Оф бе, кога ќе земам да читам напатени души од такт се вадам... Па објаснуваат за тоа како лежеле на нога, облаци а-у, филинзи невидени...
Убаво кажа човекот за со Кина делот, за целиот транспорт и за можните заболувања, едино тоа ме подзамисли, иначе другото... све ниска вредност ми е.
Последна “јака“ патика што ја имав земено (=ми ги купија моите, ко на 90% од вас овде) беа едни плави, џиш патики, Џејсон Вилијамс ги носеше на времето. 2 пати ги облеков а беа платени 150тина евра, зборам за пред 12ина години.Му ги дадов на другар после некоја година.
Дете, ништо не сум разбирал тогаш... Ама лекција невидена.
Е сеа, патики имам преку 20ина пара, еспадрили, за фудбал, за секој ден, за искачање лето/зима, пониски, повисоки... вакви, такви... а најскапите од нив коштаат 1800 денари т.е. 30 евра.
У Pull&Bear имам начекано 5-6 пара, од 6 па до 15-20евра ги плаќам. Обавезно од таму зимам. У Бисер има една продавница горе на спрат, таму наоѓав по нешто порано, Бит Пазар не ми текнува да имам земено нешто...Ама могуче е, знам од чаршија имам пар-2.
Поентата што е, секој ден у исти (оригинал) или па секој ден различно облечени и скоцкани? Јас секогаш би ја одбрал вторава варијанта. Ко едни гаќи да ги носиш 5 дена, ама битно оригинал се, Calvin Klein. Не се умирисуваат бе, а и поголем ми е 2.5цм коа ги носам нив
Муабетите со најкови, адидаси, рибоци ми се превише од “високото добро утро“.
Со оглед што поголем дел од посетителиве на форумот не се целосно оформени ко личности, се прашувам дали се свесни родителите каква негативна услуга им прават на своите деца?!
Па денес ако се научат што е “оригинал“ а што не е т.е. да размислуваат на тој начин, не треба уопште да се чудите за паркираните џипови на Ленинова, флашите и сепарињата по дискотеките, ако се помали од 18 и сл.
Денес оригинал патики, утре што? Да не очекуваш да ти стапне тој у кола купена на старо? Не бе брате, канцерогена е! Мора ново, и тоа џип, пошо нели, побезбедно е... А и на Лука татко му му ветил дека за 18ти роденден ќе му земе џип, Х5ка, а Лука уствари имал 7 кеца, а “јас“ само 4.
Психата е заебана работа, 100еу+ чуда прават, си праиш филм у глава дека патиките сами одат, а уствари носиш нешто фуш, пошо кај нас ретко квалитет да најдеш.
Ајт...