Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Нани заслужува 130 000 неделно ,во последните 2 сезони е еден од нашите најдобри играчи. :) A за овој Вилијамс се надевам дека не се точни шпекулациите подобро Евра да игра оваа сезона додека Фабио собере искуство (ако оди на позајмица) и до следата сезона да биде прв избор за лев бек, а тука е и Еванс кој може да покрие на левата бековска позиција ако веќе се зема лев бек би сакал тоа да е Бејнс.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.016
Поени од реакции
5.340
Објасни ми зашто не?
Според многу причини.. Од никој и ништо овој фати место во холандија пошто немаа друга опција да земат за да игра лев бек и плус игра у холандско првенство каде неама којзнае колку јаки играчи. Друго на европсково со него си играа курташак го претрчуваа кој сакаа го поминуваа дали доби 20 посто од дуеливе. Фабио е класа над него, дури Евра очаен е боље од него а очекувам евра да одигра барем уште 1 сезона на ниво а од другата полека полека да му препушта место на Фабио.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Не знам до кога ќе го тупите дека Нани е ваков и таков дека има подобри од него и слично, преку глава ми е више да го пишувам истото мислење за Нани, не знам како не согледувате што стана Нани во нашиот тим. Еве и на европсково игра повеќе од солидно движечка сила е на Португалија заедно со Роналдо а има и 2 асистенции досега.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Според многу причини.. 1. Од никој и ништо овој фати место во холандија пошто немаа друга опција да земат за да игра лев бек и плус игра 2. у холандско првенство каде неама којзнае колку јаки играчи. 3. Друго на европсково со него си играа курташак го претрчуваа кој сакаа го поминуваа дали доби 20 посто од дуеливе. Фабио е класа над него, дури Евра очаен е боље од него а очекувам евра да одигра барем уште 1 сезона на ниво а од другата полека полека да му препушта место на Фабио.
1. Се сложувам
2. Во холандско има јаки играчи. Ван Нистелрој, Робен, Ван дер Варт, Снајдер, ВДС, Стам и други се само мал пример кој покажува дека можат еднакво добро да играат и во Холандија и во најсилните европски лиги.
3. Тоа е како да кажеш дека Пауел одиграл слабо (кога би бил повикан за Англија) против средниот ред на Шпанија на свои 18 години без речиси никакво интернационално искуство посебно на важни натпревари како овие на Европсково.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.016
Поени од реакции
5.340
1. Се сложувам
2. Во холандско има јаки играчи. Ван Нистелрој, Робен, Ван дер Варт, Снајдер, ВДС, Стам и други се само мал пример кој покажува дека можат еднакво добро да играат и во Холандија и во најсилните европски лиги.
3. Тоа е како да кажеш дека Пауел одиграл слабо (кога би бил повикан за Англија) против средниот ред на Шпанија на свои 18 години без речиси никакво интернационално искуство посебно на важни натпревари како овие на Европсково.
Порано имало не викам не.. Ама сега во последниве сезони многу е послабо холандското првенство, некој се враќаат таму да завршат кариера итн.. Не е тоа што беше.
И за последното. Он самиот ќе бил свесен дека баш тогаш ќе треба да с епокаже дека го бива и дека може да се носи сеа за сеа колку толку со дурги противници од појак ранг. Сите увидоа дека емногу слаб и скоро сите напади идеа по таа лева страна.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Што треба Нани за да го добие "поштовањето" за фановите на кајгана? :cautious:
-Изгледа треба да се изнадава 983129838912 голови мал милион асистенции и да си крвјоса колениците...
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Ее не бил овој во Бриџвотер бе..
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.631
Поени од реакции
6.438
Нани за Родригез е Меси. Со добар лев бек Нани е тој што треба да игра лево ЛАВ десно. Јанг единствено е подобар од Нани во дефанзива па затоа мислам дека добиваше шанса пред него во последниот дел од сезоната а секако и поради слабата форма што го зафати Нани поради повредата.

Инаку дискутиравте за Пауел дека можеби е потребниот играч кој ни фали во средниот ред. Зар Пауел не е напаѓач/полушпиц?
За ангажирање за Модриќ давам зелено светло, уште пред 2 сезони сакав да го донесеме, ќе си решеме проблемите во средниот ред но незнам дали целосно. Со играчите со кои располагаме во моментов од средината (плус ако се земе Модриќ) ќе ги решиме офанзивните обврски во средината но што е со дефанзивните ? Освен Флечер кој не сум сигурен дека ќе се врати а и да се врати дека ќе ја врати формата и Андерсон кој е често повреден и не се знае дали ќе остане и следната сезона немаме друг играч кој може да ја разбива играта на противничките екипи. Со послаби тимови нема да има проблем но со посилни екипи со агресивен среден ред фали играч кој ќе флева во дуели. Дури и мислам дека ваков играч ни фали повеќе од Модриќ, со еден од Сколс и Клеверли и Кагава мислам дека офанзивните задачи ќе бидат решени.

За лев бек желби ми се Алаба, Алба и Бејнс. Но мислам дека реални шанси имаме само за ангажман на Бејнс.

Напаѓач мислам дека не треба од причина што имаме 3 сигурни а очекувам да играме со Руни најистурен а Кагава нешто поповлечен, и еден од Чича и Велбек најистурен, Руни поповлечен кога нема да игра Кагава.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ако го гледавте мечот помегу Шпанија и Хрватска имавте прилика да видите колку квалитет има во Модрич.
На моменти забележував кога топката е кај него дури и по 3-4противнички фудбалери му поагаа да му ја земат.Најмногу ми остана неговиот потег кога 3шпанци измота околу него мислам Фабрегас,Навас и Иниеста беа.Тоа е што ни фали во средината,само до него мора да има некој физички посилен играч,кој ќе ги работи валканите работи во средина.Витсел од Бенфика може да го игра тоа.Може и Керик да му биде партнер но сепак Керик не е кој знае колку груб играч.Ама Ферги ке состави дрим тим за 2-3 години.Потенцијално овој Јунајтед е страшно квалитетен.
-----------------Де Геа--------------
-Рафа-Смолинг-Видич-Евра-
------Џонс----------Модрич------
-Тони-----Кагава----------Нани-
------------Руни---------------------
Тоа за Модрич се согласувам дека фали во Манчестер а и го памтам дриблингот коа на тројца ги напрај мајмуни. Делот со кој не се согласувам е формацијата. Цела година Фергусон пробува 4-5-1 ама никако не му успева, или ги искиксира или едвај победи (ако добро се сеќавам со 4-5-1 победи само една утакмица и тоа против Норвич со 1-0).

4-5-1 за Јунајтед не е! :)
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.543
Поени од реакции
3.588
Се согласувам со Ред дека е 4-5-1 за Јунајтед не е ! Треба си двајца напаѓачи.
 
A

apidrone

Гостин
А Фил Џонс што играше у Блекбурн? Коа веќе им давате шанса на сите, дајте му и на него.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Со играчите со кои располагаме во моментов од средината (плус ако се земе Модриќ) ќе ги решиме офанзивните обврски во средината но што е со дефанзивните ? Освен Флечер кој не сум сигурен дека ќе се врати а и да се врати дека ќе ја врати формата и Андерсон кој е често повреден и не се знае дали ќе остане и следната сезона немаме друг играч кој може да ја разбива играта на противничките екипи. Со послаби тимови нема да има проблем но со посилни екипи со агресивен среден ред фали играч кој ќе флева во дуели. Дури и мислам дека ваков играч ни фали повеќе од Модриќ, со еден од Сколс и Клеверли и Кагава мислам дека офанзивните задачи ќе бидат решени.
Добро бе, дали некој го смета Керик за играч на Манчестер Јунајтед или играч воопшто?Дали некој ја гледа неговата игра и неговото значење во овој тим?Цела сезона на грб не носеше заедно со уше некои играчи и пак никој да рече убав збор за него.Јес да играта и не му е толку впечатлива како што сакате вие но и те како е битен и Фергусон го знае тоа.Неговата задача е јасна, да седи пред дефанзивците и да им помага, да пресече напад на противникот и да подаде напред.

Можеби сите сакате да биде како Рој Кин, ама тоа се два сосема различни типови на играчи.Цела сезона ја изигра на ниво и дали една утакмица ја изигра лоши.Смачено ми е да се објаснувам за значењето на овој играч време е да сватите кој е и што е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom