Роналдо vs Меси

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар според вас?


  • Вкупно гласачи
    407
И двајцата имаат 0.37 гола по натпревар за репрезентација. Само со една разлика - Меси игра плејмејкер за репрезентација, Роналдо крило/напаѓач. Меси има какви такви титули со Аргентина и е 3 години помлад од Роналдо.
 
Меси има 26 на 70 му фалат уште 9 во 24 натпревари да го помине Роналдо, тоа ќе го направи подобар според тебе?

Пошто сите кењате дека Меси бил слаб за репрезентација а Роналдо не е.
Ако ја разлиста темава, ќе видиш дека првото мое мислење беше дека неможе да се споредуваат Роналдо и Меси, различен тип на играчи се. И до наредна година ако сакате оправајте се кој е подобар, пак нема да докажете.
Реков, за мене е Роналдо најдобар, за друг Меси и тоа е тоа. А вие ако немате друга работа, продужите :)
 
Настрана тоа што ме скрева што се понаша како манекенче, кај Роналдо ме иритира кога е 1 на 1 и наместо да проигра соиграч со што би имало брз влез, тој упорно прави некои "финти" а дефанзивецот само го гледа и го чува полето затворено. И на крај Роналдо ќе додаде :facepalm: Може да учи многу од Руни, Дрогба, Клосе и други гол играчи кога се користи дриблинг.

Сепак гласав за него и се согласувам со Ибрахимович дека Меси е талент додека Роналдо е продукт на напорни тренинзи. Гласот е заради тие тренинзи и често знае да упати проектил од далечина а има и добро чувство за прием на топка во секаква ситуација.
 
Меси е како оној Самсон како беше, во косата му е силата, нека се истрижи кратко ко CR7 (ко некоја кола ми е кратенкава, или марка на мобилен или нинтендо, или налепница на катил чоек по карактер :P) па да видиме после кој е појак, а така, дотогаш Меси е најјак.
 
Себично копиле е роналдо нема збор тука , а меси не е алчен такА?
Неможи да се разбериш со фан на барса , спремни се да ти докажат дури и дека го имаат најдобриот голман :tapp:

Не реков не е алчен,реков во споредба со Роналдо е Меси многу поголем тим играч(голема разика).Има моменти и кога Меси себичи никој не го оспорува тоа,но дефинитивно не себичи колку Роналдо.

Од друг аспект....не го избираат навивачите на Барса најдобриот фудбалер на светот 3 години со ред(а голема е можноста и за 4 со ред)....
 
Го јаде во голови, го јаде во асистенции, го јаде во титули, го јаде во меѓусебни натпреари плус е помлад 2 години.
Незнам зашто е потребна ваква тема.
Меси>Роналдо било кога.
 
Меси или Роналдо е дилемата која ја почна дебилната мадридска Марка од недостаток на креативност и немајќи со што да ги кити насловните страни. Одговорот е едноставен ако си фан на Барса и Р.Мадрид тогаш се знае кој е подобар, субјективното мислење ќе преовладува. Ако си уживател на фудбалот и објективен гледач, секогаш едниот ќе го демантира другиот.

Малечкото води во се тоа е факт кој не може да се оспори. Руши рекорди, поставува нови недостижни, секоја сезона е се подобар и подобар. Има стотици изјави на поранешни фудбалски легенди кои ја истакнуваат големината на Меси.

П.С Како фан на Барса во однос на мислењето погоре. Валдес е најдебилен голман кој постои. :)
 
Уживајте во мајсториите на најдобриот фудбалер на светот



И сите 73 голови и 28 асистенции од последната сезона

 
И двајцата имаат 0.37 гола по натпревар за репрезентација. Само со една разлика - Меси игра плејмејкер за репрезентација, Роналдо крило/напаѓач. Меси има какви такви титули со Аргентина и е 3 години помлад од Роналдо.

Edward-Norton-Closing-Laptop.gif
 
Како може некој да пише „Кај е Меси на ЕП“? До толку сте мрднати да не знаете дека Аргентина не се наоѓа во Европа? Инаку Меси е роботче во споредба со Роналдо. Мозокот му работи 300 на саат,додека на другиов дај му само топка и да шутне. енд оф стори.
 
Кој е подобар , кој е побрз , кој подобро дрибла , кој има поубава фризура , кој има појака женска и што е најважно од се кој е подобар фудбалер.

Споредбиве за Роналдо и Меси , ммм како да кажам :

sleep.gif
ИЛИ

205244_2206530298824_1924119412_n.jpg
 
Како може некој да пише „Кај е Меси на ЕП“? До толку сте мрднати да не знаете дека Аргентина не се наоѓа во Европа? Инаку Меси е роботче во споредба со Роналдо. Мозокот му работи 300 на саат,додека на другиов дај му само топка и да шутне. енд оф стори.
Лелееее како не ни текна бе :(( Океј се извинуем, стварно забраев дека Аргентина не е во Европа...А незнам зошто све мислев дека беа исфрлени од Ангола во квалификациите...Сум се побркал нешто изгледа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom