Казни и за работниците на црно

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Колку такви Митревци има во Македонијава .......... сега ми е јасно како може луѓе кои се цел живот невработени и социјални случаи да се курназат .......... познавам такви(Митревци) многумина !
тие Митревци е твое законско право да ги пријавиш - зошто тролате по форуми ами не си го заштитите вашето газдинско право да ви работат луѓето з 5000 денари со 2 дена слободни во месецот осигурани на половина работно време ??
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 14:39 ---
Те молам Службарски и Избраниот и сличните просветли ги................
истото и за тебе важи - Пречесен
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ги рачунате оние што работат на црно на сметка на својата пензија и здравствено осигурување дека всушност тие се главните печалбари во државава :facepalm:

никој не сака да не си дочека мирна пристојна пензиичка,да се разбериме дека работењето на црно значи крпен живот а не дека некој ужива благодети од тоа
Здравствено добиваш од државата. Пензиско не ти треба ако си вработен 40% од примањата ќе ти бидат давачки ако штедиш 40%-те што ги добиваш екстра од неплаќање давачки ќе имаш одлична пензија. Бонус плус може и социјално да земаш. Не ти се исплати да се пријавиш ако работиш на црно. Дури и овие 200 евра казна не се проблем да ги платиш. Повеќе ќе изгубиш ако се пријавиш.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
тие Митревци е твое законско право да ги пријавиш - зошто тролате по форуми ами не си го заштитите вашето газдинско право да ви работат луѓето з 5000 денари со 2 дена слободни во месецот осигурани на половина работно време ??
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 14:39 ---

истото и за тебе важи - Пречесен
Чиво газдинско право .......... јас газда :pos:
Само викам дека постојат многу такви Митревци во државава, дури и лично познавам многу такви, а сигурно и ти многу такви познаваш ......... но државата е таа која треба да ги открие .......... кој сум јас да кодошам други лица .......... не сум ниту инспектор, ниту полицаец .......... си постојат соодветни институции !
Инаку кога може многумина да работат за ситни пари и сепак да си се пријавени и да си плаќаат на државата, зашто тогаш сите да не го прават тоа, има луѓе кои работат на црно и земаат натпросечни приходи .......... а ни денар на државата не даваат !
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Здравствено добиваш од државата. Пензиско не ти треба ако си вработен 40% од примањата ќе ти бидат давачки ако штедиш 40%-те што ги добиваш екстра од неплаќање давачки ќе имаш одлична пензија. Бонус плус може и социјално да земаш. Не ти се исплати да се пријавиш ако работиш на црно. Дури и овие 200 евра казна не се проблем да ги платиш. Повеќе ќе изгубиш ако се пријавиш.
Фала Стефус Рефус што се приклучи во дискусијава , и што ги потврдуваш моите тврдење во однос на работа на црно и сива економија која очигледно има голема подршка на форумов.........................................
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Чиво газдинско право .......... јас газда :pos:
Само викам дека постојат многу такви Митревци во државава, дури и лично познавам многу такви, а сигурно и ти многу такви познаваш ......... но државата е таа која треба да ги открие .......... кој сум јас да кодошам други лица .......... не сум ниту инспектор, ниту полицаец .......... си постојат соодветни институции !
Инаку кога може многумина да работат за ситни пари и сепак да си се пријавени и да си плаќаат на државата, зашто тогаш сите да не го прават тоа, има луѓе кои работат на црно и земаат натпросечни приходи .......... а ни денар на државата не даваат !
ете имаш таков став дека не треба да има такви преваранти кои му штетат на општеството и приватниот сектор,значи според тие ставови е НОРМАЛНО да ги пријавиш

тоа не е кодошење,ами помагање во средување на државата и општеството - умри ги социјалците и стечајците за конечно да тргни работата напред
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Те молам Службарски и Избраниот и сличните просветли ги................
Ја си го кажувам само своето мислење ............ другите нека си мислат и нека си пишуваат што си сакаат !
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Фала Стефус Рефус што се приклучи во дискусијава , и што ги потврдуваш моите тврдење во однос на работа на црно и сива економија која очигледно има голема подршка на форумов.........................................
Жената што чисти кај мене зема 1000 од ден плус храна и пат. За 20 дена зема во месецот 20000 плус прима социјално од 3000 плус бесплатно здравствено осигурување. Да работи регуларно ќе зема само 12000. Вака зема окулу 25000 дупло плата имаш. Не ти се исплати само поради пензиско да имаш упола плата.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
ете имаш таков став дека не треба да има такви преваранти кои му штетат на општеството и приватниот сектор,значи според тие ставови е НОРМАЛНО да ги пријавиш

тоа не е кодошење,ами помагање во средување на државата и општеството - умри ги социјалците и стечајците за конечно да тргни работата напред
Си постојат државни институции, јас сум само обичен граѓанин, никого не сакам ниту да издадам ниту пак да ’’умрам’’ ........ само сакам да кажам дека има луѓе кои работат за 10 000 ама си се пријавени и си ги подмируваат сите давачки кон државата, од друга страна има луѓе кои работат на црно и фаќаат натпросечни приходи, не плаќаат ниту денар на државата, а плус се невработени и социјалци ............ значи овие што си работат поштено се будали со рогови на главите ............ тоа сакав да го кажам .......... инаку сивата економија во МКД ја има наназад 20 год. а и неверувам дека некогаш ќе се сузбие ......... во голема мера ја има !
Како прво тргни од пазарите(дивите пазарџии/трговци), потоа дивите автоперални, дивите авто-лакерски и авто-лимарски сервиси, многу жени работат како чистачки по приватни домови на црно(а земаат 15+ илјадарки на месец), диви превозници, електричари, водоводџии, тишлери, плочкари, општи работници, ѕидари, мајстори, авто-механичарски сервиси и.т.н. и.т.н. државава друже е затната и се гуши од сивата економија(~50%) и не ја има сивата економија само кај ’’браќава‘‘ туку секаде ширум државава кај сите етникуми !
 
Koга ќе се спомне работа на црно сите мислат дека се некој кутри работници кој некој злобен газда ги плаќа 8000 и ги тера да работат на црно за да зашпара некој денар. Најголем дел од работниците на црно се сами свои газди и намерно работат на црно бидејќи им се исплати.
 
ако работиш колку да ја прехраниш фамилијата,не заштедиш за пензија било под перница или во банка - како тоа ќе ти се исплати кога нема да добиеш пензија кога ќе подостариш и не можеш да работиш ?!

нема човек кој не сака да добие пензија
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 15:16 ---
Жената што чисти кај мене зема 1000 од ден плус храна и пат. За 20 дена зема во месецот 20000 плус прима социјално од 3000 плус бесплатно здравствено осигурување. Да работи регуларно ќе зема само 12000. Вака зема окулу 25000 дупло плата имаш. Не ти се исплати само поради пензиско да имаш упола плата.
чистачката сместа да ја пријавиш во трудова - која е таа да зема 25 + а сите останати да работат по конфекции или слично за 8-9000 ден

не можи тоа така
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.589
Поени од реакции
2.617
Па друже тука лежи и проблемот реалната стапкна на невработеност во Македонија е 22% по многу индинкатори , а статистичката е 31% а разликата ја прават токму оние што работат на црно и што преставуваат сива економија, мора државата да се справи со сивата економија не може јас пример да плакам сите можни даноци и давачки а Митре комшијата да не плака ништо и цел профит чист да му е и уште да зема социјална помош и плави картони на државна сметка , и да го гледам какос е курчи со кола од над 15 000 евра а на платил ни денар данок или давачки спрема државата, или да слушам луге гордо да улица да викаат абе каков данок какви давачки какво вработување топ ни е вака сите пари за нас остануваат а државата нема денар кар од нас. Зар ова треба да го подржиме?
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 23:29 ---

За сите треба да важи законот без разлика дали е приватен или државен сектор и сегде треба да се врши контрола без разлика дали е мала или голема компанија, државна или приватна компанија.
П.С
Државната администрација треба дасе скрати за 30-40% под државна капа има над 150 000 луге од кој добар дел клататр врата зимаат плата, и се товар на стопанството. и на централниот буџет
Ти брат изгледа бааѓи си заминал од ова рекламиве на Сител.
Ај вака. Прочитај го прво насловов на темава.
Еве ти пример. Јас имам жена, две деца, и никој не е вработен. Седам под кирија. Пари немам сметките да ги платам, а камо ли храна да купам.
Одам од фирма, на фирма, барам работа. Секаде ми викаат, братче нема работа. Се најдува еден, ми вика, имам слободно работно место, ама нема да те осигурам. Ако сакаш работи, ако нејчиш терај...
И по твое вака, Лавче, што треба да направам јас бе? Да го пријавам во трудова дека овај планира да вработи некој а да не го пријави, или да ја наведнам главата и да спечалам за јадење да му однесам на децата?
Имаш бе ти памет или немаш?
Па Митре, Јанко, Трајко, Петко шо се газди нека ги казнува бе, не мене, шо не можам први со први да сврзам.

Па уште кажува, немал видено наши да одат по контењери, сето тоа Роми биле(ко демек овие не се луѓе, али ај). Кај живејш ти бе, на Водно?

Ради вакви експерти ко тебе брат државава на ова дереџе ни дојде.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.589
Поени од реакции
2.617
Затоа вакви експерти како тебе ќе ја оправат.............................
Хахаха....
Ајдееее, се фати од цел пост за последната реченица.
Имаш нешто да искоментираш за примерот? Или не ти е дозволено за то да коментираш?
Жената што чисти кај мене зема 1000 од ден плус храна и пат. За 20 дена зема во месецот 20000 плус прима социјално од 3000 плус бесплатно здравствено осигурување. Да работи регуларно ќе зема само 12000. Вака зема окулу 25000 дупло плата имаш. Не ти се исплати само поради пензиско да имаш упола плата.
Комшивката моја, оди аргат, тутун сади и и се збира 6000 во месецот. Ако се осигура сама, че нема струјата да ја плати, а не пак за храна да купи. Ако го пријави работодавачот, ни тие 6000 нема да ги има...И сега? Ти што предлагаш. Јас викам да ја репниме 200 евра оти на црно работи.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ако работиш колку да ја прехраниш фамилијата,не заштедиш за пензија било под перница или во банка - како тоа ќе ти се исплати кога нема да добиеш пензија кога ќе подостариш и не можеш да работиш ?!

нема човек кој не сака да добие пензија
Чиста психологија е тоа. Ако некој зема 25000 плата а нема пензиско најверојатно нема да заштеди пари за пензија. А ако некој зема 12000 и му одбиваат насилно 3000 месечно ќе има пензија. Ретко кој штеди доброволно секој сака да троши. Луѓе дури и намерно купуваат станови што не им требаат само да бидат присилени да плаќаат кредит и така да имаат пари настрана за недај боже. 90% од средната класа незнае како да раководи со пари.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.889
Поени од реакции
12.423
Затоа вакви експерти како тебе ќе ја оправат.............................
Си помислил колку ќе го чини еден просечен граѓанин со просечна плата од помалку од 300 евра едно поправање водовод, електрика, еден час механичарски сервис? Не? И занаетчиските услуги најголем % се во сива економија. Најди сега нзс што е подобро и зашто нема казни за тој што треба туку за тој што не треба...како што беше за немањето фискална на 100 метри од продавница, уште една од мноштвото луди идеи на нашите влади. За среќа таа одредба ја укина Уставен со образложение дека граѓанинот не е должен да ја врши работата на државата. Нешто слично се случува и сега со оваа измена.

Еве ти што би одбрал ако си на местото на работникот? Да не го пријавиш и да живуркаш со некоја платичка или да го пријавиш газдата па да немаш за леб...а знаеме како е тешко да се најде работа посебно кај нормален газда. Размисли зошто лани на 40+ градежниците работеа на кровот на Собранието и на Триумфалната Порта, зошто работодавците не беа пријавени/казнети.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom