Јас верувам дека постои живот надвор од нашава планета. Дали тој живот е интелигентен, дали присуствувал на земјата и на други слични прашања нејќам да дискутирам од прост факт што мислам дека тоа би биле само нагаѓања. Постојат милијарди ѕвезди околу нив кружат илјадници милијарди планети, за креацијата на живот е потребно само течна материја (не, не мора да биде вода). Проблемот е што ние со нашата перцепција неможеме да си замислиме битие кое живее на планета која нема вода, или кислород etc. Јас лично горе наведениве ги гледам само како хемиски елементи, кои немаат врска со креацијата на живот. Е сега гледајќи ја нашата еволуција, секој треба да признае дека се погодиле многу фактори за ние да излеземе такви какви што сме денес. Така да дури и да постои копија од нашава планета, но таму да било потопло за само 0.01 целзиусов степен - може да нема интелигентна раса. Јас лично верувам дека постојат илјадници типови на живот таму некаде, но повеќето се неинтелигентни форми на живот.