Прашање за процесор

  • Креатор на темата Креатор на темата MarshallmkD
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јуни 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
Возраст
32
Е вака. Доколку работната фрекфенција на процесорот изнесува 3.66 GHz, тоа значи дека тој генерира:
a) 3.66 x 10 000000 (10 на шеста) временски импулси во една секунда
б) 3.66 x 10 000000000 (10 на девета) временски импулси во една секунда
ц) 3.66 x 10 000000000 (10 на девета) временски импулси во една минута

Успат:
Секој компјуитер во една компјутерска мрежа за да може да комуницира со останатите компјутери треба да има своја единствена ознака која се вика:
IP или пак TCP/IP адреса.
Изгледа е IP али ајде да прашам :D ... Што мислете?
и
Која мрежа се користи ако растојанието меѓу компјутерите не е поголемо од 200 метри?
WLAN, WAN или LAN
- Благодарам Однапред... :D
 
Е вака. Доколку работната фрекфенција на процесорот изнесува 3.66 GHz, тоа значи дека тој генерира:
a) 3.66 x 10 000000 (10 на шеста) временски импулси во една секунда
б) 3.66 x 10 000000000 (10 на девета) временски импулси во една секунда
ц) 3.66 x 10 000000000 (10 на девета) временски импулси во една минута

Успат:
Секој компјуитер во една компјутерска мрежа за да може да комуницира со останатите компјутери треба да има своја единствена ознака која се вика:
IP или пак TCP/IP адреса.
Изгледа е IP али ајде да прашам :D ... Што мислете?
и
Која мрежа се користи ако растојанието меѓу компјутерите не е поголемо од 200 метри?
WLAN, WAN или LAN
- Благодарам Однапред... :D
1. Херц е oперација по секунда. Гига е 10 на девета, така да одговорот би бил б)
2. IP адреса, TCP е протоколот
3. Во принцип може со сите, претпоставувам ова ти е за некој тест/испит или што ти ја знам така да прочепкај литература/скрипта да видиш што сака професорот да одговориш. Јас би рекол 200 метри во затворен простор за WLAN е многу ама исто и со кабел за ad-hoc конекција, ама со рутер/accesspoint може. Со WAN може цели кампуси, деловни згради итн да се поврзат.

И на крај мање више се ова ако го пишеш на Google не верувам дека ќе ти требаат повеќе од два-три клика да го најдеш одговорот ;)
 
Најчесто за поголеми далечини поголеми од 150 метри се користи WAN - Wide area network која може да покрие поголем дел на корисници на поголеми растојанија.
 
1. Би требало да е под б И ц ( на двете ти пишува 10 на деветта ), мада малце си ја утнал математиката - 10^9 = 1 000 000 000 ( со 9 нули ), во твојата пресметка има 10 нули.

И не би го искористил терминот " генерира временски импулси во секунда ", накратко clock-от / clock rate-от е електрична волтажа која се мења од low у high и обратно у одреден временски интервал. Значи не би рекол дека генерира " временски импулси " туку дека мења состојба ( state ).

2. Ако се користи TCP/IP протокол ( значи било која модерна машина со која се "сурфа" на интернет ) - да, мора да има IP адреса.
И IP и TCP се протоколи, само што TCP протоколот работи на повисоко ниво од IP протоколот ( накратко TCP брка работа со делењето на податоците на помали пакети ( ако се преголеми ) и се грижи да стигнат сигурно до дестинацијата, а IP ( internet protocol ) е протоколот кој уствари ги праќа податоците понатаму ( накратко - работа му е да ги адресира сите хостови и да ги рутира податоците од изворот до дестинацијата помеѓу една и/или повеќе мрежи ). Значи TCP е како меѓуслој помеѓу апликацијата и IP протоколот.
- TCP се користи најчесто при праќање на податоци кај кои е битно да стигнат сигурно до дестинацијата и каде што брзината има второстепено значење. Ако брзината е побитна од сигурноста се користат други протоколи ( UDP на пример ).
Ова ти е упростено "до даска" - имаш мнооооогу за читање ако те интересита подетално/поточно.

3. Тоа е глупа класификација ( баш до 150 метра вака се викало, од 200 се викало поинаку пффффф ) и зависи од која книга читаш/кој ти предава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom