога викаа сите “да живее другарот Тито“ да викаш и ти :). А сега половината викаат “да живее Македонија“, а половината се плашат да не ни се налути некој ако викнат па си ќутат, или само “мрчат“ без врска...
И као тоа “не уназади 60 години“? Што имаше Македонија пред 60 години? Сакаш да кажеш дека Македонија пред 60 години имала повеќе од она што го имала во 1990-тата година, но го изгубила за време на тие 60 години? И тоа по вина на Тито? Трескаш зелени. Единствено нешто што имала Македонија пред 60 години била Бугарска или Српска окупација. Ако е тоа придобивка по која вреди да се жали, ќе престанам да мислам дека си наивен и слабо упатен, туку ќе почнам да мислам дека си злонамерен...
Јас ништо нема да зборам, не се знајме па како и да е, мојата фамилија е жртва на режимот на Тито само заради шо беа од страната на делот кој сакаше независна Македонија, дел беа ликвидирани, дел беа на Голи Оток, дел мораа да ја напуштат државата. Потоа години години, фамилијата маркирана како предавници на Тито, не можеа да се школуваат, сите беа апсени три дена пред доаѓањето на Тито во Битола, а три дена од како ќе заминеше ги одлободуваа од притвор. Се работи за моите предци прадедовци, дедовци за кои книгата е спремна наскоро ќе оди и објавивање на истата, тие се едни од потесните основачи на ВМРО зборам за уште во 1893г. чинам.
Да појаснам, конфликтот е од личен аспект, тое си е моето мислење, а се разбира дека има луѓе кои го прифакат луѓе кои го негираат и т.н. сепак имам право како и ти да испраќам мислења. Само сакав да ти кажам ако можи во иднина да не се вреѓаме, со оглед на тоа што не се познаваме, па ако не се познаваме можиме да се силиме до колку ни душа сака, а не е реално !!! Поздрав
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Tipov e pokoen veke 32 i uste e predmet na interesiranje, predmet na raspravii, ustvari uste ili vi smeta ili vi fali...
Mislam stvarno e Faca...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Tipov e pokoen veke 32 i uste e predmet na interesiranje, predmet na raspravii, ustvari uste ili vi smeta ili vi fali...
Mislam stvarno e Faca...
Да тоа е факт, типот иако е под земја 32 год. сеуште е жив на некој начин ......... т.е. сеуште се прават расправии дали бил ваков или таков, за некои бил крвник и диктатор, за некои бил како татко ............. мојата фамилија(повозрасните членови) го почитуваат ликот и делото на Тито ........... јас на пр. како млад човек 26 год. не сум живеел во тој систем и во таа држава, така да имам неутрално мислење за оваа личност .... јас како млад човек со претежно либерални погледи и со претежно про-западна ориентација, искрено да кажам не го сакам Социјализмот/Комунизмот како систем, не сум левичар, ниту пак сум некој јак тврдокорен десничар, не сум воопшто националиста, ниту пак сум некој хард-кор конзервативец, претежно сум со политичките погледи либерален(значи центар) ......... инаку што се однесува за Тито ......... Тито првпат во Историјата ги признал Македонците како посебен народ, со посебен јазик, идентитет, Тито им дал на Албанците во Косово права и автономија, исто и на Унгарците во Војводина(права и автономија), ги признал Муслиманите(сега Бошњаци) во БиХ како посебен етнос, различен од Српскиот и од Хрватскиот, исто и Црногорците ги признал како посебен етнос, различен од Српскиот ............. но има една работа која Тито ја мразел, а тоа е национализмот .......... но всушност и тој национализам(пред се Српски и Хрватски) ја уништил СФРЈ, национализмот бил запретан пола век, ама сепак бил жив и излегол на површина во 90те години и поради тие стари национализми и поделбата на СФРЈ паднаа 250000+ жртви за неколку години !
 
kuti, ova go imam pocuvstvuvano na svoja koza, znam dobro sto znaci ova....
a inace, tatko mi ima obicaj da kaze koga zavrsila 2 sv. vojna deka ovie ne oslobodile posteno (se zafrkava misli na toa deka sve zivo sto sme imale vo familijata ni e odzemeno i ostaveno samo nekoja jada i bed kolku za zivotarenje), a od druga strana pak tatko mi samiot bese (sega e vo penzija) oficer na JNA i toa so pogolem cin i se kolnel vo Tito i JNA....
 
Парадокси невидени ............... ама види сега Социјализмот да бил лош после војната(со тие одземања на приватни имоти, ниви, стока, богатство...), но треба да се земе фактот и дека тоа биле повоени и кризни години т.е. години на целосна ревитализација, реставрација и репарација на државата, особено на економијата/стопанството/инфраструктурата, старите сум ги чул викаат дека до 1970 год. било тешко, но подоцна работите се промениле и тргнале на подобро ................ али сеедно ........ тоа е се минато/историја џабе се расправаме за поминати работи !
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Tipov e pokoen veke 32 i uste e predmet na interesiranje, predmet na raspravii, ustvari uste ili vi smeta ili vi fali...
Mislam stvarno e Faca...
Александар и Филип се мртви 2300 години и уште се предмет на интересирање, бољи се од Џизс Крајст, фаци се. :)
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Александар и Филип се мртви 2300 години и уште се предмет на интересирање, бољи се од Џизс Крајст, фаци се. :)
Abe zezni ti toa. Adam i Eva vodat...
--- надополнето: 23 јуни 2012 во 22:58 ---
Парадокси невидени ............... ама види сега Социјализмот да бил лош после војната(со тие одземања на приватни имоти, ниви, стока, богатство...), но треба да се земе фактот и дека тоа биле повоени и кризни години т.е. години на целосна ревитализација, реставрација и репарација на државата, особено на економијата/стопанството/инфраструктурата, старите сум ги чул викаат дека до 1970 год. било тешко, но подоцна работите се промениле и тргнале на подобро ................ али сеедно ........ тоа е се минато/историја џабе се расправаме за поминати работи !
Sto ima da se raspravame za nesto sto bilo i pominalo. Nema fajde.
Onaka opsto zboram, na onie sto im bilo odzemeno im bilo maka, onie sto nemale pa gledale kako na ovie im se odzema moze i se sitele, moze im bilo i drago zatoa sto lugeto se takvi, za zal..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom