Играчи кои се докажаа на ова ЕП

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.591
Поени од реакции
14.398
Млади играчи кои импресионираа со своите игри, и кои се очекува да бидат мета на клубовите после ЕП.. Ве молам само без постови кои се состојат само од името и презимето на играчот, напишете и некој детал повеќе зошто мислете така.

Еве јас да почнам прв.

Киријакос Пападопулос - Грција


Толку млад а толку сигурен, моќен во скоковите и во дуелите. Воопшто не се сомневам во неговата иднина, од сите играчи највеќе ме импресионираше, како да го гледам Канаваро во најдобрите времиња, а момакот е роден 1992 година ! Нема да остане уште долго во Шалке, за брзо време типувам дека Баерн сериозно ќе се заангажира за него ако дотогаш не премине во некој друг клуб. За 4-5 години ќе биде еден од најдобрите стопери во светот.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Кој Пападопулос човече , се изгуби вчера у дуел со Клосе(34год) , башка и голот 3ти падна по негова вина , Според мене највеќе со своите игри се докажа Maнџукиќ :)
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.169
Хумелс - најдобар дефанзивец, одлични стартови со одличен тајминг (очекувам големите тимови како Барса, Реал, Јунајтед итн. да пробаат да го купат).

Манџукиќ - 3 гола во 3 натпревари на ЕП, доволно за да се загреат екипи поголеми од Волфсбург.

Пилар - 2 гола, исклучително брз, одлична техника.

Џагоев - од пред неколку години беше најавуван како најголемиот руски талент, сега почна да дава резултати. 3 гола во 3 натпревари, најдобар играч на Русија. Да ги имаше шансите на Кержаков кај ќе му беше крајот.

Секако има и други играчи кои се на ниво како Иниеста, Чави, Касиљас, Ноер, Гомез итн. но тие се веќе докажани играчи во големи клубови.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Кој Пападопулос човече , се изгуби вчера у дуел со Клосе(34год) , башка и голот 3ти падна по негова вина , Според мене највеќе со своите игри се докажа Maнџукиќ :)
Од еден натпревар не се носат заклучоци. Ќе го биде овој, првенствово добро игра. Chains од форумов пред да почне европсково ми викаше Фергусон ќе загризе за овој ќе видиш и еве вчера брат му на Фергусон најверојатно него го гледал. Има 19 години, има уште да учи, не можеш да очекуваш уште сега да го јаде Клосе.
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Hummels потпиша нов договор пред еден месец со BVB. Се чувстувал дека е дел од нешто посебно.Не оди никаде наредниве 3 години.За понатаму се е отворено.

Пападопулос е the real thing. Го следам последниве две години,како голем фан на Бундеслигата, дечкото многу добро се движи,има физички предиспозиции, добри силни стартови а само 20 години. Веќе и спомнав на Ilumious , дека треба Јунајтед да се спрема за првиот Грк во тимот:) Убеден сум дека ќе биде типичен Ферги трансфер, во зависност каде го гледа Џонс, Папа или ќе биде новиот Вида или пред одбраната.

Edit: You beat me to it :)
 

Alan Shearer

Newcastle
Член од
6 јули 2011
Мислења
388
Поени од реакции
136
Ronaldo без конкуренција дефинитивно, иако во првите два натпревари не беше на ниво сепак мислам дека е најдобар.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Yevhen Konoplyanka - 22 години

Одлична техника и брз играч. Осет за навремено и прецизно додавање.

Ivan Strinić - 24 години

Одличен и во дефанзива и во офанзива. Супер цетаршутеви кои добри играчи со глава лесно ги претвораат во голови.

Alan Dzagoev - 22 години


Robert Lewandowski - 23 години

Техника топ, удар топ, отворање и проигрување топ. За некоја година мислам дека ќе биди меѓу најдобрите напаѓачи во светот.

Исто ме бендиса играта на штоперот на Украјна, Ракитски ама со само еден одигран натпревар неможам да кажам дали е стварно добар или едноставно му беше денот.

Толку за сега, ако ми текни уште некој, ќе допишам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Е добро од младите никој не ме ипресионираше и мислам дека поголеми трансфери нема да има.
Значи ако најдеш тема на форумов за смоки, ќе пишуваш за пуканки само затоа што не јадеш смоки?

Ако не те импресионирал никој, не мораш да пишуваш. Пиши кога ќе те импресионира.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Yevhen Konoplyanka - 22 години

Одлична техника и брз играч. Осет за навремено и прецизно додавање.

Ivan Strinić - 24 години

Одличен и во дефанзива и во офанзива. Супер цетаршутеви кои добри играчи со глава лесно ги претвораат во голови.

Alan Dzagoev - 22 години


Robert Lewandowski - 23 години

Техника топ, удар топ, отворање и проигрување топ. За некоја година мислам дека ќе биди меѓу најдобрите напаѓачи во светот.

Исто ме бендиса играта на штоперот на Украјна, Ракитски ама со само еден одигран натпревар неможам да кажам дали е стварно добар или едноставно му беше денот.

Толку за сега, ако ми текни уште некој, ќе допишам.
+ 1
 
М

Мартин`

Гостин
Хумелс - дефинитивно на врвот од играчите кои изиграа добро на првенствово до сега, иако ете погоре пишаа дека потпишал нов договор со Дортмунд и ќе остане таму сепак за неколку години ќе биде во топ5 дефанзивци.. а и реално Дортмунд не е слаб тим и со малку плус пари можат и опасни конкуренти да бидат на останатите тимови во Европските купови.

Стринич и Марко Ројс - толкава енергија во играчи како нив немав видено до сега на првенството, верувам за брзо време ќе ги ангажираат во појаки тимови а не да игра Стринич во Дњепр во Украина и Ројс во Борусија Менхенгладбах.
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
700
Поени од реакции
157

Václav Pilař


Дефинитивно се покажа како итар,брз и многу агилен играч.Има 23 години,млад играч,игра крилна позиција, добар дриблер, само што му недостасува физична моќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom