Успеав некако да се снајдам, сепак фала за помошта
Инаку, плочата е ASUS P5LD2-X, а целата процедура било да се копира .rom фајлот и afudos програмата (инжинерска верзија) на бутабилно усб/цд, истиот тој уред потоа да се сетира како first boot device и да се внесе една команда :
afudos/iname.rom каде name.rom = името на фајлот со кој сакате да го флешувате биосот (пример, ако фајлот е потпишан како
kajgana.rom тогаш командата би изгледала вака:
afudos/ikajgana.rom ). Се чека 2-3 минути и постапката е завршена, по наредното рестартирање веќе го имате инсталирано саканиот биос. Постапката работи и во ситуации (како мојата) кога имате инсталирано понова верзија на биосот, но од некои причини истата несака да работи, па морате да ја вратите претходната (или некоја друга постара верзија).